СветЗаврши тримесечната потрага по британска новинарка- ја нашле во хостел во Бразил (ВИДЕО)Британска новинарка која беше пријавена како исчезната во Бразил од февруари е пронајдена и е во добра состојба, соопшти полицијата.Шарлот Алис Пит, 32, беше пријавена како исчезната откако нејзиното семејство во Обединетото Кралство пријави дека изгубиле контакт со неа, јавува Би-Би-Си. Кон крајот на февруари беа објавени снимки од надзорните камери на хостелот во Рио де Жанеиро, каде што се пријавила на 17 февруари. Здружението на странски дописници во Бразил (ACIE) објави соопштение во кое изразува загриженост поради нејзиното исчезнување. „Таа изјави дека не сака контакт со членовите на семејството“ Во понеделник, бразилската полиција изјави за Би-Би-Си дека Пит била пронајдена уште во март во хостел во Сао Паоло и дека таа рекла дека не сака да има контакт со членовите на семејството. „Затоа, истрагата за исчезнувањето е затворена“, изјави портпаролот на Граѓанската полиција на Федералната држава Рио де Жанеиро. Во времето на нејзиното исчезнување, се верува дека последен пат контактирала со пријател на 8 февруари и рекла дека е во Сао Паоло и дека планира да патува во Рио де Жанеиро. Оттогаш, таа не одговорила. Неколку дена подоцна, нејзиното семејство од Велика Британија ја известило пријателката дека повеќе не можат да ја контактираат и ѝ ги доставиле на полицијата деталите за нејзиниот лет и копија од нејзиниот пасош за да помогнат во потрагата. Според нејзиниот профил на LinkedIn, Пит работела како новинарка во Рио и Лондон за медиуми како што се Ал Џезира и Тајмс.Тагови: новинарка хостел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСвечено отворени Ресурсниот и Младинскиот центар - КарпошПо повод одбележување на 50 години од основање на Општина Карпош, попладнево, во рамки на култниот спортски објект „Наум Наумовски Борче“ – Партизан, беа официјално отворени Младинскиот Центар – Карпош (МЦК) и Ресурсниот Центар – Карпош (РЦК).Идејата за отворање на двата младински центри на територија на Карпош, потекнува од Сотир Лукровски и Мирјана Пехчевска, а за нивната целосна реализација се погрижија претставниците од Секторот за развој од Општина Карпош, Александра Теова и Роберт Јанковски. И покрај тоа што овие два центри активно функционираат веќе три месеци, денеска беа официјално промовирани пред пошироката јавност. Станува збор за две нови простории во рамки на спортската сала Партизан, која Општина Карпош им ги отстапи на невладините организации и на младите карпошани, за да можат на едно место непречено да ги реализираат своите идеи, активности и иницијативи. На свеченоста присуствуваа жители од Карпош, претставници на невладини организации, на Халк банка, Стопанска банка, вработените од книжарницата Тримакс, како и првиот човек на Општина Карпош, Сотир Лукровски. „Особено значајно е што во работата на двата центри веќе се вклучени десет невладини организации, кои делуваат во различни области – од спортот и бизнисот, преку екологијата и младинските прашања, па сѐ до поддршката на лицата со попреченост. Затоа, нека Ресурсниот и Младинскиот центар – Карпош, бидат места каде ќе се раѓаат идеи, ќе се создаваат промени, во кои младите ќе се чувствуваат слушнати и поддржани, граѓанските организации ќе бидат секако добредојдени, а целата локална заедница ќе го препознае просторот за соработка и заедничко дејствување“ – истакна градоначалникот Лукровски. Во оваа пригода, градоначалникот Сотир Лукровски им врачи благодарници на претставниците на ХАЛК банка, Стопанска банка и Тримакс, за поддршката која ја пружија трите фирми, во насока на опремување на МЦК и РЦК. Во знак на поддршка за младите, голем дел од присутните гости донираа книги по личен избор, кои ќе ја збогатат колекцијата на младинската библиотека, која ќе функционира во рамки на Младинскиот Центар – Карпош. По повод свеченото отворање, гостите напишаа куси пораки и предлози до младите, додека пак младите испишаа креативни идеи како го замислуваат Карпош. Дополнително, манифестацијата беше разиграна со динамичните звуци на шест прекрасни младински бендови. Во пријатна атмосфера, младите се запознаваа, меѓусебно другаруваа и ширеа позитивна енергија. Од понеделник, Младинскиот Центар – Карпош ширум ги отвора вратите за младите, каде ќе се одржуваат тематски сесии, ќе се развиваат конструктивни дебати и ќе се презентираат нови идеи. Оттука се очекува да произлезат младински иницијативи, за подобрување на квалитетот на животот на сите жители кои се дел од оваа локалната заедница.Тагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЧекањето заврши: пристигна новата реалност во Тиго со намалени трошоциА што е потребно за една нова реалност? Понекогаш, само вистинскиот рецептТокму на оваа идеја е изградена новата кампања „Нова реалност во Тиго“, која ја поврзува една од најпрепознатливите македонски традиции со новата понуда на Тиго. Оваа есен, Тигомир тргнува во потрага по совршениот рецепт за ајвар, а Тиго ја открива својата формула за новата реалност – намалени трошоци и повеќе можности за клиентите. А, да се најде совршениот рецепт за ајвар во Македонија не е едноставна задача. Прашајте десет луѓе како се прави најдобриот ајвар и веројатно ќе добиете десет различни одговори – секој со своја тајна состојка, семеен рецепт и убедување дека токму неговиот е вистинскиот. Додека Тигомир ги истражува пиперките, традицијата и тајните на совршениот ајвар, Тиго веќе го има вистинскиот рецепт за својата нова реалност: намалени трошоци на кредит до 720.000 денари и до 72 рати, но и намалени трошоци на понудата за рефинансирање на постојните кредитни обврски. За вистинско добредојде, првиот кредит во Тиго.мк е целосно бесплатен, со рок на отплата до 30 дена. „Сакавме новата сезона да ја започнеме со нешто што е навистина наше, препознатливо и блиско до луѓето. Ајварот е тема за која сите имаме свое мислење, особено кога станува збор за тоа чиј рецепт е најдобар. Затоа на Тигомир му ја доверивме тешката задача да го пронајде совршениот рецепт. Во Тиго, пак, ќе се држиме до она што најдобро го знаеме: да им понудиме на нашите клиенти едноставни решенија со намалени трошоци и повеќе можности полесно да ги реализираат своите планови“, велат од Тиго. Кампањата ќе биде присутна преку телевизиски, дигитални и надворешни канали, како и во филијалите на Тиго ширум земјата. А потрагата на Тигомир по совршениот рецепт нема да остане само на екраните, туку ќе продолжи и преку дополнителни есенски активности. Совршениот рецепт за ајвар? Тигомир сè уште го бара. Но, кога станува збор за намалени трошоци и нови можности, новата реалност во Тиго веќе е тука.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре наутро ведро и студеноУтрото ќе биде ведро и студено. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 7, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 26 степени. За време на викендот времето ќе биде сончево. Од понеделник ќе биде сончево со променлива облачност во текот на денот. Утрата ќе бидат ведри и студени со ниски температури кои наместа ќе се спуштат под нула степени.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook