Заврши голготата на студентите од „Гоце Делчев“- добија топла вода - Канал 5

Заврши голготата на студентите од „Гоце Делчев“- добија топла вода

По две недели конечно топол туш за студентите во студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје. 

Заврши голготата на студентите од „Гоце Делчев“- добија топла вода

Покрај тоа што немале топла вода неколку недели, тие се соочуваат и со проблем да имаат глувци и лебарки низ студентскиот дом. Тие се жалат и дека лифтовите во континуитет се неисправни во текот на целата година, а дека за нив топлата вода често претставува научна фантастика.

„Топла вода немаше две недели во блок Б со најава дека има дефект прво во бојлерот, после во цевката, дека треба да се сменат греачи.“

„Лебарки и глувци во блок Б, се појавија на ниските спратови глувци, лебарки има уште од пред еден месец на сите спратови, а глувци од оваа недела.“

„Кажано е од управата дека е преземено мерки за ДДД, меѓутоа резултати немаме видено уште. Истото важеше и за лебарките. Во поглед на лифтовите, во секој блок работи по еден од можни два лифта.“

„Директорот кажува дека ќе се санираат работите и тоа е тоа.“

Велат дека од Универзитетското Студентско Собрание објавувале како проблемите се решени, додека студентите се уште ги имале истите проблеми. Се жалат и дека долго време немаат ниту Совет на станари. Иако мандатот на претходниот состав е завршен од декември, веќе пет месеци целата процедура била интерно променета од страна на Комисијата за студентски стандард при Универзитетското Собрание.

„Нема најверојатно оваа година да се формира, двапати е одбиен повикот.“

„Они интерно го смениле правилникот за избор на студенти на совет на станари што тој правилник се менува на ниво на МОН и дека според тој правилник последните избори не биле легитимни и затоа биле поништени.“

Утринава обвинија и од СДСМ дека власта го претворила студентскиот дом во симбол на понижување и дека младите преживуваат во распаднати домови додека власта, како што велат, троши на криминални тендери и бизнис шеми.

„Криминалците на власт лапаат пари од криминални тендери, младите студенти се оставени без основни услови, немаат топла вода, немаат соодветна храна, глувци им се шетаат по собите. Ова е понижување, а не достоинствен живот. Денес сме пред студентскиот дом Гоце Делчев, симболот на студентскиот живот кој власта на Мицкоски го претвори во симбол на понижување, негрижа и распад на системот. Мицкоски им ја краде иднината на младите додека лажно и лицемерно ги повикува да не се иселуваат.

А младите поради него и криминалната организација ВМРО сакаат да се иселат, поради криминалот, корупцијата, сиромаштијата, немањето систем, партизацијата.“

Овој случај со проблеми со лебарки во студентскиот дом не е првпат. Студентите се жалат дека инсекти има секоја година, додека проблемот со глувците се случува по првпат.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Реконструкција на улици, нова пешачка патека и набавка на возила во Зелениково

Локалната власт во Општина Зелениково, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во изминатата година работеше на подобрување на локалната инфраструктура, при што беа реконструирани повеќе локални улици.

ВМРО-ДПМНЕ: Реконструкција на улици, нова пешачка патека и набавка на возила во Зелениково

Во населеното место Орешани беше изградена нова пешачка патека, од мостот на главната улица до преминот преку Зелениковска Река.

Општината, исто така, набави повеќе видови возила наменети за одржување на патната инфраструктура и за извршување на комуналните дејности.

Особено значаен за Општина Зелениково е и проектот за градски воз на релацијата Зелениково-Скопје, кој на граѓаните им овозможува подобра поврзаност со главниот град.

Општината и во наредниот период ќе продолжи да работи на унапредување на животната средина, подобрување на условите за живот и создавање поквалитетна и поздрава средина за сите граѓани.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МЕ: Минералното богатсво на Македонија со долгорочна развојна рамка до 2046 година

Македонија преку долгорочен план ќе создаде услови за подобро искористување на својот геолошки потенцијал и негово претворање во инвестиции, индустриски развој, нови работни места и поголема додадена вредност за домашната економија.

МЕ: Минералното богатсво на Македонија со долгорочна развојна рамка до 2046 година

Стратегијата за геолошки истражувања и одржливо искористување и експлоатација на минерални суровини за периодот 2026–2046 година ги утврдува приоритетите за современи геолошки истражувања, одговорно користење на минералното богатство и создавање услови за долгорочни вложувања.

Македонија располага со разновиден геолошки потенцијал, меѓу кој се олово, цинк, бакар, злато, антимон и никел, како и мермер, травертин, гранит и варовник.

Еден од главните приоритети е поголем дел од економската вредност да се создава во земјата. Тоа подразбира поголема поврзаност на рударството со домашното производство, развој на преработувачки и други индустриски капацитети и примена на современи технологии.

Подобреното геолошко истражување ќе овозможи попрецизно утврдување на потенцијалот и навремено планирање на идните вложувања. Со тоа се отвора простор за нови деловни активности и јакнење на домашните производни капацитети.

Паралелно, се поставуваат повисоки стандарди за заштита на животната средина, транспарентност и заштита на јавниот интерес. Стратегијата е усогласена со европските политики, вклучително и Европскиот акт за критични суровини, што создава можности за поголемо вклучување на Македонија во европските индустриски синџири.

Документот е подготвен преку стручна соработка на Македонската академија на науките и уметностите и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, со учество на експерти и консултации со релевантни институции и стручната јавност.

Стратегијата е донесена од Владата, по предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, и претставува долгорочна рамка за развој на геолошките истражувања и рударството до 2046 година.

Со овој документ се создава основа минералното богатство да не биде само предмет на експлоатација, туку двигател на домашната индустрија, инвестициите и долгорочниот економски развој, со одговорно управување и зачувување на животната средина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Надал најави враќање на теренот!

Еден од најдобрите светски тенисери во историјата, Шпанецот, Рафаел Надал би можел повторно да заигра на тенискиот терен, иако по завршувањето на својата професионална кариера призна дека не му недостига премногу тенисот.

Надал најави враќање на теренот!

По повод десетгодишнината од неговата тениска академија на Мајорка, Шпанецот минатата сабота организираше ревијален турнир на кој учествуваа Енди Мареј, Карлос Моја, Доминик Тим, Марат Сафин, Давид Ферер, Ришар Гаске и Фабио Фоњини. Легендарниот Шпанец, освојувач на 14 титули на „Ролан Гарос“, повторно го зеде рекетот в раце по тој повод и навести дека би можел да се врати на теренот преку ревијални мечеви.

„Во одреден момент повторно ќе играм ревијални мечеви, сакам да го сторам тоа. Подготовките бараат одреден напор, бидејќи телото треба да се доведе во соодветна состојба. Мислам дека е тоа нешто што треба да го пробам, но сакам да живеам ден за ден и да не размислувам премногу однапред“, изјави Надал, а пренесе „Л'Екип“.

Иако неговото тело претрпе бројни повреди во текот на кариерата, Надал очигледно не ја затворил целосно вратата за враќање на теренот, па макар и на ревијални натпревари.

„Сè уште чувствувам блага болка секој ден; исто така е точно дека имав операција и морав да вградам мала протеза во раката – тоа не е пријатно, но морав да го направам. Сепак, точно е и дека силната болка што долго време ме мачеше целосно исчезна, а тоа имаше многу позитивно влијание врз мојата ментална состојба. Психолошки се чувствувам подобро, имам помалку проблеми од порано и повеќе уживам во животот. Сето тоа е многу важно“, заклучи Надал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер