РакометЗаврши првата фаза од ЕП за ракометаркиСо одигрување на натпреварите од третата рунда во Ц и Д групата синоќа беше заокружена првата фаза од Европското првенство во ракомет за жени што се одржува во Шведска. Резултати: Црна Гора – Унгарија 14:21 и Данска – Чешка 33:29 (Ц група); Романија – Хрватска 31:26 и Норвешка – Русија 23:2 (Д група). Табела група Ц: Данска 6 бода, Чешка 2, Унгарија 2, Црна Гора 2. Табела група Д: Норвешка 6 бода, Романија 4, Русија 2, Хрватска 0. Првите три репрезентации од двете групи продолжуваат во втората фаза, додека за Црна Гора и Хрватска евро-шампионатот заврши. Денеска се играат првите натпревари од втората фаза. Двојките за 1.коло во група 1 се: Србија – Германија (16:15 часот), Шведска – Холандија (18:30 часот) и Шпанија – Франција (20:45 часот). Табела: Шведска 3 бода, Србија 3, Германија 2, Франција 2, Холандија 2, Шпанија 0. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: 8 жртва од западнонилска треска, 8 недели нема извештај за водата во ГостиварУште еден човечки живот е загубен од западнонилска треска. Бројот на починати се искачи на осум.Осум жртви од западнонилска треска и осум недели без извештај за водата во Гостивар. Две здравствени кризи, ист модел на однесување на власта на Мицкоски и Клековски: задоцнета реакција, институционален хаос, молк и никаква одговорност. СДСМ со недели предупредуваше дека власта задоцни со превенцијата од западнонилската треска. Задоцни со прскањето против комарци, задоцни со системските мерки и со навремената заштита на граѓаните. Бројот на заболени и починати расте, а одговорност нема. Истото се случи и со здравствената криза во Гостивар. Околу 5.000 граѓани побараа медицинска помош, а осум недели подоцна јавноста сè уште го нема целосниот извештај за водата. Што кријат Мицкоски и Клековски осум недели? Цената на нефункционалниот систем ја плаќаат граѓаните – со своето здравје, а за жал и со своите животи. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПанел-дискусија на тема „8 Септември низ призма на негови непосредни учесници и сведоци“Во Вила Водно утринава се одржува и панел-дискусија на тема „8 Септември низ призма на негови непосредни учесници и сведоци“.На оваа панел-дискусија претседателката Сиљановска-Давкова и поранешни политичари, државни функционери, пратеници, новинари и јавни личности ја споделија својата перспектива за политичките,институционалните и општествените процеси што доведоа до создавањето на независна македонска држава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСе преврте товарно возило на Битола-ПрилепОд 07:40 часот, сообраќајот за тешки моторни возила на патниот правец Р1101 Битола – Прилеп е во прекин, соопшти АМСМ.Товарно моторно возило излетело од патот Битола – Прилеп кај селото Беранци. Засега нема информации за повредени. Според СВР Битола сообраќајот е во прекин за товарни возила, додека патничките возила се пропуштаа наизменично.Тагови: Битола-Прилеп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12Возачот на Јанушев побарал 1.500 евра за да вработи пожарникар во Скопје, ОЈО бара притвор11:34И денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари15:05
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12