Завршува 12. Интернационален фолклорен фестивал „Велес 2015“ - Канал 5

Завршува 12. Интернационален фолклорен фестивал „Велес 2015“

На сцената во амфитеатарот на Младинскиот парк во Велес вечерва ќе биде затворен годинашниот 12-ти Интернационален фолклорен фестивал „Велес 2015“.

Завршува 12. Интернационален фолклорен фестивал „Велес 2015“
Пред велешката публика свој настап ќе имаат фолклористите од ФА „Хатегна“ од Романија, ФА „Бига“ од Турција, ХКД „Градишче“ од Унгарија, „Тина Данцестудио“ од Естонија, ФА „Валуриле Дунарии“ од Романија,ФА „Лени“ од Полска“, „Неврокопски ансамбл за народни песни и ора“ од Бугарија, ГАНИП „Пожаревац“ од Србија и КУД „Коле Неделковски“ од Велес.

Фестивалот што го организира Општина Велес под покровителство на Министерството за култура, а во рамки на манифестацијата „Велес - Град на културата 2015“ почна во вторникот на 30 јуни и траеше пет дена. Настапија 11 странски ансамбли и културно уметнички друштва, по две од Романија, Турција и Бугарија, а по едно од БиХ, Унгарија, Естонија, Србија и Полска. Освен гостите, домашниот фолклор го промовираа и осум културно уметнички друштва од Македонија.

Томе Јанев, претседател на Организацискиот одбор на фестивалот изјави дека е задоволен и од учесниците и од публиката која како што оцени и годинава беше прекубројна и ги преполни амфитеатарот на Младинскиот парк.

- Навистина е вистинско уживање да се присусувува на овој фестивал на фолклорот кој е нов мост меѓу народите на Балканот и пошироко. Радува податокот дека фестивалот се’ повеќе станува познат на картата на Балкански фолклорни фестивали, потенцира Јанев.



Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Босанец „летал“ со 164 км/ч на автопатот Куманово – Скопје

Полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Табановце го лишиле од слобода С.О.(39) од Босна и Херцеговина, поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Босанец „летал“ со 164 км/ч на автопатот Куманово – Скопје

Вчера (10.10.2026) во 15:20 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Табановце го лишиле од слобода С.О.(39) од Босна и Херцеговина, поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Лицето, на патниот правец Катланово – Скопје, управувал патничко возило со брзина од 164 километри на час, на место каде што максимално дозволената брзина е 80 километри на час.

По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МАЕИ: Честит 11 октомври – денот на народното востание на македонскиот народ

Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) на сите Македонци им го честита 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ, симболот на непокорот, слободољубието и непоколебливата храброст на македонскиот народ.

МАЕИ: Честит 11 октомври – денот на народното востание на македонскиот народ

На 11 октомври 1941 година започна организираниот вооружен отпор против фашизмот, означувајќи ново поглавје во борбата на македонскиот народ за слобода и национално самоопределување. Овој историски ден нè потсетува на храброста, пожртвуваноста и решителноста на сите оние кои се кренаа против наци-фашистичкото ропство.

Посебно се сеќаваме и на Македонците од Албанија, кои активно учествуваа во антифашистичката борба и дадоа значаен придонес во ослободувањето на Македонија. Многумина од нив ги положија своите животи за слободата, оставајќи трајно наследство на храброст, солидарност и љубов кон татковината.

Денес, со длабока почит им оддаваме признание на сите борци и херои кои се жртвуваа за слободна Македонија. Нивната борба претставува трајна обврска за зачувување и унапредување на македонскиот национален идентитет, јазик, култура и историско наследство, како и за доследно почитување на човековите и малцинските права.

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Валерија Дамчевска победничка на „Поетски слем Македонија“

Слем-поетестата Валерија Дамчевска е победничка на годинешното издание на „Поетски слем Македонија“ - 2026, кое од 8 до 11 октомври по 16. пат се одржува во Прилеп.

Валерија Дамчевска победничка на „Поетски слем Македонија“

За гласовите беше задолжена петчлена жири-комисија, а второто место го освои Стефанија Граовац, додека третото место му припадна на Матеј Петров.

Дамчевска доби подарок часовник од брендот „11и11“, а следната година ќе биде иден претставник на Македонија на Европското слем-првенство.

На годинешниот слем, се претставија десетина учесници од различни градови од земјава, кои настапија со свои поетски и прозни дела.

Неколкудневниот фестивал се отвори со изложба на ДЛУМ-Битола во НУЦК „Марко Цепенков“.

Следните два дена, покрај поетските читања, се одржаа и промоции на неколку книги поезија од авторите Елена Пренџова, Сузана Мицевска, Марија Грубор, Ненад Јолдески и Пијан Славеј (Бранислав Николов), кој заедно со „Хот џез оркестра“ синоќа одржаа врвен поетски концерт во киното „Мис Стон“.

Фестивалот годинава пулсираше во африкански ритам, а за тоа продонесоа специјалните гостинки од Мозамбик - Африка, Елијане Бутелане и Наташа Сокре.

Денес е последниот фестивалски ден, а учесниците имаа можност да присуствуваат на поетско читање на манастирот Трескавец.

Фестивалот ќе заврши вечерва со поетско читање посветено на Тихомир Јанчовски, настан што ќе се одржи во вилата „Ана Плетварска“ со почеток во 19:30 часот.

„Поетски слем Македонија“ досега има испратено 11 национални претставнички и претставници на Европското слем-првенство, како и двајца претставници на Светското слем-првенство.

Дизајнотот на плакатот е на уметникот Владимир Лукаш.

Литературната манифестација е во организација на Театарска работилница – Прилеп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер