Завршни зборови на странките во случајот „Меѓународен сојуз“

Завршни зборови на странките во случајот Меѓународен сојуз... Обвинителстворо бара затворски казни,  а одбраната тврди дека обвинението не е докажано... 

Осудителна пресуда и затворски казни побара обвинителството за обвинетите во случајот Меѓународен Сојуз. Навидум хуманитарната организација на почеток направила добри дела, но тоа било само вовед во измамите што следувале – рече обвинителот Трајче Пеливанов во завршните зборови. Бојан Јовановски ги довел во заблуда бизнисмените Силјан Мицевски и Ардијан Амзоски, но работата немало да биде завршена без тогашната пратеничка Фросина Ташевска Ременски, образложи Пеливанов посочувајќи ја и Јасна Ерцеговиќ која според обвинението парите кои ги добила од струшката Дрим Билдинг му ги предала на Јовановски.

За обвинителството доказите се цврсти меѓу кои и оние кои потврдуваат вина кај останатите обвинети – таткото на Боки 13, Миле Јовановски и неговата секретарка , Христина Блажевска. Одбраната пак на спротивна страна – ваква измама е невозможна.

Завршни зборови дадоа и Јасна Ерцеговиќ и Фросина Ременски и нивните адвокати. И тие самите негираа дека сториле кривични дела а обвинителството според нив не го докажало обвинението.

Наводите од обвинението дека јас сум била угледна и авторитетна личност не се ниту доволни ниту одлучувачки за исполнување на квалификаторните услови за битието на кривичното дело помагање во измама.

Боки 13 завршен збор ќе даде на следното рочиште, по што судијката Софче Гаврилова Ефремова ќе закаже изрекување на пресуда.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер