Заврши училишната Лига Центар 2023, награди и стипендии за најдобрите тимови и ученици - Канал 5

Заврши училишната Лига Центар 2023, награди и стипендии за најдобрите тимови и ученици

Во спортската сала на ООУ „11 Октомври“ во Општина Центар, се одржа свечено затворање на Лига Центар 2023 и со финален натпревар во ракомет се одбележа крајот на училишните спортски натпревари што се реализираат од минатата година.

Заврши училишната Лига Центар 2023, награди и стипендии за најдобрите тимови и ученици

На настанот присуствуваа деканката на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, Ленче Алексовска Величковска, директорот на Агенцијата за млади и спорт и поранешен репрезентативец во ракомет, Наумче Мојсовски, селекторот на млада фудбалска репрезентација до 17 години и поранешен фудбалер и тренер, Вујадин Станојковиќ, претставник од Кошаркарската федерација на Македонија, Ѓорѓи Чековски, поранешен репрезентативец и актуелен тим-менаџер на сениорската кошаркарска репрезентација и Едина Муса, кошаркарка и советничка во Општина Центар.

Општината ги награди најдобрите училишни тимови и најдобрите играчи на натпреварите во Лига Центар 2023 со пехари, медали, дипломи и парични награди, Фудбалската федерација на Македонија донираше спортска опрема за наставниците по спорт во сите основни училишта во Општина Центар, а беа доделени и спортски реквизити од Федерациите и Агенцијата за млади и спорт.

Спортските игри Центар 2023 традиционално се организираат и се реализираат под покровителство на Општина Центар. Учениците се натпреваруваат во лига-систем по Бергеров модел во повеќе дисципини, односно кошарка, фудбал, ракомет, одбојка, крос, пинг-понг и во други спортски активности. Општината ги наградува наставниците со 5.000 денари, а за освоено прво, второ и трето место по спортска дисциплина се добиваат парични надоместоци од 10.000, 8.000 и 6.000 денари, додека најдобрите играчи и стрелци на натпреварите се стипендираат со 3.000 денари во период од осум месеци.

Општината дава поддршка за развој на спортот и негова промоција во разни спортски дисциплини. Покрај спортско-рекреативните содржини наменети за учениците, се доделуваат спортски стипендии за талентирани спортисти и финансиски се поддржуваат спортски клубови, спортисти поединци, спортски институции, здруженија и други организации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Што промени светската музичка ѕвезда,  Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа  вака супер на 57 години.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело.

Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање.

Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога.

Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена.

Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Најпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. 

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот.

На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално.

https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed

„Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото.

Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

Еврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви.

Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција.

Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер