Други спортовиЗавршија возбудувањата на 15-тото атлетско СП Со штафетната трка 4 по 400 метри попладнево во Пекинг завршија натпреварите на 15.то Светско првенство во атлетика.Машката штафета од САД го освои златниот медал, пред составот на Тринидад и Тобаго, третото место е за Велика Британија. Во женската штафета на истата патека победија атлетичарките од Јамајка, пред САД и Велика Британија. Етиопјанките забележаа тројна победа во трката на 5.000 метри. Златото е за Алмас Ајана, сребрениот медал го освои Сенбере Тефери, а Гензебе Дибаба стигна до бронзата. Медалисти на 1.500 метри се Асбел Кипроп од Кенија – злато, еговиот сонародник Мотонеи Манангои го освои сребрениот медал, бронзата е за Абдалати Игуидер од Мароко. Плеј-офот го одлучи победникот во скок во височина. Тоа е Дерек Дроун од Канада, на делба на второто место се Гуовеи Жанг од Кина и Бохдан Бондаренко од Украина. Во фрлање копје женска конкуренција победи Катерина Молитор од Германија, пред Хуихуи Лиу од Кина и Сунете Вилјоен од Јужна Африка. Следува свеченото затворање на Мундијалот на стадионот „Птичјо гнездо“ во Пекинг. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишен од слобода возач кој управувал возило со двојно поголема брзина поголема од дозволенатаСообраќајните контроли ќе продолжат и во наредниот период на територијата на цела држава.Денеска (01.07.2026) во 18:00 часот на патот Гостивар-Тетово поточно на клучка Боговиње од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи на МВР со специјално возило пресретнувач беше измерена возило со брзина од 177 км/ч каде брзината на движење е ограничена со сообраќаен знак на 80 км/ч. По насоки на јавен обвинител К.Б. од Тетово е лишен од слобода кој управувал патничко возило "шкода" со тетовски регистарски ознаки. Против возачот К.Б. (47) од Тетово се преземени соодветни мерки и ќе се соочи со законски предвидената санкција по чл.297-а од Кривичниот законик на РСМ. Сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредниот период на територијата на цела држава, со цел санкционирање на сторителите, зголемување на безбедноста и заштита на учесниците во сообраќајот. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со што заеднички ќе придонесеме за побезбедни патишта.Тагови: брзина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамНема зима за богатите во РусијаИ покрај годините меѓународни санкции и растечките економски проблеми, продажбата на луксузни автомобили „Ролс-Ројс“ продолжува да расте.Според „Москва Тајмс“, во Русија се регистрирани 42 нови автомобили „Ролс-Ројс“ во првите три месеци од 2026 година, што е зголемување од пет проценти во споредба со истиот период минатата година. Трендот продолжи и во текот на пролетта. До крајот на мај, богатите купувачи во Русија купија вкупно 96 нови возила од британскиот производител, или 12 проценти повеќе отколку во истиот период во 2025 година. Податоците ги објави Сергеј Челиков, коосновач и директор на аналитичката агенција „Автостат“. Најбараниот модел беше луксузниот теренец „Ролс-Ројс Кулинан“, од кој беа испорачани 31, додека седум купувачи го избраа целосно електричниот купе „Ролс-Ројс Спектр“. Растот на продажбата покажува дека сегментот на ултралуксузни автомобили во Русија засега не е значително засегнат од економските притисоци, и покрај ограничувањата за увоз и работење на странски производители. Извор: Б92Тагови: Ролс-Ројс русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаОгромно невреме во Романија: Едно лице загина, полиција и пожарникари на улицитеНајмалку едно лице загина во силно невреме што го погоди главниот град на Романија, Букурешт, и 20 окрузи, соопштија службите за вонредни ситуации.Тие рекоа дека едно лице загинало кога дрво паднало врз автомобил. Официјалните лица изјавија дека десетици домови и возила во 60 градови и села биле оштетени во бурата, а речиси 2.000 повици за помош биле примени само во Букурешт, објави „Digi24“. مشرقی یورپ کےملک رومانیہ میں خوفناک طوفان باد و باراں دارالحکومت بخارسٹ سمیت60شہر اور دیہات بری طرح متاثر،،سڑکیں اور گلیاں جھیل کامنظر پیش کرنے لگیں:خبرایجنسی شہریوں کومحفوظ مقامات پرمنتقل کرنےکاعمل جاری ہے#Romania #Bucharest #Storm #Flood #HeavyRain #FlashFlood #ExtremeWeather pic.twitter.com/jAhlisGxjz — Zafar Iqbal (@zafariq92311503) July 1, 2026 Официјалните лица изјавија дека полицијата и пожарникарите се распоредени во неколку окрузи и работат на евакуација на луѓето од поплавените домови и расчистување. 🚨 شاهد | أمطار غزيرة تتسبب في غمر مدخل محطة مترو ساحة النصر (Piața Victoriei) في العاصمة الرومانية 🇷🇴 بوخارست، ما أدى إلى تسرب المياه داخل المحطة وتعطل الحركة.#Romania #Bucharest #Floods #Storm #Weather pic.twitter.com/7Zmx0W6tJC — طقس_العالم ⚡️ (@Arab_Storms) July 1, 2026 Тие рекоа дека неколку метро станици во Букурешт биле поплавени. ⛈️Bükreş ve Ilfov bölgesini aniden bastıran şiddetli fırtına, dolu ve yağış vurdu: 1 ölü! ☔️Ilfov'da seyir halindeki bir otomobilin üzerine ağacın devrilmesi sonucu 1 kişi hayatını kaybetti. Fırtınada 144 ağaç devrilirken, 26 araç hasar gördü. 🌩️Fırtınada çok sayıda çatı… pic.twitter.com/6PYQiCr8wv — Romanya Haber (@romanya_haber) June 30, 2026 На бурата ѝ претходел топлотен бран со температури над 40 степени Целзиусови во делови од Романија во понеделник и вторник. Извор: Б92Тагови: невреме Романија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook