Заврши ракометната Супер лига - Канал 5

Заврши ракометната Супер лига

Со одигрувањето на двата последни натпревара од 18. коло заврши првиот дел од ракометното првенство на Македонија – Супер лигата. Во Скопје Вардар Јуниор го победи Охрид со 23:22, додека Пелистер победи на гостувањето кај Борец во Велес со 30:25.

Заврши ракометната Супер лига
Претходно беа одиграни другите дуели од 18.коло: Металург 2 – Работнички 27:31, Пролет – Металург 15:27 и Прилеп – Радовиш 34:34.

Табела: Металург 54 бодови, Охрид 39, Работнички 39, Прилеп 31, Пелистер 24, Вардар Јуниор 24, Радовиш 22, Пролет 18, Борец 16, Металург 2 1.



Во плеј офот заедно со екипите на Вардар и Макс Струмица кои играа во СЕХА лигата за шампионската титула ќе играат четирите првопласирани екипи, додека другите шест екипи ќе разигруваат во плеј аут лигата. Во плеј аут лигата екипите ќе ги пренесат и резултатите од меѓусебните дуели со екипите против кои ќе играат.



Натпреварите од плеј офот и плеј аутот ќе продолжат на 20.април.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сојузот на борци од Тетово бара да се забрани именување улици по личности поврзани со фашизам и нацизам

Сојузот на борци на Тетово бара од пратениците со законски измени категорично да се забрани именување улици и инфраструктурни објекти со имиња на фашисти, фашистички организации или нивни соработници. 

Сојузот на борци од Тетово бара да се забрани именување улици по личности поврзани со фашизам и нацизам

Барањето, како што потврдија за Канал 5, го доставиле до координаторите на парламентарните партии од македонскиот блок - ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ЛЕВИЦА и ЗНАМ, а доаѓа како реакција на новите 145 имиња на улици во Тетово кои Комисијата во Општината ги усвоила пред неколку денови. Меѓу нив се најде и името на Фадил Сулејмани, човек кој, како што тврди Сојузот, го формирал нелегалниот Тетовски Универзитет, и кој во интервју во Софија, пред повеќе години отворено го негирал постоењето на на македонскиот народ. Од Сојузот на борци, велат дека очекуваат законските измени за заштита од фашистички или спорни имиња на улиците да се направат по примерот на оние со кои се интервенираше за заштита на националниот интерес, кога како што велат, низ државата почнале да се формираат бугарски клубови со профашистички имиња.

- Очекуваме Собранието да биде конзистентно и да препознае потреба да се превенира, исто и во доменот на определување на имиња на улици и други инфраструктурни објекти. Па затоа предложивме на координаторите на пратеничките групи точни прецизни и веќе скроени измени на 2 члена во законот за определување на имиња на улици. Во смисла на тоа изрично да се забрани именување на улица или инфраструктурен проект со име на фашист, фашистичка организација или нивни соработници или пароли коишто можат да се поврзат со тоа, изјави Даријан Сотировски, член на Претседателството на Сојузот на борци на Тетово.

Од Сојузот на борци дополнително бараат покрај претходната согласност од Владата, задолжително да се побара мислење од Комисијата за имиња, која како стручно тело е формирана согласно Законот за здруженија и фондации.

Работната група за именување на улици, формирана од страна на Општина Тетово, досега во два наврати излезе со предлог имиња за повеќе од 200 улици во Тетово. Од кабинетот на Касами велат дека постапката во Општината за утврдување нови имиња е се уште во тек, а селекцијата е поделена по групи. Според информациите останува да се усогласат уште неколку имиња на улици, но постои начелен договор меѓу коалициските партнери. Иако временски рок нема, од општина Тетово очекуваат целата постапка да заврши до Нова Година.

Уставниот суд во јуни ја укина одлуката одлуката на општина Тетово од 2007 за преименување на улиците во градот поради тоа што пред речиси 2 децении таа не добила согласност од Владата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ниту еден македонски универзитет повторно не се најде меѓу 1.000 најдобри на шангајската листа

Без пакетот нови закони за високо образование не може драстично да се поткрене квалитетот на македонското образование и наука, вели ресорната министерка Весна Јаневска.

Ниту еден македонски универзитет повторно не се најде меѓу 1.000 најдобри на шангајската листа

Без пакетот нови закони за високо образование не може драстично да се поткрене квалитетот на македонското образование и наука, вели ресорната министерка Весна Јаневска откако и оваа година ниту еден од македонските високообразовни институции не се најде во Шангајската листа на 1000 најдобри универзитети во светот.

-Не очекувавме во период од две години, особено без новите закони да има некое драстично придвижување на Шангајската листа, трите закони кои во моментов се во собраниска процедура очекуваме во еден догледен период, бидејќи и за тоа ќе треба време, значајно да го поткренат квалитетот во високото образование но и да се подобрат и другите индикатори, кои ги користат не само Шангајската листа туку и други листи за рангирање за да можеме да се придвижиме на тие листи,- -Весна Јаневска, министерка за образование и наука.

Законите за високо образование, научноистражувачка дејност и за квалитет во високото образование и наука засега се блокирани од албанскиот опозициски блок, а Јаневска им порача – ќе се соочиме во Собранието. Обвинувањата од ДУИ дека селективно го применува Бадентерот при гласање на овие закони, Јаневска ги оцени како несоодветни информации за придобивање на гласови во сопствените партиски редови.

-Не го оспорувам правото на учење на мајчин јазик, не оспорувам ниту едно право на заедниците кои живеат во нашата држава, ниту Бадентерот. Но, во случај кога политиката навлегува во образованието, сметам дека штетата е за сите. // Ние ќе се соочиме во Парламентот, досега ние имавме дискусии со академската заедница, од политички субјекти, ние сугестии за законите не сме добиле. Таму ќе го решаваме проблемот ако воопшто постои, ако не станува збор само за политика во образование,- -Весна Јаневска, министерка за образование и наука.

Според ДУИ, пакетот закони не ги вклучува забелешките на академската заедница кои се однесувале на нарушување на автономијата на универзитетите и привилегирана положба на одредени универзитети. Исто така тие обвинија на неинклузивен пристап при пишувањето на законите и најавија дека доколку останат во ваков вид, тие нема да дадат поддршка за нивно гласање.

На Шангајската листа Србија, Бугарија, Хрватска и Словенија се присутни со еден а Грција со четири универзитети. Освен Македонија, од регионот без свои пласирани универзитети на оваа академска листа се и Албанија, Косово, Босна и Херцеговина како и Црна Гора.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Здравјето на скопјани е премногу сериозна работа за да биде средство за дневнополитички поени

Демант на градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски на наводите изнесени во јавноста.

Ѓорѓиевски: Здравјето на скопјани е премногу сериозна работа за да биде средство за дневнополитички поени

„Вообичаено не реагирам на секоја прес-конференција на опозицијата.

Но очигледно дека новата хистерија на СДС, по таа со скопската вода, е оваа за комарците.

Без проблем, јас и за ова сум спремен да дебатирам.

[🔙] Само пред неколку дена видовме што значи неодговорно пласирање информации кога се создаде непотребен страв околу безбедноста на водата во Скопје.

Денес повторно гледаме обид една сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка.

[🫵] Да бидеме јасни, западно-нилската треска не е нов вирус и не е проблем кој постои само во Скопје или Македонија.

[📜] Според извештајот на Европскиот центар за превенција и контрола на болести, локално стекнати случаи се регистрирани во повеќе европски земји.

Во нашето непосредно соседство случаи има во Грција и Србија, како и во Косово.

Светската здравствена организација јасно посочува дека западно-нилскиот вирус одамна циркулира во Европа.

[✔️] Затоа, на граѓаните им должиме информации и превенција, а не политичка хистерија.

[🫵] А кога веќе СДС отвора тема за тоа кој, кога и колку прскал против комарци, добро е да ја освежиме меморијата со датумите.

[❗️] Во 2018 година, кога со Град Скопје раководеше тогашната власт на СДС, првата терестрична дезинсекција против комарци започнала дури на 3 јули и траела до 7 јули, додека првото авионско прскање било организирано на 7 и 8 јули. Практично, првите сериозни активности започнале длабоко во летната сезона.

Во 2026 година, пак, активностите започнаа уште на 7 мај.

[🗓️] Или по датуми:

Дезинсекција против ларви:

- 7 мај - авионска дезинсекција

- 11 јуни - авионска дезинсекција

- 26 јуни - теренска дезинсекција

- 10 јули - авионска дезинсекција

- 23 јули - теренска дезинсекција

- 11 август - теренска дезинсекција

- 18 август - теренска дезинсекција

Дезинсекција против комарци:

- 1 и 2 јуни - авионска дезинсекција

- 18 и 20 јуни - теренска дезинсекција

- 27 и 28 јуни - авионска дезинсекција

- 13 и 15 јули - теренска дезинсекција

- 30 и 31 јули - авионска дезинсекција

- 4 и 6 август - теренска дезинсекција

[☝️] Дополнително, веќе закажани се дезинсекции за четврток и петок авионски, а од недела до среда теренски.

[❗️] Сите активности се спроведуваат согласно годишната програма, законските обврски и елаборатот на Центарот за јавно здравје - Скопје, како и препораките од Министерството за здравство и европската регулатива.

Тоа се фактите.

Јавното здравје не се штити со прес-конференции.

Не се штити со создавање страв.

Не се штити со политички сензации.

Се штити со системска работа, континуирана превенција, стручни препораки и навремени активности на терен.

[🫵] Затоа, наместо натпревар во тоа кој ќе произведе поголема паника, очекувам од сите политички субјекти минимум одговорност кога зборуваат за здравјето на луѓето.

И навистина ме зачудува недостатокот на образ кај луѓе кои под неразјаснети околности се нашле во политиката.

[🌇] Град Скопје ќе продолжи со третманите согласно стручните препораки и утврдената динамика, а јавноста ќе биде навремено информирана за секоја наредна активност.

А СДС, најверојатно ќе продолжи од секоја трагедија да се обидува да собере ситни поени бидејќи на друг начин не можат да бидат актуелни.

[❤️] Здравјето на скопјани е премногу сериозна работа за да биде средство за дневнополитички поени.

[😉] А за Филипче воопшто да не се грижите, јахтата на Заев најверојатно е побрза од комарците и тој е безбеден.“- стои во објавата на Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер