Заврши снимањето на дебитантскиот краткометражен игран филм „Нова енергија“ на Сара Климоска - Канал 5

Заврши снимањето на дебитантскиот краткометражен игран филм „Нова енергија“ на Сара Климоска

Заврши снимањето на краткометражниот филм „Нова Енергија“, кој е во режија и по сценарио на Сара Климоска и корежисер Радован Петровиќ, а во продукција на „NEST Production“ на продуцентот Јорданчо Петковски.

Заврши снимањето на дебитантскиот краткометражен игран филм „Нова енергија“ на Сара Климоска

- „Нова Енергија“ ја следи приказната на две најдобри другарки кои низ заемна емотивна и практична поддршка успеваат да создадат нов заеднички живот бегајќи од токсичноста на нивните партнери. Ова е филм кои создава две хероини и преку нив ја слави женската исклучителна и некршлива конекција и нуди свежа перспектива за женските односи која ретко се видени во секојдневните медиуми, велат од „NEST Production“.

Главните улоги во филмот ги играат Сара Климоска и Тамара Ристоска. Освен нив, во „Нова Енергија“ настапуваат и Зоран Љутков, Александар Стоименовски, Мирјана Трпковска Костовска и Елена Сековска.

- Директорката на фотографија, Бојана Андриќ е една од најзначајните личности во Србија во областа на кинематографијата, позната по својата работа на многу успешни филмови како и потпретседателка на светската асоцијација на сниматели ИМАГО. Филмската екипа брои и талентирани автори како Горан Игњатовски (маскер), Михаил Панев (сценограф), Розе Трајчевска (костимограф), соопштуваат од „NEST Production“.

Оттаму истакнуваат дека „Нова Енергија“ е независен филм реализиран благодарение на приватни донации и компании пријатели на филмот. Копродуценти се „Вижн Тим“ – „Vision Team“ и Филмоскопија од Србија, JES Продукција и „Контраст филм“ од Скопје, а главни спонзори се Винарија Тиквеш, „Спорт Лаб“ и „Монозеро“.

По завршувањето на постпродукцијата, филмот „Нова Енергија“ ќе започне со прикажувања на домашни и меѓународни филмски фестивали, а подоцна ќе биде достапен и за пошироката публика./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американски претставници,Рубио нареди иранската делегација што присуствува на Генералното собрание на ОН веднаш да ги напушти САД, Иран демантира

Американскиот државен секретар Марко Рубио нареди иранската делегација што присуствува на Генералното собрание на Обединетите нации веднаш да ги напушти САД, соопштија американски претставници.

Американски претставници,Рубио нареди иранската делегација што присуствува на Генералното собрание на ОН веднаш да ги напушти САД, Иран демантира

Американскиот државен секретар Марко Рубио нареди иранската делегација што присуствува на Генералното собрание на Обединетите нации веднаш да ги напушти САД, соопштија американски претставници, што Иранската мисија при Обединетите нации го демантираше.

„Секретарот Рубио ја отстрани иранската делегација бидејќи го пречекорија дозволеното време за престој. Работата на Генералното собрание на Обединетите нации беше завршена, па беше време тие да си заминат“, изјави еден функционер за „Фокс њуз“. Иранската дипломатска делегација пристигна во Њујорк на 22 септември за да учествува на годишниот самит, а за време на престојот одржа разговори со американскиот тим на маргините на собирот.

Иранската мисија при Обединетите нации ги демантираше извештаите дека преговарачкиот тим на земјата бил протеран од Њујорк по налог на Стејт департментот на САД, наведувајќи дека членовите на делегацијата ги напуштиле САД според претходно утврден план.

Иранската мисија соопшти дека Стејт департментот бил однапред известен за планот за патување на делегацијата и ги оцени како неосновани тврдењата за нејзино протерување од САД, пренесе порталот „Уфук“.

Реакцијата уследи откако „Аксиос“ (Axios), повикувајќи се на американски функционер и извор од Стејт департментот, објави дека иранската делегација ја напуштила земјата по барање на американските власти. Иранската мисија го отфрли извештајот и го обвини американскиот Стејт департмент за ширење „лажни информации“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Агенцијата за национална безбедност: Попречувањето на пропагандни активности во функција на руските интереси

Агенцијата за национална безбедност во координација со други надлежни институции континуирано презема активности за откривање и попречување на пропагандна мрежа во земјава.

Агенцијата за национална безбедност: Попречувањето на пропагандни активности во функција на руските интереси

Агенцијата за национална безбедност во координација со други надлежни институции континуирано презема активности за откривање и попречување на пропагандна мрежа во земјава, која има деструктивна и малициозна агенда за остварување влијание врз јавниот дискурс, во корист на странски интереси.

Во рамки на заеднички координирани активности на АНБ, МВР и ОЈО, на 18.09.2026 г. преземени се истражни дејствија кон македонски државјанин надоврзан на странски фактори кои се креатори на пропаганден апарат со мрежа на портали интегрирани и во македонскиот медиумски простор.

Поради основано сомнение дека е сторител на КД „Предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост“ по член 319 од КЗ, „Одавање службена тајна“ по член 360 од КЗ и „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ по член 394-г од КЗ, извршен е претрес во неговиот дом при што се пронајдени и одземени предмети кои во моментов се предмет на дополнително вештачење.

Вистинските актери на оваа пропагандна мрежа која е во функција на руските интереси, се кријат преку клонирани псевдо-портали регистрирани со македонски интернет домен. Преку овие псевдо-портали се шират лажни вести, дезинформации и се врши преобликување на наративи за актуелни настани, со што се поткопува довербата во институциите и се поттикнува етничка и национална омраза и нетрпеливост.

Наведените активности се континуитет на претходно попречените проруски хибридни активности на македонски државјанин, надоврзан на овие пропагандни мрежи, за кого беше поднесена и кривична пријава за КД „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ по член 394-г од КЗ.

Агенцијата во рамки на своите надлежности ќе продолжи да презема активности во насока на детектирање и спречување на субверзивно-пропагандни активности преку мрежа на портали надоврзани на регионални проруски политички структури, со кои директно се поткопуваат стратешките евро-интегративни процеси на земјава, стои во соопштението од Агенцијата за национална безбедност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче за сè се против, не сакаат инвестиции и развој на државата

СДС и Филипче за сè се против, не сакаат инвестиции и развој на државата, ама затоа пак се за „прво Бугари во Устав, па сè останато“.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче за сè се против, не сакаат инвестиции и развој на државата

Венко Филипче почнува да се губи на политичката сцена, а СДС ја претвора во маргинална партија.

Внатрепартиски раскаран, во државата Филипче за се е против, не сака инвестиции, не сака развој, не сака индустрија, рудници, дата-центри, му смета се што значи развој на земјата и подобар живот за граѓаните.

Но, сепак, има нешто за што е Венко Филипче. Освен за марихуана економија, тој е и за, како што и самиот изјави, прво Бугари во Устав, па сè останато.

Очигледно Филипче наумил, по стилот на неговиот струмички ментор Зоран Заев, ново предавство на националните интереси и, бланко, прифаќање на се што доаѓа од Бугарија, да прифати.

Тоа што Венко Филипче треба да направи е јавно да одговори пред македонската јавност, неговите сопартијци со кои секој ден се кара, пред македонските граѓани, дали зад ваквата негова изјава стои нов бизнис договор на штета на македонските идентитетски обележја и државни интереси?

Практиките на тргувањата со националните интереси за лични придобивки и бизнис интереси веќе ни се познати од минатото од Зоран Заев, ментор и духовен лидер на Филипче, кои заедно на власт потпишаа капитулантски договор, сменија име на држава, прифатија бугарски диктат.

Народот веќе ги има прочитано и СДС и чиракот на Заев, Венко Филипче и нема да им дозволи за свои интереси да си играат со судбината на државата и идентитетските прашања, а ВМРО-ДПМНЕ ќе остане во сојуз со граѓаните за заштита на националните интереси и државниот развој.

А, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ како што до сега водеше политики кои носат инвестиции, раст на економијата и БДП кој во последниот квартал стигна до 4,3%, нови работни места, повисоки плати, инфлација пониска од еврозоната, во време на светска енергетска криза цените на горивата се најниски од земјите во регионот, така и понатаму ќе продолжи посветено да работи во интерес на граѓаните и државата.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер