Заврши првиот дел на „Струмица опен фестивал“ - Канал 5

Заврши првиот дел на „Струмица опен фестивал“

Со Вечер на поезијата заврши првиот дел на „Струмица опен фестивал“, кој годинава се одржува под мотото „Културни бранови на радост“.

Заврши првиот дел на „Струмица опен фестивал“

Од 22 јули, кога почна Фестивалот, се одржаа четири настани, а „Струмица опен“ продолжува на 13 идниот месец.

-Многу сме задоволни од реализирањето на планираните програмски содрини, кои беа одлично профаттени од публиката. Во вториот дел, кој почнува на 13 август, продолжуваме со промоцијата на албумот на Иван Кукиќ „Sunday vibes“, а подготвуваме и дополнители изненадувања. Се надевам дека вториот дел уште повеќе ќе го привлече вниманието на публиката, изјави Томи Печков од „Струмица опен фестивал“.

Фестивалот завршува на 20 август со манифестацијата „Струмички евергрини“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почнаа уписите на УКИМ: Повеќе од 8.800 слободни места за новата академска година

Најголемиот државен универзитет ги започна уписите за новата академска година. Кандидатите за студенти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје денеска и утре ќе можат да се пријават во првиот уписен рок, а на 23-те факултети се предвидени 8.

Почнаа уписите на УКИМ: Повеќе од 8.800 слободни места за новата академска година

Од вкупниот број места, 4.395 се во државна квота, 3.621 се за редовни студенти кои кофинансираат, а 835 места се наменети за вонредни студенти.

Најмногу места има на Медицинскиот факултет – 950, Филолошкиот – 805, ФИНКИ – 800, Економскиот – 655, Филозофскиот – 635, Природно-математичкиот – 626, ФЕИТ и Машинскиот факултет по 600, како и Правниот факултет со 555 места.

За студентите во државната квота надоместот за студирање изнесува 200 евра во денарска противвредност, додека редовните студенти со кофинансирање и вонредните студенти плаќаат 400 евра.

Според министерката за образование и наука Весна Јаневска, годинава бројот на слободни места на сите универзитети е намален за околу 2.000, по направената анализа на потребите на пазарот на трудот. Таа посочи дека квотите се намалени кај одредени струки каде има поголем број невработени, додека кај информатиката, машинството, градежништвото и другите технички струки местата се задржани речиси на исто ниво, поради високата вработливост. објави Скопје1.мк

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Армијата го слави 34. роденден

Армијата на Македонија денеска одбележува 34 години од формирањето како модерна, современа и целосно интероперабилна сила во рамките на евроатлантскиот безбедносен систем. 

Армијата го слави 34. роденден

Преку учеството во меѓународни мисии, забрзаната модернизација и исполнувањето на НАТО-стандардите таа ја потврдува својата улога како доверлив НАТО-сојузник и важен фактор во регионалната безбедност, но пред се, посветена на својата основна мисија – заштита на независноста, територијалниот интегритет и безбедноста на државата и граѓаните.

Од Армијата посочуваат дека изминатата година беше година на значајни резултати и потврда дека Армијата продолжува да ги развива своите способности и да ги исполнува највисоките национални и НАТО-стандарди. Периодот беше обележан со најдинамичниот циклус на опремување и трансформација досега, како и со континуирана поддршка на цивилните институции при кризни состојби и природни непогоди. Армијата во текот на 2026 година демонстрираше висока оперативна подготвеност, интероперабилност и способност за брзо реагирање.

Активен придонес во меѓународните мисии и подготвеност за поддршка на граѓаните

Во моментов повеќе од 180 армиски припадници се распоредени во Романија, Бугарија, Летонија, Косово, Босна и Херцеговина и Либан како и во рамки на мисијата NSATU на НАТО за безбедносна помош и обука за Украина. Покрај меѓународните обврски, Армијата останува подготвена и за поддршка на цивилните институции во справувањето со природни непогоди и кризни состојби. Во текот на летниот период се одржува високо ниво на готовност за евентуално ангажирање во борбата против пожарите, при што повеќе од 300 армиски припадници се подготвени за итно дејствување на целата територија на државата, во координација со надлежните институции.

Од Армијата посочуваат дека се во најинтензивниот циклус на модернизација од нејзиното формирање. Новите оклопни возила „Страјкер“ и „JLTV“ значително ги унапредуваат мобилноста, заштитата и борбената ефикасност на единиците, додека артилерискиот систем „Боран“ обезбедува прецизно огнено дејство на големи далечини. Воедно, воведувањето на современиот противвоздушен систем „Мистрал 3“ ќе придонесе за натамошно зајакнување на националните капацитети за заштита и контрола на воздушниот простор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево и топло, попладне локални врнежи и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Сончево и топло, попладне локални врнежи и грмежи

Во попладневните часови локално ќе има услови за нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринските температури ќе се движат од 10 до 18 Целзиусови степени, а максималните ќе достигнат од 29 до 38 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе достигне 35 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер