Завршува фестивалот на македонски музички уметници „Златна лира“ - Канал 5

Завршува фестивалот на македонски музички уметници „Златна лира“

Со концерт на Даниел Апостолов (фагот) и Дарко Мариновски (пијано), вечер од 20 часот во Музејот на македонската борба ќе заврши годинашниот фестивал на македонски музички уметници „Златна лира“.

Завршува фестивалот на македонски музички уметници „Златна лира“

На затворањето на фестивалот ќе биде доделена и наградата „Златна лира“ која Сојузот на музичките уметници на Македонија (СМУМ) ја доделува за врвни уметнички достигнувања во изминатата година. За 2022 година, наградата му се доделува на триото „Аура“, во состав: Страшо Темков (флејта), Марјан Милошевски (фагот) и Ана Гацева (пијано).

Флејтистот Темков, пијанистката Гацева и фаготистот Милошевски се професори на Факултетот за музичка уметност во Скопје, имаат реализирано многубројни рецитали како солисти и камерни музичари во повеќе земји во светот и добиваат позитивни оценки.

-Критиката ги нарекува „мајстори на својот инструмент“, а поради забележителните концерти на покана на реномирани меѓународни фестивали несомнено се вбројуваат меѓу најдобрите и најактивните музички изведувачи во Македонија, соопшти СМУМ - организатор на фестивалот „Златна лира“.

На завршниот концерт, на кој ќе настапат фаготистот Даниел Апостолов и пијанистот Дарко Мариновски, ќе бидат изведени дела од Кехлин, Борн, Нусио и Вебер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитровски: Планот за раст и Инвестициската рамка го забрзуваат европскиот пат на регионот

 Димитровски денес учествуваше на конференција во организација на Европскиот суд на ревизори во Луксембург.

Димитровски: Планот за раст и Инвестициската рамка го забрзуваат европскиот пат на регионот

Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, денес учествуваше на конференција во организација на Европскиот суд на ревизори во Луксембург, на која учествуваа високи претставници на институциите на Европската Унија, европските финансиски институции, претставници на владите на земјите од Западен Балкан и други меѓународни партнери.

Конференцијата беше посветена на европската финансиска поддршка за земјите од Западен Балкан, со посебен осврт на неодамна објавениот Специјален извештај на Европскиот суд на ревизори за имплементацијата и резултатите од проектите поддржани преку Инвестициската рамка за Западен Балкан и Инструментот за реформи и раст.

Заменик министерот Димитровски имаше свое обраќање на панелот посветен на имплементацијата на европската финансиска поддршка, со фокус на искуството на нашата земја како корисник на овие европски финансиски инструменти, предизвиците во реализацијата на проектите и улогата на Планот за раст во процесот на пристапување кон Европската Унија.

Димитровски истакна дека Инвестициската рамка за ЗБ и Планот за раст на ЕУ претставуваат значајни инструменти за забрзување на реформите, реализација на стратешки инфраструктурни инвестиции и постепена интеграција на нашата земја во единствениот европски пазар.

Тој посочи дека нашата земја е меѓу првите земји кои добија позитивна оценка за Реформската агенда, што претставува потврда за посветеноста на земјата во спроведувањето на реформите и ефикасното користење на европските финансиски инструменти.

Додаде, дека и покрај тоа што средствата од Инвестициската рамка на ЕУ се ограничени, а во нашата земја и регионот во тек се крупни инфраструктурни проекти од повеќе милијарди евра, како што е брзата железница на Коридорот 10 од Солун до Будимпешта, учеството на Европската Унија во нивното финансирање, макар и симболично, останува значајно бидејќи обезбедува стандарди и сигурност за нивна успешна реализација во интерес на нашите граѓани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Суперјахтата на Путин забележана кај Данска

Конвој од три руски бродови пловеше покрај Данска претходно оваа недела, вклучувајќи ја и суперјахтата Грејсфул, за која се верува дека му припаѓа на рускиот претседател Владимир Путин.

Суперјахтата на Путин забележана кај Данска

Суперјахтата влезе во данските територијални води во недела навечер и помина во близина на островот Анхолт во понеделник наутро, објави данскиот медиум „DR“.

Грејсфул наводно била придружувана од разурнувач и патролен брод.

Преминувањето привлече внимание затоа што, според „DR“, суперјахтата Грејсфул го исклучила својот „AIS“ предавател на 30 август 2022 година, по почетокот на руската инвазија на Украина.

Оттогаш, бродот е практично „под радарот“, иако оттогаш е забележан во близина на Санкт Петербург.

Откако конвојот беше забележан во близина на Данска, тој беше под постојан надзор.

„Вооружените сили редовно ги следат бродовите, вклучително и бродовите на странски држави, кои минуваат низ данските теснеци и територијални води, користејќи соодветни можности“, соопшти Данската одбранбена команда.

Според претходните извештаи на списанието „Форбс“, суперјахтата „Грејсфул“ е долга околу 80 метри и се проценува дека вреди околу 100 милиони евра.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и топло со мала до умерена облачност

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утре сончево и топло со мала до умерена облачност

Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и наместа појава на краткотрајно невреме со град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Под влијание на серија влажни воздушни бранови во четврток и во петок времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, наместа со повремени врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²), електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град. Температурите ќе бидат во опаѓање. Во деновите од викендот ќе се задржи посвежо време и ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер