Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани
2Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани
КултураЗаврши ревитализацијата на Китиното КалеПо 18 месеци заврши ревитализацијата на Китиното Кале за чија обнова средства се обезбедени со грант од Европската комисија и десет проценти средства на локалната самоуправа Кичево. Целокупниот износ за ревитализација на Китиното Кале е 600.000 евра, од кои 60.000 евра ги обезбеди Општината. -Гордоста на Кичево, Китиното Кале, на крајот на летото блесна во нов сјај со ревитализацијата што се случи во изминатите 18 месеци. Од содржините кои се застапени со ревитализацијата на Китиното Кале се амфитеатарот и летната сцена со купола на највисоката кота од овој рид во средиштето на градот, мултимедијален центар е употреблив за секаков вид на промоции, а во рамките на истиот ќе биде лоциран и угостителски објект со јавно-приватно партнерство, истакна Дарко Белески, проект координатор. Тој додаде дека се изградени четири фонтани од кои две кружни и две надолжни, кои ќе работат во потоплиот дел од годината. -Од содржините вредно е да се напомене дека на калето е изградено и ново детско игралиште и пензионерско катче со столови со шаховски табли а на неколку локации се поставени и справи за вежбање на рекреативци кои го посетуваат овој локалитет, рече Белески. Како што нагласи, на целиот потег поставени се и 100 канделабри со лед светилки како и урбана опрема и посочи дека ќе бидат поставени безбедносни камери а ќе има и вработени кои ќе се грижат за хигиената на калето. -За да се спречи дивеење на урбаната опрема на калето, на повеќе локации ќе бидат инсталирани сензорни камери а во соработка со ЈП„ Комуналец" ќе бидат ангажирани работници за одржување на редовната хигиена на овој локалитет. Со сите содржини и превземени мерки за зачувување на целокупната опрема, се надеваме дека Китиното Кале ќе го задржи реномето на најпривлечно катче за посети во Кичево и кичевско и ќе се етаблира и надвор од нашите граници, додаде Белески. Тој потсети дека деновиве се планирало и свечено отворање, но поради предизборието, свеченото отворање е откажано.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаОгромен пожар му се заканува на Париз: Наредена евакуација, 400 пожарникари на терен Пожарникарите се борат со пожар од невидени размери што беснее во шумата Фонтенбло, југоисточно од Париз, што ги стави службите за итни случаи во состојба на готовност.Во неделата, пожарот предизвика делумно затворање на автопатот А6, главниот пат во Франција што ги поврзува северниот и јужниот дел од земјата, и го наруши сообраќајот на клучните железнички линии. Парискиот регион останува под највисоко ниво на предупредување за топлотен бран. „Овој исклучителен предел е зафатен од пламен; никогаш не сме виделе вакво нешто“, изјави тој за локалната телевизиска станица „ICI Paris Île-de-France“. Претставници на противпожарните служби изјавија дека може да поминат од неколку дена до неколку недели пред пожарот целосно да се стави под контрола, истакнувајќи дека тој е исклучително агресивен. NOW: A dangerous forest fire is approaching residential areas in the Fontainebleau Forest, Seine-et-Marne, Île-de-France, near Paris, France, with evacuations now underway. More than 800 hectares have already burned. For the first time in the Paris region, two Canadair water… pic.twitter.com/CnrHlSE0TT — Weather Monitor (@WeatherMonitors) July 13, 2026 Министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез изјави дека се евакуирани околу 900 домаќинства, но дека досега не изгореле куќи и нема повредени лица. Тој додаде дека е во тек истрага за да се утврди причината за пожарот. „Пожарот избувна на околу десет различни локации доцна вчера попладне, што може да укажува на тоа дека е предизвикан намерно. Нема да кажам ништо повеќе за тоа бидејќи истрагата е во тек“, рече Нуњез.Тагови: Париз пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри18:18Убиство во Скопје: Син со нож го убил татко си кој претходно ја нападнал неговата мајка10:58
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
МакедонијаМицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настаниВладеачкото мнозинство во парламентот го изгласа новиот владин кабинет. За нов министер за правда е избран Јетон Шасивари член на ВРЕДИ, за министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски од Движењето ЗНАМ, за нов министер за односи меѓу заедниците Агон Ферати од ВРЕДИ, за министер за здравство Сашо Клековски од ВМРО-ДПМНЕ, за нов министер за туризам и култура Седат Сулејмани од ВРЕДИ, за министер за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски од ВМРО-ДПМНЕ, за министер за локална самоуправа Иван Стоиљковиќ од ДПСМ, а за министер без ресор Ерџан Демир од ВМРО-ДПМНЕ. Премиерот Мицкоски синоќа на крајот од расправата, непосредно пред гласањето на новиот, реконструиран владин кабинет, упати извинување за, како што рече, случувањата во Собранието, изразувајќи надеж дека такви настани нема да се повторат. Пратеничката група на СДСМ претходно ја напушти седницата и на вонредна прес-конференција рече дека премиерот и старо-новиот министер, Иван Стоилковиќ, за време на расправата ги навредиле пратениците на СДСМ, Фатмир Битиќи и Митко Трајчулески. Сепак, револтирани поради тоа што не го добија бараното извинување и од кандидатот за министер Иван Стоилковиќ, пратениците на Социјалдемократскиот сојуз Демократската унија за интеграција и Алијансата за албанците ја напуштија седницата. Веднаш по ова, пратениците гласаа за реконструираниот владин кабинет, а осумтемина нови министри добија поддршка од 69-те присутни пратеници, без гласови против и без воздржани.Тагови: Собранието Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветБазенот пред Меморијалниот центар на Линколн во Вашингтон испразнетАмериканскиот претседател Доналд Трамп објави дека базенот пред Меморијалниот центар на Линколн во Вашингтон е испразнет поради поправки и дека „наскоро повторно ќе се наполни и ќе се пушти во употреба“. Тој го повтори своето тврдење дека вандали ја оштетиле облогата на базенот, правејќи големи засеци. Си-Ен-Ен потврди дека голем дел од базенот е испразнет, откривајќи исушен талог, алги и отпадоци на дното. Откако Трамп во април повика на реновирање на базенот, проектот – вреден над 14 милиони долари – се соочи со бројни проблеми, почнувајќи од појава на алги и зелена вода, па сè до лупење на дното на базенот и наводи за вандализам. „Исечениците беа долги 300 јарди“ „Денес го испразнивме прекрасниот Рефлектирачки базен за да ја поправиме штетата предизвикана од вандали пред две недели. Исечениците беа долги 300 јарди, а дното на базенот беше исечено и потоа насилно подигнато од тие хулигани“, напиша Трамп на социјалната мрежа „Truth Social“. Неговото најново тврдење дека оштетувањето на облогата се протегало на „300 јарди“ (приближно 274 метри) е значително поголемо од претходните проценки што ги изнел, а кои и онака се зголемувале со текот на времето. Првично, тој зборуваше за исеченица долга 250 стапки (околу 76 метри), но подоцна тврдеше дека „всушност имало повеќе исеченици долж делница од 350 стапки“ (околу 107 метри). „Службата за паркови мораше да го испразни водоотпорниот базен за да го поправи. Наскоро ќе биде повторно наполнет и повторно пуштен во употреба. Тој ѓубре што ја мрази нашата земја треба да плати висока цена за штетата што ја предизвика“, рече Трамп. Подоцна истата вечер, Трамп повторно проговори, критикувајќи ги медиумските извештаи за базенот и тврдејќи дека облогата била „исечена со нож или скалпел“ и дека дури и проблемите со алгите биле „предизвикани од вандали“. Во последните недели, најмалку три лица беа обвинети за уништување на имот откако наводно отстраниле дамки од сина боја од базенот. Сите се изјаснија за невини. Поранешниот олимписки кануист Дејвид Херн, кој исто така беше обвинет за истото кривично дело, се изјасни за невин минатата недела.Тагови: Вашингтон Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри18:18Убиство во Скопје: Син со нож го убил татко си кој претходно ја нападнал неговата мајка10:58
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55