Заврши ликовната колонија „Карпино 2021" - Канал 5

Заврши ликовната колонија „Карпино 2021"

Заврши 19-тата Меѓународната ликовна колонија „Карпино" на која учествуваа 11 уметници од државата и соседните земји, а кои една недела твореа во кумановската населба „Карпош".

Заврши ликовната колонија „Карпино 2021"

Како што информираа денеска од мултимедијалниот Центар Карпино, на колонијата создадени се дваесетина дела, инспирирани од културно-историските споменици, цркви, манастири и природни реткости од општините Куманово и Старо Нагоричане.

– Дел од уметниците работеа дома, дел во комплексот „Грација", поради запазување на здравствените протоколи. Уметниците твореа на слободна тема. Пошироката јавност ќе има можност да ги разгледа делата од колонијата на традиционална изложба по повод денот на ослободување на Куманово, изјави претседателот на здружението Зоран Павловски.

Ликовната колонија е посветена на манастирот Воведение на Пресвета Богородица во Сув Ора, добро позната под името Карпински манастир. Организаторите им врачија благодарници на учесниците и најавија дека и годинава, делата ќе бидат изложени во галерии и установи од културата во повеќе градови од државата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: „Даме Груев“ добива ново лице со партерно и хортикултурно уредување и нова урбана опрема

Општина Центар ја реализира првата фаза од проектот за партерно и хортикултурно уредување на улицата „Даме Груев“, кој го опфаќа потегот од Зеленото пазарче до улицата „Македонија“,.

Герасимовски: „Даме Груев“ добива ново лице со партерно и хортикултурно уредување и нова урбана опрема



Општина Центар ја реализира првата фаза од проектот за партерно и хортикултурно уредување на улицата „Даме Груев“, кој го опфаќа потегот од Зеленото пазарче до улицата „Македонија“, како и делот од улицата „Македонија“ до Собранието на Република Македонија. Во рамки на оваа фаза се уредуваат јавните површини и се поставува нова урбана опрема, со што овој дел од централното градско подрачје добива помодерен, пофункционален и поуреден изглед.

Во рамки на проектот се поставуваат нови клупи и нови корпи за отпадоци, а просторот ќе биде збогатен и со ново детско игралиште и современа теретана на отворено, наменети за рекреација и дружење на сите генерации.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека уредувањето на јавните простори останува еден од приоритетите на општината.

„Со партерното и хортикултурното уредување, како и поставувањето нова урбана опрема, го разубавуваме и осовременуваме овој значаен дел од центарот на градот. Создаваме функционални, уредени и зелени јавни простори каде граѓаните ќе можат да одморат, да се рекреираат и да поминуваат квалитетно време со своите семејства. Продолжуваме да инвестираме во проекти што го подобруваат секојдневието и квалитетот на живот на нашите жители“, изјави Герасимовски.

Со реализацијата на првата фаза од проектот, Општина Центар продолжува со унапредување на јавната инфраструктура и создавање современи, безбедни и пријатни јавни простори, во согласност со потребите на граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Врховниот суд ги поништи царините на Трамп; САД ќе вратат 81 милијарда долари

Владата на САД исплати десетици милијарди долари поврат на средства за царини упплатени пред одлуката на Врховниот суд да ги прогласи за незаконски, според податоците за буџетот објавени во понеделник. 

Врховниот суд ги поништи царините на Трамп; САД ќе вратат 81 милијарда долари

Царините беа клучен дел од економската политика на претседателот Доналд Трамп откако тој ја презеде функцијата минатата година, но судот поништи голем дел од нив во февруари, објавува „Гардијан“.

Според објавените податоци, Соединетите Американски Држави исплатија 81 милијарда долари поврат на царини во текот на тековната фискална година, која започна во октомври 2025 година.

За споредба, само 5 милијарди долари беа исплатени во истиот период минатата година. Службеник на Министерството за финансии им потврди на новинарите дека огромниот пораст речиси целосно се должи на пресудата на Врховниот суд. Тој додаде дека поголемиот дел од повратните средства се издадени во текот на мај и јуни.

Трамп ги претстави царините како решение за сите економски проблеми - почнувајќи од враќање на производството во Америка и обезбедување подобри трговски договори, па сè до намалување на дефицитот на федералниот буџет.

Сепак, буџетскиот дефицит, кој малку се намали минатата година токму поради приходите од царини, сега повторно расте. Во првите девет месеци од фискалната година, тој достигна 1,367 трилиони долари, што е зголемување од 2 проценти. Во исто време, и другите расходи се зголемија.

САД потрошија повеќе од 1 трилион долари само за камати на својот долг - зголемување од 14 проценти - додека воените трошоци се зголемија за 5 проценти поради војната на Блискиот Исток.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР: Расчистен случајот со насилството врз малолетничка во Куманово, поднесена кривична пријава против 18-годишна девојка и две малолетнички

СВР Куманово поднесе кривична пријава против П.А. (18) од село Лојане, општина Липково, како и против две малолетнички на возраст од 14 и 15 години од Куманово.

МВР: Расчистен случајот со насилството врз малолетничка во Куманово, поднесена кривична пријава против 18-годишна девојка и две малолетнички

СВР Куманово поднесе кривична пријава против П.А. (18) од село Лојане, општина Липково, како и против две малолетнички на возраст од 14 и 15 години од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „насилство“ по член 386 став 3 од Кривичниот законик.

Пријавените на 13.03.2026 околу 18:00 часот, повикале 14-годишно девојче да излезе од нејзиниот дом, по што ја убедиле да влезе во просторија во близина на спортскиот центар „Соколана“ во Куманово. Таму најпрвин ја навредувале, а потоа и физички ја нападнале, при што целиот настан го снимале со мобилен телефон.

По извршеното насилство, осомничените ѝ се заканиле на малолетничката да не го пријавува настанот и да не зборува за снименото видео, заканувајќи ѝ се дека во спротивно ќе ѝ се случи нешто уште полошо.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер