Завршница на ракометниот Куп на Македонија - Канал 5

Завршница на ракометниот Куп на Македонија

Ракометниот Куп на Македонија викендов ја има својата завршница, дамите ќе играат финале, додека мажите средбите од полуфиналето.

Завршница на ракометниот Куп на Македонија


Откако вчера своите полуфинални натпревари ги одиграа дамите во кои Вардар и Металург забележаа убедливи победи над Гевгелија и Прилеп, денеска тие ќе играат во финалето. Стартот на мечот во салата „Автокоманда“ во Скопје е од 16.30 часот.

Во Битола пак ќе се игра завршницата во машка конкуренција. Денеска на програмата се полуфиналните двојки. Домаќинот Еурофарм Работник за противник го има Охрид во мечот кој ќе започне од 17:30 часот, додека во вечерниот термин од 20:30 часот во вториот полуфинален дуел ќе се сретнат големите ривали Вардар и Металург.

Потсетување дека бранители на трофеите во Купот на Македонија во обете конкуренции се екипите на Вардар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Змија направи хаос во авион кон Сицилија- при слетувањето се спушти меѓу патниците од фиока за багаж

За време на летот од островот Лампедуза во јужна Италија до Палермо на Сицилија, од рачниот багаж се појавила змија додека авионот почнал да се спушта, предизвикувајќи паника кај патниците.

Змија направи хаос во авион кон Сицилија- при слетувањето се спушти меѓу патниците од фиока за багаж

Капетанот на авионот веднаш реагирал и ги известил аеродромските власти и полицијата, а по слетувањето на аеродромот „Фалконе е Борселино“ во Палермо, во авионот се качиле карабињери од аеродромската станица и членови на одделот CITES, кои ја фатиле и обезбедиле змијата, објавува порталот TGcom24.

Според првичните наоди, станува збор за вид Macroprotodon cucullatus, познат како „змија со качулка“, мал влекач карактеристичен за фауната на Лампедуза. Името „змија со качулка“ (или лажна мазна змија) го добила поради карактеристичната темна дамка на задниот дел од главата што наликува на качулка.

Карабињерите истражуваат како змијата се качила во авионот и кој ја донел и транспортирал.

Животното е предадено на херпетолог на Универзитетот во Палермо, кој ќе ја провери неговата здравствена состојба, по што треба да се врати во неговото природно живеалиште.

Лампедуза е единственото место во Европа каде што е регистрирана популација од овој вид.

„Змијата со качулка“, која обично расте помеѓу 50 и 70 сантиметри, се храни со гуштери и други помали змии. Таа е отровна, но нејзиниот отров се смета за речиси безопасен за луѓето.

Првенствено живее во областите на Северна Африка, како што се Тунис и Либија, а Лампедуза е единственото место во Италија и цела Европа каде што живее овој вид. Островот Лампедуза геолошки припаѓа на африканската континентална плоча, поради што ја дели флората и фауната со овој континент.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јотова му се пожали на Фицо од Македонија и побара поддршка

Бугарската претседателка побара поткрепа од словачкиот премиер „за Скопје да ја следи европската политика за пристапување“.

Јотова му се пожали на Фицо од Македонија и побара поддршка

Бугарската претседателка Илијана Јотова и словачкиот премиер Роберт Фицо на денешната средба во Софија го разгледале и проширувањето на Европската унија, при што шефицата на бугарската држава му се пожалила од Македонија и побарала поддршка од гостинот.

„Знаете дека имаме некои проблеми со Македонија и нејзиното членство во ЕУ. Бараме ваша поддршка за Скопје да ја следи европската политика за пристапување. Четири години не видовме напредок во спроведувањето на обврските преземени од Македонија во 2022 година“, изјави Јотова.

„Двајцата беа категорични дека процесот на пристапување мора да биде според правилата и врз основа на достигнувањата на земјите-кандидати за членство“, стои во соопштението од кабинетот на претседателката на Бугарија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Топло време и до крајот на наредната недела со температура до 37 степени

До крајот на новата работна седмица времето ќе биде сончево и топло, со мала локална облачност во текот на денот, информираат од УХМР.

Топло време и до крајот на наредната недела со температура до 37 степени

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

24 Попова Шапка, 26 Крушево, 30 Берово, Претор, Охрид, 31 Маврови Анови, 32 Крива Паланка, Прилеп, 33 Виница, Битола, 35 Тетово, Кавадарци, Струмица, Штип, 36 Демир Капија, Гевгелија, 37 Скопје Петровец, Велес.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денес беше сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Дуваше слаб до умерен ветер од променлив правец. До крајот на денот ќе биде стабилно и топло со мала до умерена локална облачност.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец, кој наместа, особено долж Повардарието, ќе достигнува брзина од 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 33 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

До крајот на новата работна седмица времето ќе биде сончево и топло, со мала локална облачност во текот на денот. Утре ќе дува засилен ветер од северозападен правец, кој наместа, особено долж Повардарието, ќе достигнува брзина од 60 km/h. Од вторник ветерот ќе го смени правецот во југоисточен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер