Збогувајте се со имплантите и пломбите, група научници поттикна раст на заб во лабораториски услови - Канал 5

Збогувајте се со имплантите и пломбите, група научници поттикна раст на заб во лабораториски услови

​Сегашните решенија за промена на забите се инванзивни и честопати не успеваат целосно да ја обноват природната форма и функција на забот.

Збогувајте се со имплантите и пломбите, група научници поттикна раст на заб во лабораториски услови

Според извештај на Би-Би-Си, група научници од Кингс колеџот во Лондон за првпат успешно одгледаа човечки заби во лабораторија. Овој револуционерен подвиг би можел да направи пресврт во грижата за забите ширум светот, т.е. да им помогне на пациентите кои ги изгубиле забите нудејќи алтернатива за пломбите или забните импланти.

Тимот истражувачи од Кингс колеџот, во соработка со Империјал колеџот во Лондон, успеал да развие материјал што ја имитира околината потребна за развој на забите. Всушност, една клетка во лабораториски услови може да ѝ пренесе информација на друга клетка да почне да се трансформира во забна клетка.

Додека многу животински видови можат да ги регенерираат своите заби, луѓето имаат само една шанса за тоа. Сегашните решенија за замена, вклучувајќи ги вилиците, фиксните протези и забните импланти, се инвазивни и честопати не успеваат целосно да ја вратат природната форма и функција на забот.

„Овој метод користи клетки, биоматеријали и фактори за да поттикне раст и да создаде забни структури што ги имитираат карактеристиките и функциите на природните заби“, се истакнува во студијата.

„Целта на регенеративната стоматологија е биоинженерингот на цел заб, што бара копирање на интеракциите помеѓу забниот епител и мезенхимот (зародично сврзно ткиво).“

Губењето на забите е распространет здравствен проблем што засега милиони луѓе ширум светот, предизвикан од различни фактори. Освен што го нарушува џвакањето и говорот, губењето на забите предизвикува и естетски и психолошки проблеми.

„Оваа идеја за замена на забот на биолошки начин со негово повторно растење ме одведе во Лондон на Кингс колеџот. Одгледувајќи заб во сад, ние навистина ги пополнуваме празнините во знаењето“, изјавила д-р Ана Ангелова-Волпони, учесник во студијата.

Следен предизвик

Сјуечен Жанг, докторант во последната година на Факултетот за стоматологија, орални и краниофацијални науки, изјавил дека забите одгледани лабораториски природно ќе се регенерираат и ќе се интегрираат во вилицата како вистински заби. Новите заби би биле посилни, долготрајни и без ризик од отфрлање, „нудејќи потрајно и биолошки компатибилно решение во однос на пломбите или имплантите“.

И покрај тоа што научниците ја создадоа потребната средина за одгледување заб, следниот предизвик е да се пронајде начин од лабораторијата да го постават забот во усната шуплина на пациентот.

„Имаме различни идеи за поставување на забите во устата. Можеме да ги трансплантираме младите забни клетки на местото каде што недостасува забот и да ги оставиме да растат во устата“, изјавил Сјучен Жанг.

Без разлика каков процес ќе изберат научниците, сепак тоа може да потрае со години. Сепак, овој пробив започнува нова ера во стоматолошката нега.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Авион се урна во Мексико: Пријавени се жртви (ВИДЕО)

Две лица загинаа вчера кога авион од типот „Cessna 210“ се урна во Мексико.

Авион се урна во Мексико: Пријавени се жртви (ВИДЕО)

Воздухопловните власти потврдија дека леталото паднало набргу по полетувањето од Националниот аеродром „Пачука“ во сојузната држава Идалго.

Според Мексиканската федерална агенција за цивилно воздухопловство (AFAC), авионот – со кој оперирала компанијата „Grupo Aeroespacial Avspace“ – полетал во 9:30 часот по локално време.

Леталото се упатило кон Меѓународниот аеродром „Куернавака“ во сојузната држава Морелос.

Авионот се урнал само една минута по полетувањето, за време на почетната фаза на искачување, врз авенијата „Тезонтеле“ во населбата „Вента Приета“. Местото на падот се наоѓа на приближно 500 метри од почетокот на пистата, надвор од аеродромскиот комплекс.

Започната е истрага

Од „AFAC“ соопштија дека двете лица кои се наоѓале во авионот загинале, а започната е и административна истрага за да се утврди причината за несреќата. На местото на настанот пристигна персонал од управата на аеродромот „Пачука“ за да ги спроведе потребните процедури и да ја координира работата на службите за итни случаи.

Властите сè уште не ги објавија идентитетите на жртвите, ниту детали за нивните улоги во авионот.

Во моментов нема официјални информации за евентуален технички дефект, временски услови или други околности што можеле да влијаат врз летот. Исто така, не е потврдено дали има повредени лица на земјата, ниту дали е причинета штета на објекти или возила. „ Cessna 210“ е едномоторен авион што се користи во приватната и општата авијација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит официјално се откажа од презимето на татко ѝ

Ќерката на  поранешната холивудскат брачна двојка, Анџелина Џоли и Бред Пит официјално се откажа од презимето на татко ѝ: Судот ја одобри промената на името. 

Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит официјално се откажа од презимето на татко ѝ

Таа поднесе барање за промена на името во јули, неколку дена откако наполни 18 години, наведувајќи лични причини за одлуката.

Вивиен, 18-годишната ќерка на холивудските актери Анџелина Џоли и Бред Пит, официјално повеќе нема да го носи презимето на својот татко.

Суд во Лос Анџелес во понеделникот го одобри нејзиното барање за промена на името, пренесува „Пејџ сикс“ (Page Six).

Судијката Вирџинија Кини од Вишиот суд на округот Лос Анџелес ја одобри промената на нејзиното име од Вивиен Маршелин Џоли-Пит во Вивиен Маршелин Џоли.

Нејзиниот адвокат, Питер Кенет Левин, присуствуваше на рочиштето преку видеоповик.

Таа поднесе барање за промена на името во јули, само неколку дена откако наполни 18 години, наведувајќи лични причини за оваа одлука. Таа го користи презимето Џоли веќе повеќе од две години.

Ова име стоеше и во програмата за бродвејскиот мјузикл „Аутсајдери“ (The Outsiders) од 2024 година – проект на кој таа соработуваше со својата мајка. Вивиен не е првото дете на славниот пар кое одлучи да се откаже од презимето на својот татко.

Шајло, Медокс и Захара веќе го сторија тоа преку судска постапка. Нивниот брат, Нокс, го изостави презимето Пит од својата средношколска диплома овој јуни, иако сè уште официјално не го променил.

Бред Пит јавно не ги коментираше одлуките на своите деца во врска со нивното презиме. Анџелина Џоли и Бред Пит го финализираа разводот преку спогодба во декември 2024 година, по долг правен спор што започна во 2016 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Митева со згрозување и осуда за изјавите на Петар Богојески

Со згрозување и длабоко неверување ги проследив изјавите на Петар Богојески за жените и наводната потреба од „машки надзор“.

Митева со згрозување и осуда за изјавите на Петар Богојески

Ова се понижувачки, ретроградни и опасни сфаќања кои го навредуваат достоинството и директно удираат врз вредностите на едно демократско општество.

Да се зборува за жената како за личност на која ѝ е потребен надзор е недозволиво. Најстрашно, во неговите изјави се релативизира насилството во партнерските односи и тоа е опасно и заслужува најостра јавна осуда.

Како претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, но пред сè како жена, најостро ги осудувам ваквите ставови. Нашата заложба за „За една повеќе“ е токму спротивното од сè што слушнавме. За една жена повеќе која ќе добие можност, која ќе биде почитувана, која ќе биде слободна да одлучува, да создава, да води и да успева.

Ова е прашање на елементарни цивилизациски вредности. Нема место за вакви сфаќања и нема простор за молк, ниту за релативизирање. Слободата на говорот е темелна демократска вредност, но медиумската видливост не е право на секој што посегнува по навреда и понижување.

Вреди да се размисли дали и во колкава мера на ваквите ставови треба да им се отстапува простор, особено кога со нив се поткопува достоинството.

Линк од фб објава:

https://www.facebook.com/share/1DnQsFuTjX/?mibextid=wwXIfr

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер