СветЗаврши испитувањето на Хилари Клинтон во истрагата на Претставничкиот дом на САД за Епстин Сведочењето на поранешната американска државна секретарка Хилари Клинтон пред Конгресот на САД во врска со скандалот околу сексуалниот престапник Џефри Епштајн заврши по повеќе од шест часа.По сесијата зад затворени врати пред Надзорниот одбор на Претставничкиот дом на САД, Хилари Клинтон изјави дека „одговорила на секое нивно прашање колку што можела поцелосно врз основа на она што го знаела“. Поранешната државна секретарка рече дека таа веќе го споделила она што го знаела во нејзината писмена воведна изјава, пренесе ДПА. - Не знам колку пати морав да кажам: Не го познавав Џефри Епстин – им рече таа на новинарите во Чапаква, град во американската сојузна држава Њујорк каде што живее со нејзиниот сопруг, поранешниот претседател Бил Клинтон. Таа додаде дека соучесничката на Епстин, Гислејн Максвел, ја познавала „површно како познаничка“. Бил Клинтон исто така ќе сведочи пред одборот денеска. Двојката демократи, со месеци одбиваа да сведочат пред Конгресот на САД во истрагата за случајот Епстин. Тие го обвинија републиканскиот претседател на одборот, Џејмс Комер, за водење на политички мотивиран процес. Според извештаите на американските медиуми, нивната согласност да сведочат на почетокот на февруари доведе до тоа републиканците да го откажат гласањето за процедурата за непочитување на Конгресот против Клинтон. Епстин со години управуваше со мрежа за злоупотреба чии жртви беа десетици млади жени и малолетници. Њујоршкиот финансиер имаше одлични врски во високите кругови на САД. Тој почина во својата затворска ќелија во 2019 година, пред да биде донесена пресуда.Тагови: хилари клинтон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски: Вонредна дератизација на критични локации во ЦентарОпштина Центар – Скопје денес и утре спроведува вонредна дератизација на повеќе критични локации на територијата на општината, поради зголемена појава на глодари.Со акцијата ќе бидат опфатени локации во Капиштец, Дебар Маало, Буњаковец и Кале, каде што е забележана зголемена појава на глодари и каде што има пријави од граѓаните. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека општинските служби реагираат на пријавите и дека состојбата на терен ќе продолжи да се следи. „По пријавите од граѓаните веднаш преземаме мерки и спроведуваме вонредна дератизација на локациите каде што е забележана зголемена појава на глодари. Ќе продолжиме да ја следиме состојбата и ќе реагираме секаде каде што ќе има потреба. Ги повикувам граѓаните да ги пријавуваат ваквите појави за да можеме навремено да постапуваме“, изјави Герасимовски. Вонредната дератизација ќе се спроведе на следните локации: Капиштец – ул. „Загребска“ бр. 28, спроти Биотек (поранешно КТК), кај контејнерите. Дебар Маало – ул. „Радњанска“, кај контејнерите, просторот околу Пазарот Буњаковец и дел од ул. „Рузвелтова“. Буњаковец – ул. „Борка Талески“, од ООУ „Ј. Х. Песталоци“ до Грчката амбасада, како и крстосницата на ул. „Стефан Јакимов Дедов“ со ул. „Апостол Гусларот“, вклучително и шахтите околу запуштениот објект до ООУ „Ј. Х. Песталоци“, Катната гаража и бараките на ЈП „Комунална хигиена“. Кале – ул. „Лазар Личеноски“, во близина на Спортска медицина и Царинската управа. Од Општина Центар апелираат граѓаните да бидат внимателни при движење на наведените локации во периодот додека трае акцијата и да не ги поместуваат или оштетуваат поставените средства за дератизација. Општина Центар ќе продолжи да ја следи состојбата на терен и да презема мерки за одржување на чиста, безбедна и здрава животна средина за граѓаните.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо пожар над селото Палиград на Китка спасено телеВчера додека бев на лице место на големиот пожар над селото Палиград, на планината Китка, покрај тешката борба со пожарот имавме и една несекојдневна и убава случка.Во метежот и огнот, пожарникарите од Противпожарната бригада на Град Скопје успеаја да спасат едно мало теле кое останало на опожарениот терен. Мало, исплашено, но живо – една мала победа во тешкиот ден. Во вакви моменти, секој спасен живот е важен. А денес, меѓу огнот и пепелта, успеавме да спасиме и едно мало суштество. За жал, пожарите не ја загрозуваат само природата, имотот и животите на луѓето. Загрозени се и животните, кои често остануваат беспомошни пред огнената стихија. Затоа, апелирам на максимална одговорност и внимателност. Пожарите, без разлика дали се подметнати или избувнуваат поради невнимание, оставаат последици врз сите живи суштества. Да ја чуваме природата, да ги заштитиме луѓето, имотот и животнитеинформира првиот човек на ЦУК, Мухамед Али.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалЛиверпул во нов обид да го ангажира Минте, Баркола се уште прескапАнглискиот гигант Ливерпул повторно ќе се обиде да го реализира трансферот на десното крило Јанкуба Минте (22) од Брајтон. Минатата сезона, гамбискиот репрезентативец постигна три гола и забележа четири асистенции на 34 натпревари во Премиер-лигата. Неговата пазарна вредност изнесува 45 милиони евра, а тој има договор со клубот до летото 2029 година. Главна цел на Ливерпул е Бредли Баркола од ПСЖ, но клубот не е подготвен да ги плати 160-те милиони евра (или повеќе) што францускиот гигант ги бара за него.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter