3Во Маврово продолжуваат активностите од тридневниот семинар „Стратешко лидерство и ефективна комуникација за добро владеење“
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
АвтомобилизамЗбогум „Audi“: Светот има нов кралПроизводителот на електрични возила „Tesla“ минатата година го надмина еден од најпочитуваните премиум брендови во Германија, „Audi“.„Tesla“ на клиентите им испорача 1,79 милиони возила минатата година, додека „Audi“ продаде 1,67 милиони автомобили во 2024 година, 12 отсто помалку од една година порано, пишува Блумберг. 2024 година на „Tesla“ не беше без проблеми. Американската компанија го забележа првиот пад на годишните испораки по повеќе од една деценија и за малку ја задржа предноста пред кинескиот „BYD“. Во Европа, продажбата на електрични возила е под очекуваното, откако неколку земји ги намалија субвенциите. Германските производители на автомобили се борат со слабата побарувачка за луксузни автомобили во Кина, каде опоравувањето останува неизвесно, како и конкуренцијата од локалните производители. „Volkswagen“, „Mercedes-Benz“ и „BMW“, како и многу други производители на автомобили, предупредија на пад или забавен раст на профитот поради тешкотиите на пазарот. Продажбата на „Audi“ е намалена на пазарите во Германија, Кина и Северна Америка, а испораките на целосно електричните модели на компанијата во 2024 година се намалени за околу осум проценти на околу 164.000. Извор: Б92Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЗеленски е подготвен да се сретне со Путин на самит во МајамиУкраинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на самитот на Г20 во Мајами, доколку биде поканет.„Да, секако. мораме да дојдеме. Мораме да се сретнеме, да разговараме и да донесеме одлука“, рече Зеленски во интервју за „Дојче Веле“ во канадската воена база во Норт Беј. Според украинскиот лидер, она што ќе му го каже на рускиот претседател нема да биде најважната работа. Во меѓувреме, најмалку 23-ца луѓе се повредени, а меѓу нив има и петмесечно бебе, кога руски ракети утрово погодиле станбена зграда во украинскиот град одес, соопшти претседателот на одеската обласна воена администрација Олексиј Кипер. Шестмина од повредените, меѓу кои е и бебето, се во болница. „Како резултат на нападот, горните катови на повеќекатна станбена зграда се целосно разрушени. Експлозивниот бран оштети и соседни станбени згради и гасовод со низок притисок“, се вели во соопштението на гувернерот. На уште три станбени згради им е нанесена штета, а оштетен е гасоводниот систем.Тагови: Володимир Зеленски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ со свои претставници на шведските избориПратеникот и заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, викендов е во дводневна посета на Стокхолм како меѓународен гостин на шведскиот изборен процес.Петрушевски во Шведска е на покана на Moderaterna и Jarl Hjalmarson Foundation, со кои ВМРО-ДПМНЕ има долгогодишна соработка и партнерски односи како дел од европското семејство на сестрински и партнерски партии. Во рамки на работната посета, Петрушевски учествува во програмата посветена на шведскиот изборен процес, на средби и брифинзи со претставници на шведската политика, како и со гости и претставници на политички партии од повеќе европски земји. ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на градењето силни партнерства со европските сестрински партии и на размената на позитивни искуства и практики кои можат да придонесат за унапредување на демократските процеси и политичкото делување во Македонија. Од ВМРО-ДПМНЕ изразуваме благодарност до Jarl Hjalmarson Foundation за поканата и поддршката на престојот на Петрушевски во Стокхолм.Тагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДвајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
МакедонијаВо Маврово продолжуваат активностите од тридневниот семинар „Стратешко лидерство и ефективна комуникација за добро владеење“Во Маврово продолжуваат активностите од тридневниот семинар „Стратешко лидерство и ефективна комуникација за добро владеење“, во организација на ПИАЦ „Љубиша Георгиевски“ на ВМРО-ДПМНЕ, во соработка со Фондацијата „Конрад Аденауер“.По вчерашното отворање на семинарот со поздравно обраќање на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата, Христијан Мицкоски, кој говореше на тема „Лидерство, визија и одговорност“, денеска програмата продолжи со предавања посветени на стратешката и ефективната политичка комуникација. Директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ и член на ИК на партијата, Луке Галески, говореше на тема „Стратешка комуникација: од политички приоритети до јасни пораки“, при што се осврна на континуираната комуникациска стратегија на ВМРО-ДПМНЕ, нејзината конзистентност и начинот на кој политичките приоритети се преточуваат во јасни и разбирливи пораки за граѓаните. Стратешкиот пристап во комуникацијата е еден од факторите што придонесуваат политиките и резултатите на Владата да допрат до граѓаните, а довербата што ја ужива ВМРО-ДПМНЕ е потврдена и низ најголем број од релевантните истражувања на јавното мислење. Силниот политички момент за ВМРО-ДПМНЕ е дополнителна потврда дека граѓаните препознаваат јасна политика, стабилно лидерство и доследност во исполнувањето на преземените обврски. Свое излагање имаше и Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и портпарол на Владата, на тема „Ефективна комуникација со јавноста во современото медиумско опкружување“. Таа се осврна на потребата политичката комуникација да не биде само пренесување на информации, туку вистинско поврзување на политиките со реалните потреби, проблеми и очекувања на граѓаните. Галески и Митева потенцираа дека клучот на успешната политичка комуникација е граѓаните навремено и јасно да ја слушнат и разберат реалноста, резултатите, одлуките и конкретните политики кои влијаат врз нивниот секојдневен живот. Ова е особено важно во услови кога опозицијата континуирано се обидува преку манипулации, извртување на факти и креирање на лажни наративи да создаде искривена слика за состојбите во државата. Наспроти тоа, ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на комуникација која се темели на факти, резултати и одговорност. Политиката мора да биде разбирлива за граѓаните, а комуникацијата мора да биде во функција на нивното информирање, а не на нивно манипулирање. Тридневниот семинар е насочен кон размена на знаења, искуства и идеи поврзани со современото лидерство, стратешката комуникација и доброто владеење, имајќи предвид дека успешните политики и подобрите решенија за граѓаните бараат и одговорно управување и способност тие политики јасно, навремено и ефективно да се комуницираат со јавноста. ВМРО-ДПМНЕ продолжува со вложувањата во континуираното усовршување и надградување на своите членови и носители на јавна одговорност, затоа што силна политичка организација значи обединета, подготвена и компетентна структура која знае што сака да постигне, има јасна визија и знае како таа визија да ја преточи во резултати за граѓаните.Тагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДвајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00