Заврши со работа Првата зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик - Канал 5

Заврши со работа Првата зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик

Во рамки на националната платформа за одбележување на 100-годишнината од раѓање на Блаже Конески, вчера заврши со работа Првата зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ.

Заврши со работа Првата зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик

Како што информираа организаторите за МИА, првата зимаска школа на МСМЈЛК, на далечина (онлајн) преку зум платформата во времетраење од десет работни денови, секој ден по 4 часа, во периодот од 25 јануари до 5 февруари 2021 година со вкупен фонд од 40 часа, значи отпочнувањето на прославата на овој голем јубилеј.

На отворањето на првата зимска школа пригодни видео-обраќања имаа претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски и министерката за образование и наука, Мила Царовска. Додека со поздравна реч на семинаристите им се обратија ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје, проф. д-р Никола Јанкуловски и директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска.

-И ете, 10-те работни денови се истркалаа, 40-те одработени лекторски часови летнаа (иако само лекторите знаат колку енергија потрошија, но и колку љубов дадоа и примија). Со мирно срце може да се заклучи дека сите пријавени беа пред своите екрани (зашто наставата се одвиваше на далечина на зум платформата). 50-те слушатели од 15 земји со страст (како оние мигови кога на часови се доаѓаше со националното знаме во позадина или кога се следеше наставата во кошула со македонски вез или кога паузите се обојуваа со убавата македонска песна, и со народната, но и со онаа на Каролина Гочева), но и со голема професионална посветеност одговорија на сите предизвици поставени од страна на нивните лектори: д-р Борче Арсов и м-р Биљана Стојановска (почетно ниво на познавање на македонскиот), д-р Гордана Алексова и м-р Бојан Петревски (средно ниво), м-р Бобан Карапејовски (напреднато ниво за јазик), д-р Весна Мојсова-Чепишевска и Елена Ѓорѓиовска (напреднато ниво за литература) и Роза Тасевска и Јован Ковачевски (напреднато ниво за преведување). Наставата за сите нивоа на познавање на македонскиот јазик се одвиваше по учебниците за македонски јазик за странци (достапни и на официјалната страница на УКИМ како ПДФ): „Тешкото" од Симон Саздов (почетно рамниште), „Лозје" од Гордана Алексова (средно рамниште), „Златоврв" од Анета Дучевска (напреднато рамниште – јазик) и „Везилка" од Весна Мојсова-Чепишевска (напреднато рамниште – литература и култура), во издание на УКИМ. Впрочем, и преку самите наслови на учебниците, инаку позајмени од творештвото на Блаже Конески, ние му се оддолжуваме и поклонуваме на великанот и на тој начин, истакна Весна Мојсова-Чепишевска.

За своето учество посетувачите на Зимската школа добиле Уверение. Претходните 53 Летни школи и 47 Меѓународни конференции дадоа околу 4500 досегашни учесници од 50 земји во светот меѓу кои се наоѓаат имињата на истакнати македонисти, професори по македонски јазик и литература на странските универзитети, слависти, балканисти, преведувачи, фолклористи, етнолози, археолози, научници и студенти што го изучуваат македонскиот јазик по универзитетите во светот.

Според Мојсова-Чепишевска, МСМЈЛК е еден вистински продолжувач на она што го започнаа Ѓорѓија Пулевски и Крсте Петков Мисирков кои први ја истакнаа посебноста на македонскиот јазик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Минчев на министерски состанок на RESPA: Регионалното партнерство во функција на европските стандарди и подобри јавни услуги

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, учествуваше на 18-тиот состанок на Управниот одбор на Регионалното училиште за јавна администрација (ReSPA) на министерско ниво, кој се одржа денеска во Белград, Република Србија.

 Минчев на министерски состанок на RESPA: Регионалното партнерство во функција на европските стандарди и подобри јавни услуги

На состанокот беше усвоен Буџетот на ReSPA за 2027–2028 година, како и годишниот финансиски план за 2027 година, со што се обезбедува континуитет на нејзината работа, програмите и активностите насочени кон унапредување на јавната администрација во земјите од Западен Балкан.

За Министерството за јавна администрација, ReSPA претставува значаен стратешки партнер во процесот на европска интеграција и спроведувањето на реформите во јавната администрација. Нејзината улога е особено важна преку реализацијата на специјализирани обуки, јакнењето на професионалните и раководните капацитети, експертската поддршка, регионалните проекти и размената на искуства и добри практики со земјите од регионот и Европската Унија.

Преку овие активности, ReSPA овозможува европските принципи и стандарди за добро управување да се преточат во конкретни знаења, вештини и подобрени институционални практики, што е особено значајно за унапредување на професионалноста и ефикасноста на администрацијата, модернизација на јавните услуги и градење институции кои се поодговорни, потранспарентни и поотворени кон граѓаните.

Регионалната димензија на ReSPA има дополнителна вредност бидејќи овозможува земјите од Западен Балкан заеднички да ги адресираат предизвиците во реформата на јавната администрација, да разменуваат искуства и да ги користат знаењата и експертизата на европските партнери. На тој начин, регионалната соработка станува важен механизам за побрзо приближување кон европските административни стандарди и зајакнување на подготвеноста на институциите за членство во Европската Унија.

На состанокот беа презентирани и главните постигнувања и активности на ReSPA во изминатиот период, вклучително и спроведувањето на нејзината програмска работа и соработката со партнерските организации.

Учеството на министерот Минчев ја потврдува заложбата на Министерството за јавна администрација за активно учество во регионалните иницијативи, продлабочување на соработката со ReSPA и целосно искористување на можностите што ги нуди ова партнерство за унапредување на националните реформски приоритети.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гвардиола одмора во Дубаи и гледа кошарка

Еден од најтрофејните тренери во светскиот фудбал, екс предводникот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, по напорните сезони на клупата на граѓаните е на заслужен одмор. 

Гвардиола одмора во Дубаи и гледа кошарка

Пеп во моментов одмора во Дубаи каде ја следи и кошаркарската Евролига.

Шест месеци по заминувањето од Манчестер Сити – со кој освои 20 трофеи – тој денеска беше забележан во Дубаи, на натпреварот од Евролигата меѓу домашниот клуб Дубаи и Анадолу Ефес.

Пред почетокот на натпреварот во „Кока-Кола Арена“, генералниот менаџер на клубот од Дубаи, Дејан Камењашевиќ, му врачи на Гвардиола клупски дрес на самиот терен со неоговото презиме и бројот четири – истиот број што прославениот тренер го носеше како фудбалер на Барселона во текот на 1990-тите години.

На овој меч Пеп се сретна и со свoјот пријател и сонародник од Каталонија, стратегот на домаќините Чави Пасквал, тренерот кој со Барселона ја освои Евролигата во 2010 година – токму во периодот кога фудбалскиот тим на Гвардиола доминираше во Европа.

Страста на Гвардиола кон врвната кошарка не е ништо ново. Ова е веќе негов втор натпревар во Евролигата во последниот месец, откако кон средината на октомври во Барселона го следеше дуелот Барселона и Олимпијакос, кој отиде во продолжение.

Тој, исто така, беше на трибините во „Палау Блауграна“ во 2022 година на натпреварот против АСВЕЛ, а во 2015 година, како тренер на Баерн, го гледаше натпреварот меѓу минхенскиот клуб и Химки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мексиканската претседателка му порача на Си дека сака поголема соработка со Кина

Мексиканската претседателка Клаудија Шеинбаум, во разговор со кинескиот претседател Си Џинпинг, изјави дека Мексико сака да ја зајакне соработката со Кина. 

Мексиканската претседателка му порача на Си дека сака поголема соработка со Кина

Како области од посебен интерес таа ги издвои технологијата, земјоделството, управувањето со водните ресурси, здравството и туризмот, пренесува Ројтерс.

Средбата се одржа во Шенжен – центар за технологија и производство во јужна Кина – во пресрет на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC).

Кинески предлози за соработка

Кинеските државни медиуми објавија дека Си Џинпинг повикал на искрени односи и продлабочување на меѓусебната политичка доверба. Тој нагласи дека двете земји треба да промовираат пријателска соработка и да го зајакнат стратешкото усогласување.

Си додаде дека соработката треба да се продлабочи и во областите на инфраструктурата, технологијата, чистата енергија, културата и туризмот.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер