ЗдравјеЗаврши рехабилитацијата на повредените од кочанската дискотека „Пулс“ во одмаралиштето на Пониква, лекувањето продолжува во болниците во Штип и КочаниФизијатарот Костадинов беше дел од тимот на лекари специајлисти, кои изминатите месеци работеа на рехабилитацијата на повредените млади луѓе во одмаралиштето на Пониква. Пред неколку дена заврши рехабилитацијата на повредените во кочанската дискотека „Пулс“ во одмаралиштето на Министерството за внатрешни работи на планината Пониква, потврди началникот на Одделението за физикална терапија во Клиничка болница-Штип, Никола Костадинов. Физијатарот Костадинов беше дел од тимот на лекари специајлисти, кои изминатите месеци работеа на рехабилитацијата на повредените млади луѓе во одмаралиштето на Пониква. Тој вели дека за неполни три месеци околу 150 млади луѓе добиле интензивна медицинска, психолошка и физикална поддршка. Повредените биле распоредени во три групи, кои имале по двонеделна рехабилитација и биле под надзор на лекари специјалисти од Клиниката за пластична хирургија во Скопје и физиотерапевти од болниците во Кочани и Штип. Костадинов посочува дека тимот на лекари, физиотерапевти, писхолог и здравствениот персонал е задоволен од целиот процес на заздравување на пациентите, кои го дале максимумот. -Добивме максимум од секој пациент, имаме добри резултати, кај дел од пациентите кои се полесно повредени функциите се враќат во нормала, тие што имаат посериозни повреди, кај нив процесот на заздравуваање е побавен. Меѓутоа, најважно од сѐ е што процесот на рехабилитација кај сите пациенти оди во нагорна линија, изјави Костадинов. Тој додава дека лекарите и медицинските тимови со лекувањето и интензивни физикални вежби на повредените млади луѓе ќе продолжат во штипската и кочанска болница. -Сега продолжуваме со рехабилитација во Општа болница во Кочани и во Клиничка болница, Штип. Моментално во Штип, имаме шест пациенти, но со затвараање на Пониква, се очекува бројот да се зголеми, додека во болницата во Кочани, бројот на пациенти ќе биде многу поголем, рече Костадинов. Предлогот одмаралиштето на Министерството за внатрешни работи на планината Пониква да се прилагоди за Центар за рехабилитација беше поддржан од Владата која обезбеди бесплатен третман за сите повредени.Тагови: Општа болница - Кочани Пожарот во Кочани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканПретставници на победничката Студентска листа го посетија КосовоОд Студентската листа порачаа дека за нив Косово и Метохија, зачувувањето на Српската православна црква, културниот и национален идентитет, како и заштита на правата на Србите на оваа територија се прашања од најголемо значење.Претставници на победничката Студентска листа во Србија, ја посетија територијата на Косово и Метохија. Од Студентската листа порачаа дека за нив Косово и Метохија, зачувувањето на Српската православна црква, културниот и национален идентитет, како и заштита на правата на Србите на оваа територија се прашања од најголемо значење. Иако во меморандумот кој летово го објавија студентите, се наведува дека Студентската листа го смета Косово за неотуѓив и составен дел на Србија, факт кој не подлежи на преговори сепак, неодамна, косовскиот премиер Албин Курти, ги повика претставниците на студентите да ја признаат независноста на Косово како главен показател за нивната демократската ориентација. Без признавање на Косово нема напредок на европскиот пат, им порача Курти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПреговорите меѓу Русија и Украина ќе продолжат наскоро, ќе се придружат ли европски претставници? Има напредок во преговорите меѓу Русија и Украина, нов состанок е веќе закажан, а европски претставници би треало да се вклучат во преговорите веќе од наредниот состанок.Изјавија двајцата американски медијатори - Стив Виткоф и Џеред Кушнер. Според најавите, следната рунда преговори би можеле да се оддржат во рок од две недели, меѓутоа учество на Европа засега не е потврдено од ниту еден европски претставник. Вчера, на состанокот на Европската политичка заедница, дел од европските лидери се спротиставија на барањето на Русија безбедносната архитектура на Европа да се дискутира како дел од мировните преговори за Украина. Францускиот претседател Емануел Макрон порача дека безбедноста на Европа ќе се одлучува во Европа, додека пак, високиот претставник на ЕУ – Каја Калас посочи дека постои редослед на дипломатскиот процес – прво прекин на огнот во Украина па мировно решение, а во последната фаза би можело да се дискутира за пост-воената европска безбедносна архитектура.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 НоемвриНа денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. По повод празникот, предвидено е положување цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта во Бутел, на Алејата на заслужните граѓани на гробот на генералот Михајло Апостолски на гробиштата во Бутел, како и пред споменикот на Ослободителите на Скопје пред зградата на Владата. Скопје денеска го одбележува 13 Ноември, Денот на ослободувањето на градот во Втората светска војна . Од Град Скопје информираат дека вечерва во Македонската опера и балет ќе се одржи свеченото доделување на наградата „13 Ноември“. На денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. Во ослободителните операции учествувале 42. и 50. Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада, кои по неколкудневни жестоки борби влегле во градот. Борбите се воделе на повеќе локации низ Скопје, меѓу кои на улицата „Илинденска“, кај Главната пошта, Офицерскиот дом, Народната банка и Старата железничка станица. Македонските борци ја спасиле хидроцентралата „Матка“ од уништување, додека граѓани учествувале во одбраната на Камениот мост од минирање. Во борбите за ослободување на Скопје загинале повеќе од 420 борци, а за време на целата Втора светска војна животот го загубиле околу 4.600 скопјани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20