Зборник и дебата за историските наративи - Канал 5

Зборник и дебата за историските наративи

Зборник на текстови „Наративите во полуавторитарни режими: случајот со Македонија" во издание на Центарот за истражување на национализмот и културата (ЦИНИК) вечерва беше промовиран во киното „Култура".

Зборник и дебата за историските наративи

Зборникот го претстави Петар Тодоров од ЦИНИК, кој информира дека има шест статии од осум автори за тетар, историја, новинарство, медиуми, архитектура, родова еднаквост… Зборникот е двојазичен, со текстови на македонски и на албански јазик. Автори на текстовите се Ивана Драгшиќ, Кристина Леловац, Славчо Димитров, Дарко Стојанов, Влора Речица и Миша Поповиќ, Жанета Трајкоска и Бојан Георгиески.

По промоцијата на зборникот се одржа дебата насловена „Наративи, минато и иднина: Национализирани историографии во контекст на договорите за регионална соработка меѓу Северна Македонија, Бугарија и Грција" на која се обратија историчарите Чавдар Маринов од Софија, Тасос Костопулос од Атина и пратеничката и историчар Ирена Стефоска.

Стефоска пред почетокот на дебатата изјави дека еден од начините за доближување на разликите се учебниците по историја.

– Овие комисии не се занимаваат со академската историографија, туку со учебниците. Која е целта на билатералните комисии како светска практика – постепено, со заедничка академска работа на историчари, специјалисти, антроплози, да почне да се работи на наследените стереотипи и предрасуди во учебниците од двете страни, рече Стефоска.

Посочи дека во односот кон историјата многу емоции се во прашање, пристрасности и додаде оти треба да се работи на тоа. Според неа, нам ни е потребен рационален пристап кон минатото.

Одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на дебатата, новинарот и историчар Костопулос изјави дека дијалогот е секогаш возможен, а нормално е да се има спротивставени мислења бидејќи, како што рече, историјата не е апстрактна наука.

Дебатата и промоцијата се поддржани од фондацијата Хајнрих Бел.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„На кавга со Иван“ - Сотир Костов

Во понеделник, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Сотир Костов

„На кавга со Иван“ - Сотир Костов

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Седум полициски службеници во Србија се притворени во врска со случајот Данка Илиќ

Со одлука на Вишиот суд во Ниш, на седум полициски службеници од Бор им е одреден притвор во траење од еден месец.

Седум полициски службеници во Србија се притворени во врска со случајот Данка Илиќ

Тие се осомничени за злоставување и мачење на Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ, кои се обвинети за убиството на малата Данка Илиќ. Полициските службеници биле уапсени на 14 ноември. Наводното злоставување се случило додека Јанковиќ и Драгијевиќ биле задржани во Полициската управа во Бор за време на истрагата за убиството, пренесува „Н1 Инфо“.

Судска одлука

Портпаролката на Вишиот суд во Ниш за новинската агенција „Бета“ потврди дека притворот е одреден од страна на судија за претходна постапка – одлука која сè уште не е правосилна. Таа појасни дека одлуката се заснова на Кривичниот законик, наведувајќи ги следниве основи за притвор: опасност од влијание врз доказите или сведоците, опасност од повторување на кривичното дело, како и вознемирување на јавноста поради тежината на стореното дело.

Обвинителство и поврзан смртен случај

Во врска со апсењата, Вишото јавно обвинителство во Ниш соопшти дека претходно издало налози за приведување на полициските службеници. Според соопштението, припадниците на Секторот за внатрешна контрола при Министерството за внатрешни работи во тој момент не постапиле по тие налози.

Минатата недела, обвинителството во Ниш нареди апсење и на уште осум други полициски службеници. Тие се осомничени дека му нанеле тешки телесни повреди на Далибор Драгијевиќ – брат на осомничениот Дејан Драгијевиќ – во полициската станица во Бор. Далибор Драгијевиќ починал на 7 април 2024 година како последица на тие повреди. Вишиот суд во Ниш одреди притвор од 30 дена и за оваа група полициски службеници.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пронајдени пет лица мигранти од Непал, лишен од слобода криумчарот, следува пријава

Лицето е задржано во полициска станица, а мигрантите се спроведени во прифатен центар за странци во Скопје. 

Пронајдени пет лица мигранти од Непал, лишен од слобода криумчарот, следува пријава

На 17.11.2026 во 22:30 часот во Куманово, кај местото викано „Нато клучка“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при РЦ за ГР Север го лишија од слобода А.И.(29) од Скопје. при контрола во патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени пет лица мигранти од Непал.

Лицето е задржано во полициска станица, а мигрантите се спроведени во прифатен центар за странци во Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер