1Сиљановска-Давкова оствари телефонски разговор со претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев
ЗдравјеЗдравата исхрана е делотворен начин за одржување здраво срцеПостојат повеќе начини за одржување на здравјето на срцето, како што се физичката активност и управувањето со стресот. Според кардиологот Елизабет Клодас од Американскиот колеџ за кардиологија во Вашингтон, храната игра интегрална улога во многу фактори на опасност од срцеви заболувања, така што здравата исхрана е делотворен начин за одржување здраво срце и спречување на срцеви заболувања. Во таа смисла, први на оваа листа се омега-3 масните киселини. Некои од најдобрите примери на храна со оваа состојка се ориз, црвена леќа, спанаќ, темносин грав, тиква, семе од чија, ореви, див лосос, сардина, риба харинга итн. - Омега-3 масните киселини се антиинфламаторни, помагаат малку да се разреди крвта, со што се спречува згрутчување, во намалување на крвниот притисок и зголемување на добриот холестерол додека се намалуваат триглицеридите, објаснува д-р Клодас. Натаму, важно е и справувањето со хроничното воспаление. Оваа појава е поврзана со бројни здравствени проблеми, а истражувањата покажуваат дека неговото намалување може да помогне во спречување срцеви заболувања и мозочен удар. Додавањето храна полна со антиоксиданси во исхраната е полезно оружје против хроничните воспаленија. - Антиоксидансите се корисни против слободните радикали во нашето тело, помагаат во забавување на стареењето, го намалуваат воспалението и придонесуваат да се неутрализираат сите циркулирачки штетни материи. Некои примери на најдобрата храна богата со антиоксиданси се доматите, портокалите, дивите боровинки, темното чоколадо и зелениот чај, вели докторката. Влакната во зрнестите намирници се клучен аспект на здравата, добро обмислена исхрана, но многумина не добиваат доволно од нив. Влакната помагаат за подолга ситост по оброкот и помагаат во одржувањето здрава тежина. - Влакната го поддржуваат здравиот цревен микробиом и го одржуваат нивото на холестерол ниско со тоа што спречуваат тој да се апсорбира во дигестивниот тракт, додава Клодас. Жените треба да се стремат кон 25 грама влакна дневно, а мажите - околу 38 грама, според Академијата за исхрана и диететика во САД. Во таа смисла се препорачуваат цели овошја и зеленчук, пред сѐ. Но, некои од најпрепорачливите намирници богати со растителни влакна, се и грашок, зеље, семки од калинка, ленено семе, суви смокви, конзервирана тиква, банани, артичока, овес, булгур и јачмен. Натаму, растителните стероли како лиснатото зеленило се природни растителни компоненти коишто го спречуваат холестеролот да се впие во дигестивен систем, објаснува д-р Клодас. Според Клиниката на Кливленд, јадењето растителна храна со фитостероли е безбеден, полезен и делотворен начин на намалување на холестеролот и спречување здравствени проблеми како што се мозочен и срцев удар. Покрај тоа, тие може да помогнат во намалување на оопасноста од дијабетес, рак и дебелина. Целите житарки, јаткастите плодови, зеленчукот, овошјето, млекото и сирењето збогатени со фитостероли се одлични извори на оваа благотворна состојка. Фитостероли може да се внесат и во облик на додатоци во исхраната. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСиљановска-Давкова оствари телефонски разговор со претседателот на Република Азербејџан, Илхам АлиевПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на нејзино барање, утрово оствари телефонски разговор со претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев.Соговорниците ги потврдија македонско-азербејџанските пријателски односи и подготвеноста за нивно натамошно унапредување преку продлабочување на политичкиот дијалог и развивање на соработката во областите од заемен интерес. Во амбиент на глобална енергетска криза, двајцата претседатели разменија мислења за растечките проблеми и можностите за нивно решавање. Во духот на пријателството и меѓусебното разбирање, потврдено и зацврстено со официјалната посета на претседателката на Баку, Сиљановска-Давкова и Алиев се согласија за продолжување и проширување на соработката во областа на енергетиката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
ЖивотРусија претстави играчки чија цел е всадување патриотизам кај децата (ВИДЕО)Децата во Русија ќе си играат со плишана мачка облечена како член на тенковска екипаж, ликови од словенски бајки, модел на нуклеарен кршач на мраз, синооки кукли облечени во униформи на Црвената армија.На натпревар за играчки, поддржан од руската држава, меѓу другото, беа претставени: плишана мачка облечена како член на тенковска екипаж, ликови од словенски бајки, модел на нуклеарен кршач на мраз, како и синооки кукли облечени во униформи на Црвената армија од Втората светска војна, пренесува Ројтерс. Според организаторите, целта на годишниот натпревар „Домашна играчка“, започнат во 2024 година, е да се промовираат играчки од домашно производство кои ја одразуваат руската култура, историја, како и духовните и моралните вредности. Во понеделникот, осумдесет финалисти ги изложија своите дела во голем изложбен центар во Москва. На настанот, децата сликаа народни мотиви на дрвени играчки, си играа со реплика на советска вселенска ракета – која наликуваше на комплет од „Лего“ – и градеа куќи во традиционален стил користејќи шарени коцки. „Во моментов, особено во образованието, постои силен акцент на тоа децата преку игра да научат да ја сакаат својата татковина. Ова е клучно – не преку принуда, туку преку игра“, изјави Валерија Михалева-Устинскаја, претседателка на Националната асоцијација на предучилишни педагози. Таа беше облечена во традиционална народна носија, со украс за глава на кој беше испишан зборот „РУСИЈА“ со фонт во архаичен стил. Таа позираше за фотографија со кукла обоена во боите на руското знаме, на која стоеше натписот: „Не можете да нè соборите!“ 👹 Keep the kids away from the screens!!! Russia holds its "Native Toy" competition A woman in a traditional Russian kokoshnik headdress (at the end of the video) explained that these are exactly the kinds of activities Russian kindergartens are desperately lacking right now. Among the exhibits were dolls in military uniforms, a board game called "Path to Victory," a combat vehicle named "Sunset," and a roly-poly doll bearing the slogan "You Can't Knock Us Down." Now there's just one small step left: scrap every school subject and keep only Orthodox Christianity lessons and "Conversations About Important Things." — NEXTA (@nexta_tv) October 21, 2026 Патриотизмот како дел од образовната политика Натпреварот е дел од поширока кампања што властите ја спроведуваат од почетокот на отворениот конфликт во Украина во 2022 година. Целта на кампањата е кај децата да се всади патриотизам, заедно со верзии на историјата одобрени од Кремљ и вредности што државата ги нарекува „традиционални“. Организацијата за човекови права „Амнести интернешенел“ ги осуди одредени аспекти од руската образовна политика, опишувајќи ги како индоктринација поддржана од државата. Победниците на натпреварот ќе добијат помош во производството и маркетингот, а нивните производи би можеле да бидат вклучени во списокот на Министерството за образование со препорачана опрема за градинките и училиштата. Воени мотиви и историски теми „Сакаме да им раскажеме на децата за важни настани од историјата на нашата земја на јазик што тие можат да го разберат“, изјави Татјана Кашина, специјалист за односи со јавноста во компанијата за производство на играчки „Весна“. Нивната колекција кукли „Мои херои“, облечени во униформи од времето на Втората светска војна, беше меѓу 30-те победнички дела. Нагласувањето на воените мотиви е во согласност со засилениот фокус на „воено-патриотско“ образование во руските училишта. Во образовниот систем е повторно воведена основна воена обука, а учебниците по историја сега ја одразуваат перспективата на Кремљ за војната во Украина. Сепак, играчката што доби најголеми симпатии од јавноста не содржеше никакви воени елементи. Во онлајн гласањето, наградата на публиката ја освои комплетот „Лабораторија на дабарите“ – кој вклучува микроскоп дизајниран во стилот на ова животно. Извор: Индекс.хрТагови: играчки русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаВоен авион се урна во Франција, пријавени се жртвиВоен авион се урна доцна во вторникот вечерта во департманот Мерт-е-Мозел, во североисточна Франција. Според Анри Лемоан, градоначалникот на Понт-а-Мусон, остатоците од леталото биле лоцирани со помош на дрон.Француското Министерство за одбрана соопшти дека најмалку еден член на екипажот загинал. Борбен авион „Мираж-2000Д“ се урнал синоќа во близина на Нанси за време на тренажен лет, при што загинал најмалку еден член на екипажот (екипажот се состоел од пилот и копилот), пренесува БФМ, повикувајќи се на информации од Министерството за одбрана. Потрагата по вториот член на екипажот е во тек, а започната е и судска истрага за да се утврди причината за несреќата. Претходно утрово, градоначалникот Лемоан изјави дека несреќата се случила синоќа околу 23:35 часот, во областа помеѓу местата Рожевил, Домевр-ан-Е и Трамблекур, кои се наоѓаат меѓу Нанси и Мец. Лемоан на Фејсбук наведе дека на лице место се испратени голем број жандарми и пожарникари за прецизно да ја утврдат локацијата на падот. Во Рожевил е формиран кризен штаб, а граѓаните се предупредени дека движењето во таа област може да биде отежнато. Извор: Б92Тагови: авион Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter