Димитриеска-Кочоска: Исполнети чекорите од Реформската агенда посветени на транспарентност, отчетност и подобро управување со јавните финансии
2Димитриеска-Кочоска: Исполнети чекорите од Реформската агенда посветени на транспарентност, отчетност и подобро управување со јавните финансии
3Венецуелците рачно ги пребаруваат урнатините на зградите додека владините багери стојат неискористени, нема бензин
КултураЗавршија 11. Струшки книжевни средбиСо традиционалниот поетски хепенинг денеска во Вевчани заврши меѓународната манифестација „Струшки книжевни средби 2023“, што по 11. пат ја организира културниот центар „Бран“ од Струга.Манифестацијата почна синоќа со промоција на трите тома од книгата „Мојата Струга“ на Наум Бајо, а врачени беа и традиционалните награди „Животно дело“ на новинарот, публицист, поет и раскажувач Мишо Китаноски, за автор на годината на Дарко Лешоски и млад автор на годината на Емилија Карафилоска. Награда за „Посебни книжевни достигнувања на автор од странство“ ја доби црногорскиот книжевник, Лабуд Н. Лончар. -Според масовноста во присуството и реализираните содржини, се покажа, уште еднаш, дека жителите на Струга, а со нив и потомците, имаат слух за поетското создавање, соодветно на славата на легендарните претци – браќата Константин и Димитар Миладинови, соопшти организаторот. Во големата сала на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“, настапија бројни автори од Северна Македонија, Србија и Црна Гора. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Домашни плескавициВо среда (24.06.2026) во емисијата гостин ни бeше Пеце Ристески.Состојки за денешниот рецепт: 300 гр. мелено месо 1 главица кромид 150 гр. кашкавал 100 гр. лебни трошки малку магдонос масло сол и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотАпсолутниот рекорд за јуни е соборен, светските океани никогаш потоплиОкеаните и морињата во светот бележат невидени температури за ова време од годината. Рекордот на сите времиња за јуни е соборен, што предизвикува загриженост за последиците врз глобалното време и морскиот свет. Според податоците од Европската служба за климатски промени „Коперник“, која комбинира мерења од сателити, бродови и пловки, просечната глобална температура на површината на морето достигна 20,86 степени Целзиусови на 21 јуни, а 20,89 степени на 28 јуни, надминувајќи го рекордот од 2024 година, пишува CNN. Невообичаената топлина беше поттикната од почетокот на Ел Нињо, природен климатски феномен обележан со невообичаено топли води долж екваторијалниот тропски Пацифик. Иако Ел Нињо штотуку започна, тој би можел да се интензивира и да стане еден од најсилните во последните децении. Во позадина на сè, велат научниците, е климатската криза предизвикана од човековата активност, која исто така ги зголемува температурите. Со децении, океаните дејствуваа како главен резервоар на топлина на планетата, апсорбирајќи 90 проценти од вишокот топлина генерирана од човековото согорување на фосилни горива.Тагови: океани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Паниката и стравот од пораз ги обедини СДС и Левица против Изборниот законикСДС и Левица уште еднаш покажаа дека кога треба да избираат меѓу државниот и партискиот интерес, секогаш го избираат партискиот. Паниката и стравот од пораз ги обедини СДС и Левица против Изборниот законик.Со месеци учествуваа во изработката на Изборниот законик, даваа предлози, а ВМРО-ДПМНЕ ги прифати речиси сите нивни забелешки. Единственото барање на кое инсистиравме беше македонската дијаспора да добие можност да гласа по електронски пат на претседателските избори. Тоа прво го прифатија, а сега токму поради тоа го блокираат Законот. Очигледно е дека на СДС и Левица им пречат реформите, напредокот и секој успех на Македонија. СДС и Левица треба да знаат дека овој Изборен законик не е партиски документ. Тој е дел од Реформската агенда, усогласуван со препораките на ОБСЕ и ОДИХР и е важен чекор кон исполнување на обврските што државата ги има преземено. Затоа е неразбирливо зошто СДС и Левица денес го блокираат токму она што вчера го договараа. Единствениот логичен одговор е дека политичката пресметка им стана поважна од интересите на државата. Ги повикуваме да престанат со политичките игри, да ги повлечат амандманите кои служат само за опструкција и заеднички да го донесеме Изборниот законик во интерес на граѓаните и на европската иднина на Македонија. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи државата да биде заложник на политички калкулации. Ќе продолжиме да работиме одговорно, да ги спроведуваме реформите и да ги штитиме интересите на сите граѓани, вклучително и на македонската дијаспора, која заслужува еднакво и современо право на глас. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook