ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
1ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
МакедонијаЗаврши меѓународната конференција „Дијалог за единство и мир 2026“ под покровителство на поранешниот претседател ИвановКонференцијата обедини поранешни и актуелни државници, дипломати, претставници на меѓународни организации, универзитетски професори, истражувачи, претприемачи и млади лидери од Европа и Азија.Во организација на Кабинетот на поранешниот претседател на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, Меѓународниот центар Алијанса на цивилизациите и Асоцијацијата на алумнисти на Школата за млади лидери на Претседателот Иванов, во периодот од 22 до 24 јуни 2026 година во Скопје се одржа меѓународната конференција „Дијалог за единство и мир 2026“. Конференцијата обедини поранешни и актуелни државници, дипломати, претставници на меѓународни организации, универзитетски професори, истражувачи, претприемачи и млади лидери од Европа и Азија, кои преку отворен дијалог разменија мислења за глобалните безбедносни предизвици, економската соработка, културната размена, дигиталната трансформација и улогата на младите во современиот свет. Во своето обраќање на свеченото отворање, претседателот Иванов истакна дека во време на растечки глобални предизвици, мирот и стабилноста можат да се градат единствено преку дијалог, почитување на различностите и заедничка одговорност за иднината. Потоа следеа обраќања на вицепремиерот за политички систем Љупчо Димовски, амбасадорката на Народна Република Кина Џијанг Сјаојан и потпретседателот на Кинеската асоцијација за меѓународно разбирање Лиу Хонгцаи. На првиот панел, на тема „Предизвици за меѓународниот мир, безбедноста и владеењето на правото“, учествуваа поранешниот Претседател Иванов, поранешниот министер за надворешни работи на Република Турција и актуелен шеф на турската делегација во Парламентарното собрание на НАТО, Мевлут Чавушоглу, поранешниот претседател на Генералното собрание на Обединетите нации, Вук Јеремиќ, поранешниот министер за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Миро Ковач, и кинескиот инвеститор и политички аналитичар Ерик Ли, додека модератор на сесијата беше Иван Иванов од Меѓународниот центар Алијанса на цивилизациите. Учесниците разговараа за актуелните геополитички кризи, ерозијата на меѓународниот поредок, улогата на меѓународните институции и потребата од обновување на довербата меѓу државите и народите. Вториот панел беше посветен на економскиот развој на Кина, регионалната поврзаност и соработката меѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа. Своите гледишта ги споделија првиот македонски амбасадор во Народна Република Кина Владимир Петковски, професорката Сонг Лилеи од Универзитетот Тонгџи, професорот Љубомир Кекеновски од Економски факултет при УКИМ, професорот Ванг Хонгји од Универзитетот за странски студии во Пекинг. Панелистите модерирани од коосновачот и генерален секретар на Пекиншкиот клуб Хуа Хан, ја нагласија важноста на инфраструктурното поврзување, трговската размена, образовната соработка и заемното разбирање како основа за одржлив економски развој. Третиот панел, „Иднината на цивилизациската визија и културната размена“, беше посветен на улогата на културата, историјата и цивилизациското наследство во градењето меѓусебна доверба. Во дискусијата учествуваа истражувачот Џанг Гуоџин, професорот Лијанг Жанџун, директорот на Институтот за меѓународни стратешки и безбедносни студии Раби Седрак и професорот Далибор Јовановски. Модераторот Шенер Билали, советник на Премиерот за меѓуетнички односи, ги водеше панелистите низ дискусијата за тоа дека културната дипломатија останува еден од најефикасните инструменти за надминување на предрасудите и за јакнење на соработката меѓу различни цивилизации. Вториот ден од конференцијата започна со панелот „Дигитална трансформација: вештачка интелигенција, креативност и човечки потенцијал“. Сесијата ја модерираше професорот Атанас Кирјаковски од Меѓународниот Балкански универзитет во Скопје, а учесници на панелот беа професорот Демин Дуан од Универзитетот во Пекинг, Игор Маџов од „Стартап Македонија“, Моника Ризовска Таневска од „Women in Tech“ и професорот Христијан Ѓорески од Факултетот за електротехника и информациски технологии при УКИМ. Панелистите разговараа за влијанието на вештачката интелигенција врз општеството, образованието и економијата, нагласувајќи дека технолошкиот напредок мора да биде насочен кон унапредување на човечкиот потенцијал и општествената благосостојба. На последниот панел, „Младите во променлив и турбулентен свет“, свои искуства и визии споделија Илија Тоневски, извршен директор на „Делфино Мобилити Груп“, Виктор Јакимовски, извршен директор на платформата „Пантеон“, Огнен Огненоски, основач и директор на „БизнисМрежа“, Никола Николовски – Боемот, креатор на дигитални содржини, новинар и маркетинг професионалец, и Изабела Левенска Миљаниќ, иницијатор на платформата „Музеј на јавна уметност“, додека панелот го модерираше Анастасија Илиевска, претседател на Асоцијацијата на алумни на Школата за млади лидери на претседателот Иванов и менаџер за односи со јавноста и медиумите. Дискусијата беше посветена на лидерството, претприемништвото, дигиталната комуникација и општествената ангажираност на младите генерации, и, беше нагласено дека младите претставуваат двигател на позитивните промени и клучен фактор во обликувањето на поинклузивни и поотпорни општества. Во заклучоците од конференцијата беше истакнато дека современите предизвици бараат поголема меѓународна соработка, почитување на различностите и подготвеност за дијалог. Учесниците ја потврдија потребата од јакнење на меѓусебната доверба, културната размена и партнерствата меѓу државите, институциите и граѓанските организации како предуслов за мирна и стабилна иднина. Кабинетот на претседателот Иванов и ко-организаторите изразуваат искрена благодарност до сите говорници, панелисти, партнери и учесници кои придонесоа за успешната реализација на конференцијата „Дијалог за единство и мир 2026“, потврдувајќи дека дијалогот останува најсилниот инструмент за градење мир, разбирање и соработка меѓу народите.Тагови: Ѓорге Иванов Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Цеца за фотките во бикиниБалканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело. Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците. Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца. Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати. Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија. Тагови: Цеца Ражнатовиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
ЗабаваФото: Сабаленка ужива во тангаСабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови. Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона. По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови. Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време. Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи. Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.Тагови: Арина Сабаленка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
ФудбалСупер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на БаернФудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник 2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд. Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд. Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините. Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот. Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката. Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва. Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter