Завршни консултации за премиер на Франција - Канал 5

Завршни консултации за премиер на Франција

Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска, речиси два месеца по парламентарните избори, ќе се сретне со двајца кандидати за премиер, како и со поранешните претседатели Франсоа Оланд и Никола Саркози.

Завршни консултации за премиер на Франција

Макрон минатата недела истакна дека вложува напори во потрагата по нов премиер со цел да дојде до најдобро решение за земјата.

Франција летово спречи доаѓање на крајната десница на власт. Итно е составена лева коалиција – Нов народен фронт (НФП), најсилна опција во Националното собрание, но ниту еден блок нема доволно пратеници за самостојно дејствување.

Макрон неодамна ја отфрли кандидатурата на Луси Кастес од НФП, тврдејќи дека постои ризик од непосредна опструкција во Националното собрание.

Се претпоставува дека поранешниот премиер Бернард Казнев е фаворит за премиер: тој беше прв примен во Елисејската палата.

Казнев (61) беше министер за внатрешни работи за време на нападите од џихадистите во 2015 година, а потоа премиер во последните месеци од мандатот (2012 – 2017) на претседателот Оланд. Се претпоставува дека Оланд ќе ја поддржи кандидатурата на Казнев.

Додека Саркози сака десничарски премиер и негов фаворит е 59-годишниот Ксавиер Бертранд, кој е претседателот на десничарската Републиканска партија./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Ристовски ги поздрави финалистите на 55.Меѓународен боксерски турнир „Златен гонг“

Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, присуствуваше на финалните борби на јубилејното 55.издание на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“.

Министерот Ристовски ги поздрави финалистите на 55.Меѓународен боксерски турнир „Златен гонг“

Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, присуствуваше на финалните борби на јубилејното 55.издание на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“ што се одржа од 13 до 15 ноември во спортската сала „Расадник“ во Скопје во организација на Македонската боксерска федерација со поддршка од Министерството за спорт.

Ристовски упати честитки за финалистите и за сите учесници на традиционалниот турнир и ја истакна важноста што има оваа спортска манифестација за македонското борење и за македонскиот спорт во изминатите пет и пол децении.

На годинешното јубилејно издание на „Златен гонг“ настапија 89 боксери од 20 земји.

Победничкиот пехар на јубилејното 55.издание на „Златен гонг“ му припадна на украинскиот боксер Јуриј Захариев. Во женска конкуренција најуспешна беше Шпанката Лаура Галино Лопез, додека признанието за најдобар македонски боксер го доби Алин Нусуфи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Савески, до каде е кривичната пријава против Славески за Алта банка?

Времето поминува а обвинителството молчи за Кривичната пријава поднесена од СДСМ за Алта банка.

СДСМ: Савески, до каде е кривичната пријава против Славески за Алта банка?

Обвинителот Ненад Савески има обврска пред граѓаните да одговори: до каде е постапувањето по кривичната пријава против Трајко Славески и другите одговорни лица во Народната банка за Алта банка?

Дали е оформен предмет? Дали е определен обвинител што постапува?

Кои дејствија се преземени?

Кривичната пријава е темелна, опширна и со конкретни правни аспекти и основани сомневања за несовесно работење во службата и злоупотреба на службената положба и овластување.

Трајко Славески е директно одговорен, тој ја даде дозволата и како што самиот призна во координација со Мицкоски ја донесоа пералницата на Вучиќ, криминалната Алта банка во Македонија.

Луѓето сега не можат да дојдат до своите пари, пензионерите до своите пензии, загрозен е и банкарскиот систем.

Обвинителството мора бргу да реагира за да спречи уништување на докази, заташкување, криење на сметки и трансакции.

СДСМ веќе побара да се преземат законски мерки за заштита на доказите и спречување евентуално влијание врз сведоците, вклучително и да се побара привремена забрана за вршење на должноста на Славески.

Што е преземено од страна на Обвинителството?

Ниту една функција не смее да биде штит од одговорност.

Обвинителството не смее да биде последната линија на одбрана на власта.

Савески, јавноста очекува одговор: до каде е кривичната пријава за Алта банка?

Скопје, 16.13.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Денеска во Брисел остварив средба со Герт Јан Копман

Денеска во Брисел остварив средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство при Европската комисија, објави на совјот профил на Фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски. 

Мицкоски: Денеска во Брисел остварив средба со Герт Јан Копман

Во фокусот на разговорите беа европската перспектива на Македонија, напредокот во реформските процеси и следните чекори во пристапувањето кон Европската Унија.

Нашата определба за членство во Европската Унија е јасна и недвосмислена. Македонија заслужува европска иднина, заснована на принципиелни односи, почитување и заштита на националните интереси, како и доследно спроведување на реформите во интерес на граѓаните.

Продолжуваме со посветена работа, исполнување на реформската агенда, одговорна политика и јасна визија за европска, стабилна и просперитетна Македонија, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер