Завршија археолошките истражувања на локалитетот „Кале" кај село Стари Град - Канал 5

Завршија археолошките истражувања на локалитетот „Кале" кај село Стари Град

Археолошка екипа од локалната установа Народен музеј од Велес од средината на септември до средината на октомври изведe археолошки истражувања на локалитетoт Кале каj село Стари Град. 

Завршија археолошките истражувања на локалитетот „Кале" кај село Стари Град

Годинашните истражувања ја потврдија констатацијата дека археолошкиот локалитет Кале – Стари Град поради својата геостратешка положба егизистирал низ долг хронолошки период од енеолитот па сè до средновековниот период. Неговите истражување во голема мера ја отсликува состојбата на античката населба која условно кажано претставувала дел од мрежата на тврдини односно воени упоришта поставени на стратешки места на просторот на средното Повардарие во периодот на последните три века од старата ера кои покрај својот воен карактер постепено прераснуваат во населби кои егзистирале се' до крајот на антиката, информира за МИА археологот д-р Анита Василкова Мидоска, кустос советник, раководител на истражувањата.

Локалитетот е лоциран на најнискиот северен огранок на планинскиот масив Соколчица кој е само продолжение на планината Руен на десната страна на реката Бабуна во непосредна близина на новоформираната населба Стари Град.

Таа појаснува дека главниот фокус на годинашните археолошки истражувањата на овој локалитет претставувале продолжување на археолошкото истражување на локалитетот започнато уште во 2018 и 2020 година и се одвивале на два сектора.

Сектор 4 кој е лоциран на просторот северно од акрополата-највисокиот дел од градот и претставува еден вид на премин од акрополата кон подградието.

-Истражувањата на овој сектор започнаа уште во 2015 година, а според добиените сознанија и археолошките истражувања сугерираат дека дека посочениот простор бил населен подолго време. Засега според археолошките наоди можеме да констатираме траги на интензивно живеење во периодот од 2 век п.н.е. па се' до средновековниот период односно до 14 век н.е, појасни Василкова Мидоска.

Таа информира дека со претходните истражувања делумно биле откриени архитектонски остатоци (ѕидови) кои сугерираат постоење на најмалку три објекти изведени во различна техника на градење со употреба на камен и кал со неколку фази на ремоделација на објектите.

Мидоска појаснува и дека движните археолошки наоди главно припаѓаат на перидот на 3-5 век од н.е. иако има спорадични наоди и од 2-1 век п.н.е. ососбено во рамките на нумизматичкиот материјал.

-Оваа година беше откриен уште еден објект за домување, кој заради големите димензии беше само делумно истражен. Откриените ѕидови се градени во техника на сувоѕид со користење на кал и камен, а на одредени места има и траги од ремоделации. Овој објект кореспондира со објектите кои се откриени во претходните истражувања. Според движните археолошки наоди, тој бил во употреба во перидот од 3-5 век н.е. и имал функција на објект за домување.

Мидоска информира и дека оваа година таа со екипата прв пат направиле и сондажни истражувања на просторот на акрополата односно на највисокиот дел од населбата и притоа биле откриени два објекти.

– Нивната функција и намена засега останува енигма затоа што тие се делумно откриени и се надеваме дека во понатамошните истражувања ќе добиеме попрецизни резултати. Ѕидовите се со големи димензии, а камењата се обработени и поврзани со кал и малтер. Според нумизматичките наоди објектите припаѓаат на 4 век н.е. односно во периодот на наследниците на Константин Велики, појасни Василкова Мидоска.

Додава дека од наодите најмногу е застапена керамиката односно садови кои биле во употреба во секојдневието на античкиот човек и во најголема мера се локална продукција која ги отсликува тогашните трендови на производство и креација, а се откриени и наоди од метал.

Археолошките истражувања на локалитетот Кале кај село Стари Град претставуваат дел од Годишната програма за финансирање на проекти од национален интерес за 2021 година на Министерството за култура, во висина од 160 илјади денари.

Истражувањата на локалитетот се започнати уште од 2005 година со повремени паузи и заедно со годинашните се реализирани шест истражувачки кампањи (2005, 2006, 2015, 2018 и 2020 и 2021 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бен Симонс поради повреда ја пропушта НБА сезоната

Засилувањето на НБА тимот, Сакраменто, Бен Симонс, ќе мора да направи долга пауза откако на тренинг ја повреди Ахиловата тетива.

Бен Симонс поради повреда ја пропушта НБА сезоната

Сакраменто доби исклучително лоши вести. Само неколку дена пред почетокот на лигашкиот дел од сезоната, „Кингси“ останаа без своето летно засилување – 30 годишниот Бен Симонс ја скина десната Ахилова тетива за време на тренинг.

Според првичните прогнози, тој ќе ја пропушти целата сезона. Симонс, скршен по несреќниот настан, се огласи на социјалните мрежи, обидувајќи се да најде утешни зборови за себе, за својата кариера и за навивачите, ветувајќи дека ќе се врати на теренот посилен отколку што беше пред повредата.

„И претходно сум се соочувал со предизвици што ме ставале на тест – ментално, физички и емоционално – но секојпат успевав да најдам начин да ги надминам. Оваа повреда е само уште едно поглавје на мојот пат, а не крај на мојата приказна. Никогаш не е лесно да се биде надвор од теренот и далеку од играта што ја сакам, особено по сè низ што поминав за да се вратам. Сепак, ако сум научил нешто, тоа е дека човекот не е дефиниран од тешкотиите со кои се соочува, туку од начинот на кој реагира на нив. Сум паѓал и претходно, но секогаш сум наоѓал начин повторно да станам. Овој пат нема да биде поинаку“, заклучи тој.

Отсуството на Симонс од теренот не претставува проблем само за играчот избран во првата рунда на драфтот во 2016 година, туку и за екипата на Кингс.

Австралиецот, требаше да и се врати на кошарката и повторно да го демонстрира својот раскошен талент, откако ова лето потпиша едногодишен договор вреден 3,5 милиони долари.

Минатата сезона тој беше дел од Клиперс, но ја пропушти целата година поради закрепнување. Во подготвителниот период тој го пронајде својот ритам, бележејќи просек од 10,5 поени, четири скока и четири асистенции. За жал, Симонс уште еднаш покажа дека едноставно нема среќа. Бројни повреди и проблеми го оддалечија од теренот – местото каде што се очекуваше тој да испише историја во НБА. Неговиот статус како прв пик на драфтот го наговестуваше тоа, но повредите на грбот, проблемите со менталното здравје и многу други препреки му застанаа на патот на Бен Симонс.

Според тоа, Сакраменто ќе мора да ја започне новата сезона без Симонс; првиот натпревар е закажан за ноќта меѓу среда и четврток, во 4:30 часот наутро. Проблем за Кингс не е само Австралиецот, туку и Малик Монк, кој заработи повреда на глуждот. Максим Рено и Дилан Кардвел се надвор од терените до ноември, па така, ситуацијата во која се наоѓа тимот е далеку од идеална.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бугарија итно крена ловци „МиГ-29“ поради дојава за бомба!

Бугарија итно крена ловци „МиГ-29“ поради дојава за бомба! Патничкиот авион изврши принудно слетување.

Бугарија итно крена ловци „МиГ-29“ поради дојава за бомба!

Авион на лет од Тел Авив кон Виена извршил принудно слетување во Софија по закана за поставена бомба, при што бугарските воздухопловни сили подигнаа ловци „МиГ-29“.

Министерството за одбрана на Бугарија денеска соопшти дека бугарските воздухопловни сили ги активирале своите капацитети за заштита на националниот воздушен простор, откако авион што полетал од Тел Авив синоќа извршил принудно слетување во Софија поради закана со бомба, пренесе „Тачно“.

Операцијата на бугарските сили била спроведена во координација со Центарот за комбинирани воздушни операции во Торехон, Шпанија, јавува БТА. Авион „Ербас А320“ на летот OS82 од Тел Авив кон Виена бил пренасочен кон Софија во неделата вечерта, откако била пријавена закана со бомба, по што слетал на аеродромот „Васил Левски“ во бугарската престолнина, се наведува во соопштението.

Според првичните информации, во леталото имало шест члена на екипажот и 51 патник, соопшти бугарското Министерство за транспорт и врски. Додека авионот се приближувал кон границата со Романија, екипажот пријавил дека добил закана со бомба и донел одлука за принудно слетување во Софија.

Во исто време, бугарските воздухопловни сили испратија ловци „МиГ-29“, кои ги спроведоа процедурите предвидени за вакви околности. Според бугарската агенција, формирана е оперативна група за брза реакција, а надлежните органи започнаа истрага. Според податоците од веб-страницата „FlightRadar24“, овој авион на „Austrian Airlines“ слетал во Софија во неделата во 20:42 часот по средноевропско време.

„Можеме да потврдиме дека беше упатена закана кон летот OS82 на линијата Тел Авив – Виена, поради што беше неопходно принудно слетување во Софија (SOF)“, соопштија од „Austrian Airlines“.

Патници изјавиле за израелскиот портал „Ynet“ дека вонредната ситуација настанала по анонимна дојава за присуство на експлозив во авионот. Во леталото наводно се наоѓала делегација на млади луѓе кои требало да говорат пред Обединетите нации, пренесува „Times of Israel“. Поради ова, авионот наводно испратил сигнал за итна помош.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Резултатите ја демантираат СДС, со истиот кандидат кој лани им беше носител на листа за советници освоија 57 помалку гласови

Резултатите ја демантираат СДС, со истиот кандидат кој лани им беше носител на листа за советници освоија 57 помалку гласови, додека ВМРО-ДПМНЕ има раст од скоро 600 гласа.

ВМРО-ДПМНЕ: Резултатите ја демантираат СДС, со истиот кандидат кој лани им беше носител на листа за советници освоија 57 помалку гласови

СДС се повеќе тоне.

Резултатите од изборите во Брвеница ја демантираа радоста на СДС дека имаат помал пораз од последните локални избори минатата година.

Нивниот пораз е уште поголем од ланските избори.

Тоа што јасно може да се види е дека СДС сега имаат 57 гласа помалку од гласовите на советничка листа лани, кога истиот кандидат им беше носител.

Односно истиот човек лани, како носител на листа за советници, освоил повеќе гласови отколку годинава како кандидат за градоначалник.

За појасно да и биде на јавноста, но и на СДС, лани освоија 763, додека вчера, за истиот кандидат гласале 706 граѓани.

Кога веќе зборуваме со факти и бројки, вистината е следна.

ВМРО-ДПМНЕ освои за скоро 600 повеќе од ланските избори.

Имено, на листа за советници лани освоивме 2371 глас, додека вчера за Стојанчо Радичевски гласале 2943 граѓани.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер