Завршија 52. Рацинови средби - Канал 5

Завршија 52. Рацинови средби

Со уметничкиот перформанс „Бесмртна“ доцна синоќа на Спомен костурницата од НОВ во Велес завршија 52-те Рацинови средби, посветени на поетот и револуционер Коста Солев Рацин. Рациновите средби, традиционално, ќе бидат заокружени со денешната посета на Лопушник кај Кичево, местото на погибјето на Рацин на 13 јуни 1943 година.

Завршија 52. Рацинови средби
На синоќешната свеченост беа доделени и годинашните највисоки награди. Рациновото признание го доби Димитрие Дурацовски за неговиот роман „Бледи сенки, далечни гласови“, а Почесното Рациново признание Олга Панкина, писател и преведувач од Русија која живее и твори во Македонија. Признанието и се додели заради афирмација на македонскиот јазик, литература и култура во Русија, а пред присутните беа претставени и нивните портрети.

Примајќи го Рациновото признание за 2015, писателот Димитрие Дурацовски упати благодарност до организацискиот одбор и жири комисијата. Панкина, пак, изјави дека ова е многу значајна награда за неа, бидејќи, како што нагласи, е поврзана со името и творештвото на големиот македонски поет Кочо Рацин.

- Наградата за мене е значајна, но претставува и поттик за натамошна работа, истакна Панкина, додавајќи дека пред пет години на нејзина иницијатива е формирано невладиното здружение Македонски културен центар преку кој се промовираат писатели и културата воопшто.

Таа досега има преведено и објавено над 50 книги со 300 до 500 страници или 263 македонски писатели и поети меѓу кои е и Рацин кој е застапен во посебни антологии на македонската поезија, доста читани во Русија.

Според Панкина, во градот Твер, 150 километри од Москва, во големата државна библиотека има сала на словенските поети. Таму пред неколку години е отворен портретот на Кочо Рацин.

На синоќешната завршна свеченост имаше и поетски митинг по што концерт одржа Сашко Костов, музички уметник од Велес.

Претходно, попладнето, кај Спомен Костурницата во Рациновата шума организаторите и учесниците на средбите традиционално засадија 13 млади садници од дрвца,во чест на Рацин. Се одржа и веќе востановената Процесија „Илјада свеќи за Рацин“ уметнички перформанс: во Спомен куќата на Рацин, кај Градскиот саат, пред споменикот на Рацин во центарот на Велес. Процесијата првпат заврши со симболично фрлање на Рациновиот венец од мостот Гемиџии во Вардар. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Да оставиме пример, не ѓубре - Скопје повторно се обединува во најголемата еко-акција досега!

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави дека во среда, во 11:00 часот, продолжува најмасовната акција за чистење на Скопје.

Ѓорѓиевски: Да оставиме пример, не ѓубре - Скопје повторно се обединува во најголемата еко-акција досега!

- Љубовта кон Скопје се гледа во делата. Во секој исчистен парк, во секое уредено маало, во секој човек што одлучил да даде свој придонес за градот во кој живее. Повторно со илјадници волонтери, во сите скопски општини, со силна волја да покажеме колкава промена можеме да направиме кога работиме заедно. Ќе чистиме на повеќе од 50 локации - паркови, улици, пешачки патеки, јавни површини и простори меѓу зградите. Секое маало е важно. Секој дел од Скопје заслужува внимание, грижа и чиста околина – изјави Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека во акцијата за чистење на Скопје повторно ќе се вклучат општините, градоначалниците, учениците и сите граѓани што сакаат да вложат дел од своето време за заедничко добро.

- Луѓе од различни генерации и професии, обединети околу желбата за почисто, поубаво и поздраво Скопје. Ве повикувам да ни се придружите. Повикајте ги соседите, пријателите и колегите. Да се собереме таму каде што секојдневно живееме, се движиме и ги создаваме спомените. Да се погрижиме за местата каде што играат нашите деца и да им покажеме што значи да се биде одговорен кон својот град. Затоа што секое дете што ќе види возрасен како се грижи за околината, добива пример што вреди повеќе од илјада изговорени зборови. Како што најавивме, овие акции ќе се одржуваат двапати месечно. Ќе бидеме упорни, ќе се собираме повторно и ќе градиме традиција на заедништво и одговорност. А вистинскиот успех ќе биде кога грижата за чистотата ќе продолжи и меѓу две акции, секој ден, во секое маало. На неодговорноста ќе одговориме со личен пример. На секое несовесно фрлање отпад ќе му се спротивставиме со свест, истрајност и илјадници луѓе решени да го чуваат својот град. Но, и со одговорност. Верувам во скопјани. Во нашата солидарност, во нашата енергија и во решителноста да направиме нешто добро што ќе остане и по нас. Во среда, да ги засукаме ракавите и да покажеме колку силно може да биде Скопје кога неговите луѓе ќе се обединат. За чисти маала, за здрави деца, за град на кој ќе бидеме горди. Да оставиме пример, не ѓубре! – истакна Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стојкоски на „Un forum of mayors 2026 во Женева: Ѓорче Петров пример за успешна меѓународна соработка

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, учествува на Форумот на градоначалници на Обединетите нации – UN Forum of Mayors 2026 во Женева, како единствен претставник од Македонија.

 Стојкоски на „Un forum of mayors 2026 во Женева: Ѓорче Петров пример за успешна меѓународна соработка

Учеството на овој меѓународен форум претставува можност за претставување на општинските искуства и постигнувања, размена на добри практики со градоначалници од различни земји и развивање партнерства за идни заеднички проекти.

Општина Ѓорче Петров ја гради меѓународната соработка како важен дел од својот локален развој. Преку партнерства и учество во меѓународни иницијативи, општината го зајакнува својот капацитет за реализација на проекти, воведување нови решенија и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

Присуството во Женева отвора дополнителни можности за соработка во областите на одржливиот развој, климатската отпорност, уредувањето на јавните простори и унапредувањето на јавните услуги. Целта е стекнатите знаења и воспоставените контакти да придонесат кон конкретни активности и проекти во Ѓорче Петров.

Со учеството на UN Forum of Mayors 2026, Ѓорче Петров ја потврдува својата определба за отворена, активна и посветена локална самоуправа, која преку меѓународна соработка создава нови можности за своите жители.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Клековски во Белград: Соработка со референтните институции во Србија и зајакнување на капацитетите дома

Министерот за здравство, Сашо Клековски, денеска, беше во работна посета на Белград. Таму оствари средба со министерот за здравство на Република Србија, д-р Златибор Лончар и го посети Универзитетскиот клинички центар на Србија (УКЦС).

Клековски во Белград: Соработка со референтните институции во Србија и зајакнување на капацитетите дома

На почеток на средбата со министерот Лончар, Клековски се заблагодари за помошта што Србија ја пружи од првите часови по трагедијата во Кочани. Двајцата министри разговараа за натамошното лекување на повредените од Кочани во српските здравствени установи, според претходната иницијатива.

Во фокусот на средбата беше соработката со референтните институции во Србија за високоспецијализирана здравствена заштита и зајакнувањето на капацитетите во Македонија, преку:

упатување на лекување и високоспецијализирана помош за сложени состојби;

второ мислење и стручни консултации со заеднички стручни тимови за сложени случаи;

партнерства меѓу референтните центри во Србија и клиниките во Македонија — практична обука, стручни престои и менторство на клиничките тимови.

Министрите разговараа и за дигитализацијата и интероперабилноста на здравствените информациски системи, со интеграција на податоците од јавниот и приватниот сектор. Србија го користи и системот „Мој термин“, кој е развиен во Македонија.

Во Универзитетскиот клинички центар на Србија, најголемата здравствена установа во Србија, министерот Клековски се сретна со в.д. директорката, проф. д-р Јелена Друловиќ.

На средбата стана збор за можностите за соработка меѓу УКЦС и универзитетските клиники во Скопје, за упатување на пациенти со сложени состојби, заеднички стручни консултации и стручни престои за македонските клинички тимови. Разговараа и за организациски прашања, а потоа ја посетија Клиниката за неврологија, со фокус на згрижување на лицата со мозочни удари и Центарот за мултипла склероза.

„Целта не е нашите пациенти да патуваат подалеку, туку знаењето да дојде поблиску. Тоа што денес за сложените случаи го бараме надвор, со заеднички тимови, обуки и менторство утре треба да го имаме дома“, изјави министерот Клековски.

Министерот Клековски во текот на посетата беше придружуван од амбасадорот на Македонија во Србија, Никола Тупанчевски

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер