Мачорот Лари е најстабилна фигура во британската политика- испрати шест премиери, сега го дочекува „Кралот на северот“
1Мачорот Лари е најстабилна фигура во британската политика- испрати шест премиери, сега го дочекува „Кралот на северот“
Шоу бизЗаврши снимањето на „Аватар 3“Снимањето на „Аватар 3“ е завршено, но филмот се уште нема да се појави во кината, изјави режисерот Џејмс Камерон. - Ни претстојат две исцрпувачки години постпродукција, па ќе излеземе на Божиќ 2025 година - откри Камерон на конференција во Нов Зеланд. Славниот режисер претходно изјави дека во третиот дел од филмот, гледачите ќе видат ново племе кое живее на планетата Пандора, воинствените луѓе од пепел. Презентацијата на четвртиот и петтиот „Аватар“ е планирана за 2029 и 2031 година. Епскиот научно-фантастичен филм „Аватар“ дебитираше на големото платно во 2009 година и заработи 2,924 милијарди долари, што го прави филм со најголема заработка на сите времиња. Продолжението „Воден пат“, чија премиера беше минатата година, заработи 2,32 милијарди долари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НБАТрамп со скандалозна изјава за Леброн Џејмс: Ги сакам само оние кои ме сакаат мене, тој можеби е расистДоналд Трамп посочи дека кошаркарската ѕвезда Леброн Џејмс би можел да биде расист. Во изјава за новинарите во петокот, тој рече: „Ги сакам само луѓето што ме сакаат“. Трамп одговараше на прашање за одлуката на Џејмс да потпише со Филаделфија 76ерс и дали го смета за подобар играч од НБА легендата Мајкл Џордан. „Мајкл Џордан е мој пријател. Мислам дека Леброн можеби е расист, а можеби едноставно не го сака Трамп. Не знам точно, но ми се допаѓаат само луѓето што ме сакаат. Затоа секогаш би бил на страната на Мајкл Џордан во тој избор“, рече американскиот претседател за ѕвездата која се согласи да работи со Филаделфија 76ерс и започнува рекордна 24-та НБА сезона. Долгогодишен конфликт Овие изјави се продолжение на повеќегодишниот спор меѓу Трамп и Џејмс. Нивниот конфликт трае од 2016 година, кога Џејмс ја поддржа Хилари Клинтон во нејзината кампања против Трамп. Потоа напиша дека е потребен „претседател кој нè зближува и нè држи обединети“. По победата на Трамп, конфликтот се интензивираше. Во 2017 година, претседателот ја поништи поканата до Голден Стејт Вориорс да ја посетат Белата куќа по освојувањето на титулата, на што Џејмс реагираше на социјалните мрежи. „Ти скитник. Одењето во Белата куќа беше голема чест додека не се појави!“, објави тој во тоа време. Трамп му возврати следната година по интервјуто на Џејмс за Си-Ен-Ен. Тој напиша дека водителот Дон Лемон „го направил Леброн да изгледа паметно, што не е лесно да се постигне“. Во тој разговор, Џејмс го критикуваше Трамп за напаѓање на спортисти со темна кожа кои протестираа против расната неправда со клекнување за време на националната химна. Поддршка за демократите и критики од други спортисти Оттогаш, Трамп повремено го напаѓа Џејмс, а во исто време го нагласува своето восхитување кон Џордан. Во петокот, тој рече дека играл голф со Џордан и дека тој е „навистина добар човек“. Џејмс, од друга страна, го поддржа Џо Бајден во 2020 година, а потоа и Камала Харис во нејзината неуспешна претседателска кампања во 2024 година против Трамп. „Кога размислувам за моите деца, моето семејство и нивното воспитување, изборот ми е јасен“, објави Џејмс на платформата X пред изборите во 2024 година, заедно со видео со серија контроверзни изјави на Трамп. Џејмс е само еден од низата професионални спортисти што Трамп ги критикуваше откако првпат се кандидираше за претседател пред една деценија. Ѕвездите на НБА, Стефен Кари и Кевин Дурант, беа меѓу нив во различни периоди.Тагови: Доналд Трамп Леброн Џејмс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСипаниците го погодија овчарството – сточарите бараат итни меркиОколу 2.700 грла овци досега се уништени поради појава на сипаници кај малите преживари. Од Сојузот на одгледувачи на овци по вчерашната средба со претставници од Агенцијата за храна и ветеринарство кажаа дека побарале итно разгледување на можноста за вакцинација, побрза реакција на терен, но и повисоко обештетување на сточарите. Предупредуваат дека ширењето на болеста може сериозно да го загрози сточарството во земјаа, додека од АХВ најавија дополнителни состаноци за разгледување на нивните барања. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНовите царини на Трамп го брануваат светот, само за Србија нема царини од САД Новите американски царини што од полноќ стапија на сила за повеќе од 80 држави и трговски партнери предизвикаа бран реакции низ светот. Додека дел од земјите најавуваат интензивирање на преговорите со Вашингтон, американскиот претседател Доналд Трамп испрати нови остри пораки кон Европската Унија, обвинувајќи ја дека со години неправедно ги таргетира американските компании. Трамп ја обвини Европската Унија дека со казни кои се бројат во милијарди против технолошките гиганти Ејпл, Мета, Амазон и Гугул спроведува, како што рече, нелегална и дискриминаторска политика. Најави дека Брисел ќе плател „значителна цена“ и повторно се закани со високи царини за европските производи, нагласувајќи дека Соединетите Американски Држави повеќе нема да бидат, како што рече, „касичка за Европа“. -Во земјата влегуваат млијарди долари благодарение на царините. Мислам дека победата на изборите на 5 ноември имаше влијание, но, најповеќе мислам дека царините се главната причина поради која денес имаме 19,2 трилиони долари инвестиции во земјава. Без царините ќе бевме во сериозна неволја – изјави Трамп. Во регионот, најголемо внимание предизвика одлуката Србија привремено да биде изземена од американските царини. Српскиот претседател Александар Вучиќ соопшти дека, додека траат разговорите со Вашингтон, царините за српските производи ќе бидат нула проценти За разлика од повеќе од 80 земји погодени со новите мерки, Македонија не е опфатена со новиот пакет американски царини. Македонските производи ќе продолжат да се извезуваат според редовниот американски царински режим, а за голем број производи тоа значи царинска стапка од нула проценти. Земјава не е засегната од новите царини, што според економските оценки им овозможува на домашните извозници да ја задржат својата конкурентска позиција на американскиот пазар, но доколку мерката не потрае долго. -Индиректните ефекти би можеле да се почувствуваат и во македонската економија доколку трговската војна дополнително се продлабочи – изјави Миновски. Новите американски царини отворија ново поглавје во глобалните трговски односи, со различни последици и реакции кај погодените земји особено оние во ЕУ. Додека дел од државите веќе бараат решение преку преговори со Вашингтон, исходот од трговските тензии меѓу најголемите светски економии по одлуката на Трамп ќе остане важен фактор и за домашната економија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКлековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04Забранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00