Герасимовски: Санација на покривот на „Димитар Миладинов“, се решава долгогодишниот проблем со протекување во училиштето
1Герасимовски: Санација на покривот на „Димитар Миладинов“, се решава долгогодишниот проблем со протекување во училиштето
3Синдикатот на културата протестира пред Уставниот суд, кој одлучува за уставноста и законитоста на колективниот договор
Скандалозно: Мануел Нојер ја изневерил бремена сопруга со 17 години помладата девојка, повторно се разведува
1Скандалозно: Мануел Нојер ја изневерил бремена сопруга со 17 години помладата девојка, повторно се разведува
РакометЗавршницата на ракометниот Куп на Македонија на 16 и 17 мај во двете конкуренции Полуфиналните и финалните дуели во двете конкуренции (мажи и жени) ќе се одиграат во еден град ист викенд на 16 и 17.мај. Ова е предлог на Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија на денеска одржаната седница. Целта е да има поголем број натпревари, повеќе публика и да виде еден вид ракометен спектакл.Според календарот женскиот куп треба да се игра на 2 и 3 мај, а машкиот куп на 16 и 17 мај. Како потенцијелн град организатор е Скопје, а и други градови пројавиле иницијатива за организација на Куп завршницата. Пласман во полуфиналето во женскиот имаат обезбедено екипите: Вардар, ЖРК Вардар, Пелистер и Металург, додека кај мажите тоа досега го направија: Тинекс Пролет, Металург и Зомимак М. Поради обврските кон Лигата на шампионите и дуелот со Киелце последниот четвртфинален турнир се игра утре. Двојките се: Вардар – Борец и Охрид – Прилеп, победниците од овие дуели ќе играат во „финалето“ на турнирот, а победникот ќе биде последниот полуфиналист. УО на РФМ ја одреди и цената за дуелот против светскиот првак Франција од квалификациите за Европското првенство 2016 година. Македонија е домаќин на 29 април и влезниците ќе чинат по 200, односно 300 денари во зависност од местото во СЦ „Борис Трајковски“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалСкандалозно: Мануел Нојер ја изневерил бремена сопруга со 17 години помладата девојка, повторно се разведуваЛегендарниот голман на Германија и Баерн Минхен, Мануел Нојер повторно се разведува, откако ја изневерил својата бремена сопруга Аника со помлада девојка.Еден од најдобрите голмани на сите времиња, 40 годишниот Мануел Нојер повторно се разведува. Неговиот брак со Аника Бицел Нојер не траел долго (нешто повеќе од една година) и двојката се развела само два месеци по раѓањето на нивниот втор син. Според германските медиуми, причината е неверството. Нојер наводно е во врска со 23-годишна жена чие име не е објавено, со која тој поминал време и во Бразил додека се опоравувал од повреда. Двајцата биле видени заедно, а Нојер ја изневерил сопругата додека таа била бремена. Дека ова не се само медиумски шпекулации, покажува објавата на Аника Бизел Нојер на социјалните мрежи на оваа тема. Познатиот голман наводно со месеци е во врска со ова 23-годишната девојка, за која Аника Бизел Нојер се сомневала кога била во последните месеци од бременоста, особено поради неговите чести отсуства. Кратко откако се породила, Мануел Нојер ѝ рекол на сопругата дека сака развод. За Мануел Нојер, ова е втор пропаднат брак. Од 2017 до 2020 година, капитенот на Баерн беше во брак со дресурачката Нина Нојер. Пред тоа, неколку години беше во врска со Катрин Гилх. Нивниот раскин беше објавен кратко по триумфот на Германија на Светското првенство во 2014 година. Првиот брак на Нојер исто така заврши со развод, а неговиот приватен живот повторно стана централна тема во германските медиуми, кои во претходните месеци пишуваа за големите неуспеси на легендата и огромните проблеми со повредите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски: Санација на покривот на „Димитар Миладинов“, се решава долгогодишниот проблем со протекување во училиштетоОпштина Центар изведува градежни работи за санација на кровот во ООУ „Димитар Миладинов“. Со реконструкцијата ќе се реши долгогодишниот проблем со протекување и ќе се подобрат условите за учениците и наставниците.„Го решаваме долгогодишниот проблем со протекување и создаваме подобри и побезбедни услови за одвивање на наставата. Наш приоритет се училиштата, нивната инфраструктура и безбедноста на учениците и наставниот кадар“, рече градоначалникот Горан Герасимовски. Стариот лимен покрив, кој протекуваше на повеќе места во училниците и холот, е демонтиран, а дотраените делови од кровната конструкција се отстранети. Во тек е поставување нова минерална волна за топлинска изолација и монтажа на пластифициран ребраст лим со опшивки за заштита од ветер и снег. По завршувањето на работите на кровот, за време на зимскиот распуст, ќе се изведат и молерофарбарски работи во внатрешноста на училиштето. Со санацијата ќе се спречи протекувањето и ќе се подобри заштитата на објектот од студ и влага. Ова е дел од активностите на Општина Центар за подобрување на условите во општинските училишта.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛидерите на Западен Балкан во Охрид - состанок на Брдо-БриониОхрид денеска е во фокусот и на регионалната дипломатија. Во градот се одржува состанокот на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони, чиј домаќин е претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, заедно со претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар и хрватскиот претседател Зоран Милановиќ. Во фокусот на разговорите се регионалната соработка, добрососедските односи, стабилноста и европската перспектива на Западен Балкан. Повеќе информации за средбата и очекувањата од состанокот ќе дознаеме од нашиот известувач во Охрид Афродита Рамос . Афродита делегациите пристигнаа каква е агендата за денеска кој се е присутен во Охрид? Во видеото погледнете го целиот извештај.Тагови: Сиљановска - Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter