Заврши групната фаза во УЕФА Лига Европа – Глазгов Ренџерс на Миовски ги заврши натпреварувањата - Канал 5

Заврши групната фаза во УЕФА Лига Европа – Глазгов Ренџерс на Миовски ги заврши натпреварувањата

Со одигрувањето на синоќешните 18 натпревари од осмото коло Лига Европа заврши групната фаза од ова натпреварување.

Заврши групната фаза во УЕФА Лига Европа – Глазгов Ренџерс на Миовски ги заврши натпреварувањата

Глазгов Ренџерс на македонскиот репрезентативец Бојан Миовски загуби на гостувањето кај Порто со 3:1 и не се пласираше во следната фаза (го освои 32.место), додека од регионот три екипи изборија учество во 1/16 финалето: Црвена Звезда, Лудогорец и Динамо Загреб.

Според пласманот осумте првопласирани екипи изборија директно осминафинале, а тоа се: Олимпик Лион, Астон Вила, Митјиланд, Бетис, Порто, Брага, Фрајбург и Рома. Една рунда повеќе или 1/16 финале изборија: Генк, Болоња, Штутгарт, Феенорд, Нотингем Форест, Викторија Плзен, Црвена Звезда, Селта, ПАОК, Лил, Фенербахче, Панатинаикос, Селтик, Лудогорец, Динамо Загреб и Бран.

Извлекувањето на двојките ќе се одржи денеска во Нион со почеток во 13 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Зошто и по шест недели по труењето во Гостивар, извештај за водата не се објавува?

Шест недели по труењето на цел еден град, со над 5.000 луѓе кои завршија по болници и се уште нема документ за водата во Гостивар.

СДСМ: Зошто и по шест недели по труењето во Гостивар, извештај за водата не се објавува?

Зошто граѓаните не можат да видат резултати, анализи, извештај?

Ако нема што да се крие зошто не се објавува?

Министерот за здравство Сашко Клековски најави дека на 20 август ќе биде објавен епидемиолошки извештај.

Каде е целосниот извештај?

Зошто се објавуваат само парчиња од документацијата, а не целата анализа?

Во текот на кризата граѓаните добиваа различни и противречни информации.

Прво водата беше прогласена небезбедна за пиење. Потоа беше прогласена дека може да се корсти само за техничка употреба.

Тошковски спроведуваше хиперхлорирање. Потоа кажаа дека има бактерии во водата. Тотален хаос. Па Мицкоски и Клековски заминаа на екскурзија.

Пред да им заврши екскурзијата функционери пиеја вода пред камери со срамни здравици и рекоа дека може да се пие водата.

Но, не се објавија целосните резултати од анализите на водата.

Каде е целосниот извештај за водата во Гостивар?

Кој донел одлука водата повторно да биде пуштена за пиење и врз основа на кои резултати?

Кој со име, презиме и потпис гарантира дека водата е безбедна?

Дали на овој начин некој сака да побегне од одговорноста?

Мицкоски и Клековски имаат обврска кон граѓаните на Гостивар да ја објават целата вистина.

Целиот извештај, сите анализи и сите потписи.

Скопје, 27.08.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈП Комунална хигиена-Скопје спроведува секојдневно миење на микролокациите на контејнерите

Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје секојдневно реализираат рачно миење на микролокациите каде што се поставени садовите наменети за одлагање комунален отпад, во сите скопски општини. 

ЈП Комунална хигиена-Скопје спроведува секојдневно миење на микролокациите на контејнерите

Миењето на микролокациите на контејнерите се одвива претежно во доцните вечерни часови, по празнењето на садовите.

Претпријатието продолжува и со континуирано одржување на хигиената на скопските булевари и улици преку нивно машинско миење со употреба на автоцистерни.

Во пресрет на големиот верски празник Успение на Пресвета Богородица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје извршија миење на целокупниот простор пред црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ лоцирана во строгиот центар на градот, како и во непосредната околина и дворот на манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ лоциран во кањонот Матка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иџе во Словенија ја отвора новата тркачка ера

Овој викенд во Илирска Бистрица - Словенија, Игор Стефановски - Иџе го има својот прв официјален настап со новиот болид, отворајќи ново поглавје во својата европска тркачка приказна. 

Иџе во Словенија ја отвора новата тркачка ера

Иако Иџе претходно го тестираше болидот, Илирска Бистрица е неговото вистинско „огнено крштевање“ во живо, лице в лице со европската елита.

На претпоследниот викенд во рамките од Европскиот шампионат на ридски патеки во Словенија, ќе се случи првото сериозно мерење на новиот болид. Игор Стефановски - Иџе на оваа трка настапува во најпрестижната и најбрзата категорија на Европскиот шампионат -Категорија 2, категоријата на болиди и прототипи, која ги обединува најбрзите машини на ридските патеки.

Ова е историска сезона за него бидејќи по трите европски титули во Категорија 1 со затворени автомобили, Иџе направи огромен чекор напред. Тој сега вози ултрамоќен, специјално конструиран прототип Nova Proto NP01, често нарекуван и Норма, чија технологија е блиска до болидите од Формула.

„Словенија ќе биде мојот најнов предизвик. Ќе се тркам со мојот нов болид. Сакам да ги почувствувам неговите перформанси. Затоа и одлучив да тркам вo Илирска Бистрица. Патеката e интересна, важи за една од најпрепознатливите и можам слободно да кажам дека ми лежи. Словенците со години докажуваат дека се одлични организатори, што трките ги прави особено интересни и за публиката и за натпреварувачите. Голема е бројката на пријавени учесници во сите категории, смета Стефановски кој не ја крие возбудата и адреналинот дека прави историски чекор. Влегувањето во нова категорија, ќе бара и сосема поинаков стил на возење, огромна физичка подготвеност и максимална концентрација, вели Стефановски, кој не ја крие возбудата пред првиот голем тест со новата машина.

Трката се вози на познатата патека Илирска Бистрица - Шембије, која е со должина од 5.010 метри и важи за исклучително брза. И годинава листата на учесници е импозантна, пријавени се 242 натпреварувачи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер