Заврши Меѓународниот фолклорен фестивал „Истибанско здравоживо“ - Канал 5

Заврши Меѓународниот фолклорен фестивал „Истибанско здравоживо“

Со гала концертот на отворено што се одржа синоќа на градскиот плоштад „Ангел Винички“ во Виница и со настап на ансамбли и групи од странство и Македонија, заврши 31-то издание на меѓународниот фолклорен фестивал „Истибанско здравоживо 2016“.

Заврши Меѓународниот фолклорен фестивал „Истибанско здравоживо“


На фестивалот во изминатите пет дена учествуваа ансамбли и фолклорни групи од Украина, Монголија, Шри Ланка, Јакутија, Египет, Турција, Индија, Романија, Латвија, Црна Гора и Косово, како и девет ансамбли од повеќе градови на Македонија.

- Годинешниот фестивал во целост ги оправда очекувањата, како по бројот на учесници од странство и од дома, така и по квалитетот на презентираните фолклорни традиции, обичаи, песни и носии. Во изминатите денови имавме и дислокација на настаните со целовечерни коцерти во Македонска Каменица, во Облешево, како и завршниот концерт во Виница, изјави Стојко Митковски, директор на фестивалот.

Градоначалникот на Виница Емил Дончев истакна дека „Истибанско здравоживо“ е бренд на општината и затоа, како што рече, локалната самоупрва го подржуваме и финансиски и организациски фестивалот.

- Годинава по пауза од две години од збратимувањето, за прв пат ни гостува фолклорен ансамбл од градчето Виница во Украина, со кого сме збратимени општини, но поради настаните во Украина оваа соработка беше прекината. Ме радува фактот што соработката е воспоставена и очекуваме догодина наш фолклорен ансамбл, како и стопанска делегација од Виница да престојува во Украина во збратиемата општина со исто име како нашата, изјави за МИА градоначалникот Емил Дончев.

За време на одржувањето на фестивалот учесниците посетија повеќе културно-историски знаменитости во Источна Македонија, меѓу кои и Виничкото кале, Музејот „Теракота“ каде што се сместени познатите теракотни икони, Беровското езер, а направија и еднодневна прошетка до Скопје, со посета на повеќе знаменистости во главниот град на Република Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан Мицкоски

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Благодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината.

Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Голферка во секси бикини

Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. 

Фото: Голферка во секси бикини

Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор.

Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува.

Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот.

Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание.

Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи.

Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува.

Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ.

Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер