Завршија дводневните преговори меѓу делегациите на Москва, Вашингтон и Киев во Абу Даби - Канал 5

Завршија дводневните преговори меѓу делегациите на Москва, Вашингтон и Киев во Абу Даби

Во Абу Даби предмалку завршија преговорите за безбедноста на Украина  меѓу делегациите на Москва, Вашингтон и Киев, јавијха руските медиуми.

Завршија дводневните преговори меѓу делегациите на Москва, Вашингтон и Киев во Абу Даби

Руската работна група, предводена од началникот на Генералниот директорат на Генералштабот на вооружените сили, адмирал Игор Костјуков, се врати во хотелот, додаваат руските медиуми.

Претходно, агенцијата ТАСС, повикувајќи се на информиран извор, објави дека преговарачките тимови во Абу Даби проучуваат и разгледуваат неколку документи за мирот во Украина, додавајќи дека „се разгледуваат и територии и гаранции и други аспекти“.

Официјални лица потврдија дека ова беше првиот состанок од почетокот на војната, пред речиси четири години, на кој присуствуваат сите три земји.

Разговорите меѓу украинската, руската и американската делегација во Абу Даби за постигнување мирно решение за Украина, кои започнаа вчера, продолжија утрово, исто така зад затворени врати.

Американскиот пратеник Стив Виткоф, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, како и секретарот на армијата во Министерството за одбрана на САД, генерал Даниел Дрискол, исто така учествуваа на трилатералните разговори во Абу Даби, а по средбата тие веднаш отпатуваа за Израел, каде ќе разговараат за иднината на Газа.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера потврди дека контроверзното прашање за територијата на Донбас било дискутирано на состанокот во Абу Даби.

Територијалните прашања остануваат точка на спор, бидејќи Русија бара Украина да ги предаде 20-те проценти од територијата на Доњецк што сè уште ја држи, додека Зеленски одби да се откаже од таа територија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ријана ја претстави новата колекција на долна облека, фановите воодушевени (ВИДЕО)

Ријана ја претстави новата колекција долна облека „Luxe Lace“ од нејзиниот бренд Savage X Fenty. 

Ријана ја претстави новата колекција на долна облека, фановите воодушевени (ВИДЕО)

Пејачката и претприемачка, која го доби своето трето дете минатата година, објави серија фотографии на 22 јули на кои позира во нови парчиња од колекцијата. Објавите брзо привлекоа внимание на социјалните мрежи, а многу следбеници коментираа за нејзиниот изглед и самодоверба по бременоста.

Нова колекција од чипка

Колекцијата „Luxe Lace“ носи неколку модели на долна облека од чипка, вклучувајќи градници со балконет, танги, огрлици и ноќници. Достапна е во неколку бои, вклучувајќи „Tulip Pink“ и црна „Black Caviar“.

Брендот нагласува дека се користи растеглива ткаенина што се прилагодува на различни облици на тело, а посебно внимание се посветува на удобноста. Чипката е дизајнирана да биде мека на кожата, без непријатно гребење и иритација.

Колекцијата е достапна на официјалната веб-страница на брендот Savage X Fenty, а новите членови можат да добијат попусти на одбрани производи.

Фотографиите предизвикаа бројни коментари

Новите фотографии предизвикаа бројни реакции од следбениците. Многумина ја пофалија самодовербата на Ријана по породувањето по трет пат. Пејачката со својот партнер A$AP Rocky ги има синовите RZA и Riot и ќерката Rocki, а некои од корисниците на социјалните мрежи истакнаа дека им се допаѓа што Ријана изгледа природно и самоуверено во кампањата.

Сепак, имаше и такви кои се сомневаа во автентичноста на фотографиите. Некои корисници сметаат дека сликите се многу изменети, што повторно ја отвори дебатата за ретуширање на фотографиите во кампањите на познатите личности.

Без оглед на различните коментари, новата кампања на Ријана предизвика големо внимание. Освен за самата колекција, многумина дискутираат и за нејзиниот стил и начинот на кој познатите личности ги претставуваат своите тела по бременоста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хидроавион падна во море и се запали во Вашингтон (ВИДЕО)

Неколку лица се повредени, од кои едно во критична состојба, откако хидроавион со 11 лица се урна покрај брегот на американската држава Вашингтон. 

Хидроавион падна во море и се запали во Вашингтон (ВИДЕО)

Сите лица од авионот се спасени, потврдија локалните власти и Федералната администрација за воздухопловство (FAA), пишува ABC News.

Според FAA, хидроавионот DeHaviland DHC-3 се урна во морето кај островот Сусија околу 17:20 часот по локално време. Канцеларијата на шерифот на округот Сан Хуан објави дека сите се извлечени од водата. „Имаме повеќе пациенти со разни повреди, од повреди на главата до фрактури и исеченици“, се вели во нивното соопштение. Потврдено е дека едно лице е во критична состојба.

Авион на Kenmore Air полетал од езерото Јунион во Сиетл со десет патници и пилот во него. Компанијата објави дека четворица од повредените се префрлени во болници, додека другите се згрижени во станицата на крајбрежната стража во Белингам.

Брз одговор на очевидците

Шерифот на округот Сан Хуан, Ерик Питер, изјави за ABC News дека најмалку еден цивилен брод бил сведок на несреќата, чиј екипаж веднаш почнал да ги вади луѓето од водата. Кога службите за итни случаи пристигнале на местото на настанот, авионот веќе горел и тонел. „Благодарение на брзата реакција на сите на местото на настанот, била избегната поголема трагедија“, изјавил шерифот.

Истрагата е во тек

По несреќата започнала голема спасувачка операција, во која учествувале службите за итни случаи и американската морнарица, чиј хеликоптер ги превезувал дел од повредените. Крајбрежната стража соопшти дека добила пријава за принудно слетување во Норт Бич Шалоу Беј, по што хидроавионот се запалил.

Извршниот директор на „Кенмор Ер“, Дејвид Гуџел, им се заблагодарил на спасувачите. „Среќни сме што сите патници и екипаж се безбедни. Наш приоритет сега е да се осигураме дека ќе ја добијат целата потребна грижа и поддршка. Целосно соработуваме со истражителите и ќе објавиме потврдени информации штом ќе пристигнат“, изјавил Гуџел.

Причината за несреќата е под истрага на Федералната администрација за воздухопловство (FAA) и Националниот одбор за безбедност во сообраќајот (NTSB).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Педро Поро нема да го задржи златниот медал од Мундијалот: Тој ме носеше секаде

Шпанскиот херој нема да го задржи златниот медал: „Мама и тато работеа од 3 наутро, а тој ме носеше насекаде“.

Педро Поро нема да го задржи златниот медал од Мундијалот: Тој ме носеше секаде

Еден од најдобрите фудбалери на новиот светски шампион Шпанија, бекот на Тотенхем, Педро Поро знае кај кого ќе заврши неговиот златен медал – кај неговиот дедо.

Многу прекрасни стории се појавија во светските медиуми по освојувањето на Светското круна од страна на Шпанија.

Една од нив доаѓа од малото место Дон Бенито, сместено покрај реката Гвадијана – токму таму каде што шпанските региони Екстремадура и Андалузија се граничат со португалскиот регион Алгарве.

Во тоа мало место најдобриот десен бек на Мундијалот, Педро Поро ја однесе својата златен медал на една посебна личност.

Станува збор за неговиот дедо, кој со автомобил го возел стотици километри на тренинзи додека Педро бил дете – а Педро никогаш тоа не му го заборавил.

Денес Поро е еден од хероите на Шпанија, а неговиот дедо не можеше да ги задржи солзите кога го доби медалот.

„Ова е огромна гордост, немате претстава колкава. Мисијата е успешно завршена“, изјави трогнатиот дедо.

Педро Поро е роден во Дон Бенито, но бидејќи неговиот татко Луис и мајката Ева биле зафатени со работа, тој главно израснал со баба му и дедо му.

„Мајка ми работеше во ’Меркадона‘, а татко ми прифаќаше каква било работа што ќе ја најдеше, па затоа баба ми и дедо ми се грижеа за мене. Немаше некоја посебна причина, родителите едноставно работеа, а баба ми и дедо ми ја презедоа улогата на татко и мајка кога тие не беа тука. Секогаш се сеќавам како мајка ми заминуваше на работа во три наутро и ме носеше кај баба ми. Имавме финансиски тешкотии дома и секогаш со убави чувства се сеќавам како дедо ми ме носеше насекаде, без оглед на сè. Секогаш наоѓаше начин да ме израдува, а сега сум многу среќен што можам да му возвратам. Најсреќен сум кога можам да им возвратам за сета љубов и поддршка што ги добивав уште од самиот почеток. Бог да ве благослови; пред мене се уште многу години кариера и нив ќе им ги посветам“, изјави тој пред Светското првенство, а сега го освои и одличјето.

Педро Поро го наследи Дани Карвахал на позицијата десен бек во шпанската репрезентација и досега има одиграно 24 натпревари и постигнато два гола.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер