ЗдравјеЗборувате во сон? Еве што всушност покажува тоа Адам Розенберг, видеоуредник од САД, решил да ги снима своите најдобри „случки“ додека зборувал во сон и ги објавил на Јутуб.Зборувањето во сон е феномен што фасцинира многумина, но истовремено може да биде и загрижувачко. Оваа форма на парасомнија, т.е. нарушувања во однесувањето за време на спиењето, се нарекува сомнилоквија. Се карактеризира со тоа што човек во длабок сон почнува да зборува, а понекогаш дури и вреска или вика. Додека некои од нас не ни забележуваат дека зборуваат во сон, за други тоа може да биде многу смешно, па дури и непријатно искуство. Според истражувањата, околу 50 отсто од децата на возраст од три до десет години зборуваат во сон и околу 5 отсто од возрасните го имаат овој феномен. Некои може да зборуваат секоја вечер, додека други го прават тоа повремено. Експертите веруваат дека зборувањето во сон е наследно, но сè уште не е целосно јасно зошто се јавува. Адам Розенберг, видеоуредник од САД, решил да сними што се случува додека зборува во сон и тоа го објавил на Јутуб. Неговите видеа покажуваат дека луѓето во сонот честопати зборуваат за она што го доживеале дента или за нешто што го сонувале. Некогаш тоа се јасни изрази што можеме да ги разбереме, а понекогаш е мрморење кое тешко се дешифрира. Иако зборувањето во сон најчесто се случува за време на длабок сон, тоа може да се случи во која било фаза од сонот. Во повеќето случаи тоа е сосема безопасно, но во ретки ситуации може да биде знак за нарушување на спиењето или одредена здравствена состојба. Децата што имаат кошмари или стравови честопати врескаат, викаат и се удираат во сон, и тешко се будат од оваа состојба. Исто така, постои нарушување во однесувањето за време на РЕМ фазата од сонот кое може да резултира со викање и насилно однесување. Доколку некој забележал дека зборувате во сон во позрела возраст, а тоа е проследено со страв, врескање или бурни реакции, се препорачува да се обратите кај лекар специјалист за спиење. Исто така, ако забележите дека вашето дете има проблеми со спиењето, добро е да разговарате со педијатар за да дознаете повеќе. Експертите веруваат дека недостатокот на сон е една од главните причини за зборување во сонот и кај возрасните. Затоа се препорачува да избегнувате стрес и да спиете доволно за да се намали можноста од „ноќни разговори“. Исто така, водењето дневник за вашето спиење, може да биде корисно во следењето на ритамот на заспивање и будење, како и можните надворешни фактори кои влијаат на сонот, како што се кофеинот или консумирањето алкохол. Извор: srecna.republika.rs/Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СкијањеЛиндзи Вон откри што ѝ извадиле од ногатаСветската скијачка ѕвезда, Линдзи Вон откри што ѝ извадиле од ногата, по девет операции, луѓето се шокирани од она низ што поминува таа.Една од најдобрите светски скијачки во историјата, Линдзи Вон имаше деветта операција, при што од ногата ѝ беа извадени плочки и шрафови. Неа ја очекува тешко закрепнување по повредата што ја заработи на Зимските олимписки игри. 42 годишната американска скијачка Линдзи Вон доживеа тешка повреда на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина д'Ампецо, од која сè уште се опоравува. Оттогаш, Вон имала дури девет операции, а при последната од нив, лекарите ги извадиле сите плочки и шрафови од нејзината нога. А ги имало навистина многу. Како што истакна Линдзи, операцијата поминала добро и закрепнувањето се одвива во вистинска насока, но таа девет месеци трпела неподносливи болки поради одлуката повторно да се натпреварува на Олимписките игри во својата петта деценија од животот – таа едноставно „горела“ од желба да освои уште еден медал. За жал, таа претрпе сериозна повреда при судир со порта, при што дојде до оштетување на предните вкрстени лигаменти. Веднаш била примена во болница во Италија, а потоа закрепнувањето го продолжила во САД, каде што сега ѝ беше извршена операцијата. Лекарите конечно ги извадиле сите плочки и шрафови, а таа објави кратко видео кое ги шокираше нејзините следбеници: „Сето ова го извадија од мојата нога“, напиша Американката, чија десна нога е во завои. Деветтата операција не значи дека закрепнувањето е завршено; најверојатно ја очекуваат уште неколку месеци во кои ќе се обиде да ја врати флексибилноста на ногата. Сепак, останува прашањето дали таа некогаш ќе биде истата како порано – како и дали повторно ќе се натпреварува во скијање. „Мојата лева нога всушност закрепнува многу добро. Сè уште немам преден вкрстен лигамент, па ќе биде неопходно да се извади металот од ногата и таа да се санира. Проблемот е во мојот десен скочен зглоб. Тој е сè уште скршен, но веќе не боли толку многу“, изјави таа за „Спортс Центар“ пред неколку недели, признавајќи дека минува низ многу тежок период во својот живот – можеби најтешкиот во нејзината кариера, која е една од најголемите во историјата на овој спорт. „Во овој период научив многу за трпението. Мислев дека веќе знам нешто за тоа, но навистина поминав низ многу искушенија. Чувствував дека напредокот е многу бавен, иако работев напорно. Коските не заздравуваат на ист начин како лигаментите, а јас не бев навикната на тоа.“ Инаку, Линдзи Вон се повреди на Светскиот куп пред Зимските олимписки игри, но сепак одлучи да настапи. Таа имаше завој на коленото и претрпе тешка повреда, од која и денес ги чувствува последиците.Тагови: Линдзи Вон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФилипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговараПретседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на социјалната мрежа Х, најави дека СДСМ денеска поднесува кривични пријави за случајот со Алта банка,за влезот на пералницата на пари на Вучиќ, за притисокот, за сметките и трансферите, за парите на граѓаниФилипче порача дека СДСМ нема да дозволи власта на Мицкоски да го заташка скандалот и да избега од одговорноста. „СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка. Организираната криминална група на Христијан Мицкоски сака да го заташка скандалот со Алта банка и да избега од одговорност. Да сокрие сметки, трансакции, потекло на капитал, врските со криминалниот клан на Вучиќ... Да не се дознае кој потпишал и за чии интереси. Мицкоски и Славески поднесоа пријави против опозицијата затоа што се во паника. Сега е ред на СДСМ, на вистината и правдата. СДСМ поднесува кривични пријави за влезот на пералницата на пари на Вучиќ, за притисокот, за сметките и трансферите, за парите на граѓаните и јавните претпријатија. Мицкоски, го копираш Вучиќ. Вучиќ падна. Истрагите се отвораат. Истото те чека и тебе. Вистината излегува. Бандата ќе одговара“, посочи Филипче.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКанал 5 се извинува за споменувањето на Исламскиот младински форум во прилогот за египетската листаКанал 5 се извинува за информациите објавени во вчерашниот прилог во вестите, во кој беше споменато името на Исламскиот младински форум, базирајќи се на информации објавени во дел од медиумите.Канал 5 се извинува за информациите објавени во вчерашниот прилог во вестите, во кој беше споменато името на Исламскиот младински форум, базирајќи се на информации објавени во дел од медиумите за ставањето на 35 светски организации на листата на терористички организации од страна на Египетскиот кривичен суд. Без никаква намера да се нарушат угледот и репутацијата на здружението, а поради пермутација на зборовите во називот на арапски јазик, Канал 5 ненамерно го употреби името на Исламскиот младински форум Скопје, поради што искрено жали. Канал 5 синоќа го објави демантот на организацијата, а и во денешното издание на вестите пренесува дел од него. „Категорично ги отфрламе сите обвинувања и неосновани наводни поврзувања со нашата организација. Нагласуваме дека споменувањето во документи на странски институции не претставува правен доказ дека станува збор за организацијата на која се однесува една таква неоснована одлука. Таквата идентификација бара официјална документација и прецизна проверка на правниот идентитет на организацијата. Ги повикуваме сите медиуми и други субјекти да покажат професионална одговорност, да ги проверуваат изворите и да избегнуваат непотврдени поврзувања што можат неправедно да го нарушат угледот на организацијата“, се вели во демантот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34