МФ: Изворните приходи од даноци во Буџетот се реализираат согласно планираното, расходите редовно се сервисираат
2МФ: Изворните приходи од даноци во Буџетот се реализираат согласно планираното, расходите редовно се сервисираат
Омилен, но потценет летен деликатес: Пченката го поддржува здравјето на очите, го регулира варењето и го штити срцето
2 Омилен, но потценет летен деликатес: Пченката го поддржува здравјето на очите, го регулира варењето и го штити срцето
3 Основачот на OpenAI: „Поради вештачката интелигенција ќе се работи уште повеќе, но потајно ќе бидеме посреќни“
БалканЗаврши потрагата по нуркач во Грција- тим спелеонуркачи го пронајде неговото тело во „Ѓаволскиот бунар“ (ВИДЕО)Операцијата за извлекување на телото на 34-годишен маж од морското дно кај „Ѓаволскиот бунар“ во пристаништето Вулагмени во Грција е завршена. По повеќе од четири часа, тим од пет спелеонуркачи успеа да стигне до местото каде што се наоѓаше удавениот маж. Tој се удавил минатата недела додека нуркал, објави Катимерини. Операцијата била многу тешка и траела неколку часа, бидејќи станува збор за многу опасно место, дури и за искусни нуркачи кои ја носеле потребната опрема. Телото на несреќниот 34-годишник било на длабочина од околу 30 метри, а тимот спелеонуркачи кои се обиделе да го извлечат постепено се спуштиле до таа точка, откако претходно се обезбедиле себеси и опремата што ја донеле со себе со јажиња и прицврстувачи. Тимот бил составен од 7 спелеонуркачи, од кои 5 биле под вода, а останатите биле во помошен чамец. View this post on Instagram A post shared by @newsit.gr Телото на нуркачот беше подигнато од бродот, кој се упатувал кон пристаништето, за да биде подигнато од амбулантно возило и транспортирано во болница, каде што ќе се спроведе соодветната постапка, пред да биде предадено на неговото семејство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
БалканРеките во Хрватска на историски ниски нивоаХрватска е зафатена од силен топлотен бран кој, во комбинација со долготрајната суша, ги спушти водостоите на реките на историски ниски нивоа и почна да предизвикува проблеми во енергетскиот сектор, пловидбата и водоснабдувањето. Поради високите температури на реката Сава, Нуклеарната централа „Кршко“ ќе го намали производството на електрична енергија за 20 проценти. На истокот од земјата, реките Дунав и Драва достигнаа рекордно ниски водостои. „Хрватски води“ предупредуваат дека реките Орљава кај Пожега и Плитвица кај Вараждин би можеле да пресушат во наредните денови. Ниските водостои веќе ја попречуваат пловидбата, го запреа фериботскиот сообраќај кај Оборово и предизвикуваат проблеми за рибниците и за делови од системот за водоснабдување во Славонија и Далмација. ДХМЗ издаде црвено предупредување за екстремни горештини за цела Хрватска за денес и утре, додека метеоролошката служба „Severe Weather Europe“ предвидува дека температурите на истокот од земјата до утре би можеле да достигнат и до 42°C.Тагови: реки Хрватска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕкономијаМФ: Изворните приходи од даноци во Буџетот се реализираат согласно планираното, расходите редовно се сервисираатПриходите во Буџетот од почетокот на годината се прибираат согласно планот и со раст во споредба со претходната година. Истовремено и на расходната страна се исплаќаат обврските согласно планираното. Податоците за реализација на Буџетот за 2026 година на заклучно со 31 јули 2026 година покажуваат дека вкупните приходи се реализирани во износ од 204,553 милијарди денари што е 53,9% од планираното и бележат раст од 9,3% во споредба со истиот период претходната година. Приходите од даноци, како изворни приходи, се реализирани во износ од 117,963 милијарди денари или 55,33% од планот и со раст во споредба со истиот период претходната година од 10%. Кај даночните приходи најголема реализација согласно планот од 62,8% е евидентирана кај Данокот на добивка од којшто во Буџетот се слеани 16,687 милијарди денари што е раст од 20,6% во споредба со седумте месеци од 2025 година. Реализација од 56,78% од планираното има кај ДДВ со остварени 53,026 милијарди денари или раст од 13,4% во споредба со периодот 01.01.-31.07.2025 година. Од Данок на личен доход се остварени 20,925 милијарди денари или 53,93% од планот и раст во споредба со истиот период лани од 11,9%. Увозните давачки се реализирани во износ од 9,361 милијарди денари што претставува 56,4% од планот и бележат раст од 10,3%. Истовремено е извршен и поврат на ДДВ кон компаниите во износ од 23,333 милијарди денари што е за 3,5% повеќе од извршениот поврат во периодот јануари-јули 2025 година. Имено податоците за реализацијата на овие изворни приходи упатуваат на одржување на тренд на стабилност и раст во економијата, на што упатуваат и за последните податоци објавени за индустриското производство во јуни кога е забележан раст од 6,5% во споредба со истиот месец минатата година. На расходната страна значајна реализација има кај капиталните расходи во износ од 21,288 милијарда денари што е раст од 39,6% во споредба со реализацијата на капиталните расходи во првите седум месеци од 2025 година. Исто така, за поддршка на проекти во домашните компании се трансферирани и 717 милиони денари кон Развојната банка. Исто така, извршена е исплата на 49,351 милијарда денари обврски по основ на стари долгови на странскиот пазар, како и 11,665 милијарди денари отплати кон домашни кредитори. Во овој период се исплатени и обврзници по основ на денационализација во износ од 308 милиони денари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалАрсенал договори големо засилување Англискиот шампион Арсенал го финализираше еден од најголемите трансфери во летниот преоден рок, договарајќи го ангажманот на Бруно Гимараеш од Њукасл Јунајтед. Актуелниот англиски шампион ќе плати 75 милиони фунти за бразилскиот играч за врска, кој уште во јули го известил раководството на Њукасл дека сака да ја продолжи кариерата во Северен Лондон. Арсенал ги започна преговорите со значително пониска понуда, додека Њукасл првично одбиваше дури и да размисли за продажба на својот капитен. Ставовите се приближија по неколку рунди разговори, а на играчот му беше дадена дозвола да го реализира трансферот. Гимараеш беше со тимот на подготовките во Шпанија, но го чекаше „зеленото светло“ за да ги изврши лекарските прегледи. Неговиот поранешен клуб, Лион, има право на 20 проценти од сумата што Њукасл ќе ја оствари од овој трансфер. Според тоа, францускиот клуб ќе добие меѓу седум и осум милиони фунти. Бразилецот пристигна во Њукасл во јануари 2022 година, во трансфер вреден околу 50 милиони евра. Тој има одиграно 153 натпревари во Премиер лигата, при што постигнал 30 гола и забележал 26 асистенции. Минатата сезона, тој запиша девет гола и осум асистенции на 41 настап, а исто така беше асистент за четири гола на пет натпревари за Бразил на Светското првенство. Неговото заминување е продолжение на значителното осипување на играчкиот кадар. Менаџерот Еди Хау, како и Ентони Гордон и Сандро Тонали, веќе го напуштија клубот ова лето, додека се очекува Матијас Јајсле да ја преземе тренерската функција. Како дел од процесот на реконструкција, Њукасл ги ангажираше Шон Стјур од Ајакс и Алаџи Бамба од Монако, но клубот сè уште бара дополнителни засилувања во средниот ред.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter