Заврши гласањето на парламентарните избори во Косово – Курти нема да може сам да формира Влада?

Во 19 часот се затворени гласачките места на денешните први редовни, а вкупно девети парламентарни избори во Косово од прогласувањето на независноста.

Заврши гласањето на парламентарните избори во Косово – Курти нема да може сам да формира Влада?

Според проекциите на Коха, Движењето Самопределување на премиерот Албин Курти ќе освои 42,3 отсто од гласовите, односно 47 места во 120-члениот парламент.

На изборите во 2021 година, Движењето Самоопределување имаше повеќе од 50 проценти од гласовите, а доколку се потврдат проекциите, на Курти овој пат ќе му треба коалициски партнер за да остане на власт.

Инаку, Демократската партија на Косово ќе остане втора партија со 21,3 отсто од гласовите и 23 пратенички места, исто колку и Демократската лига на Косово која забележа најголем пораст од изборите во 2021 година, а Алијансата за иднината на Косово на Рамуш Харадинај, останува четврта политичка сила со седум пратеници.

Инаку, 20 места од вкупно 120 се резервирани за помалите етнички заедници – 10 за Србите и 10 за останатите...

Скандал во училиште во Виена: Учеле деца да разликуваат сексуална ориентација, родителите бесни

Минатата недела во едно училиште во Виена се одржа училишна работилница на тема сексуалност.

Скандал во училиште во Виена: Учеле деца да разликуваат сексуална ориентација, родителите бесни

Родителите не биле однапред информирани за ова, а децата на возраст од 12 до 14 години морале да ја погодат сексуалната ориентација на двајца возрасни предавачи. Резултатот - една излегува „пансексуална“ и една бисексуална жена. За работите да бидат уште побизарни, контроверзниот курс бил финансиран со пари на даночните обврзници.

Како што пишува Heute, работилниците „queerfacts“ се дел од едукативниот проект кој се занимава со спречување на екстремизмот и сексизмот - финансиран од Федералното Министерство за социјални работи, здравство и заштита на потрошувачите. Користејќи метод кој може да се нарече необичен, учениците се обидоа да ја погодат сексуалната ориентација на нивните соговорници како дел од тестот. На својата официјална веб-страница „queerfacts“ наведува дека надоместокот за една работилница е 390 евра по час – што најверојатно се плаќа од државниот буџет.

Резултатот не ѝ се допаднал на една мајка, чие дете го посетува тоа училиште. Мајката преку училишна апликација била информирана за два дена посветени на културата и меѓусебното почитување, кои се одржале на 12 и 13 март. Сепак, наставниците и училишната управа не ја спомнале работилницата за сексуалност.

„Ќерка ми дојде дома вознемирена и ми кажа за пансексуалец од нејзиниот клас“, рекла мајката.

По работилницата, таа мораше да почне разговор за сексуалноста со своето дете. Особено поради возраста и потеклото на нејзините школски другари, ситуацијата станала непријатна.

„Мојата ќерка веќе е речиси единствената Австријка во класот, а сега децата, без претходна најава или согласност од родителите, мораа да зборуваат за пансексуалноста. Начинот на кој се водеше работилницата секако не беше во духот на она што беше првично замислено“, изјавила мајката.

ФПО бара оставки

На политички план оваа работилница за пансексуалност предизвика бурни реакции. Лидерот на виенскиот огранок на ФПО, градскиот советник Доминик Кнап, бара итна оставка од градскиот секретар за образование, млади, интеграција и транспарентност, Бетина Емерлинг (НЕОС) и директорката за образование на градот Виена, Елизабет Фукс.

„Најостро го осудуваме предвременото сексуално образование на децата во училиштата. Сексуалноста не е игра на погодување за учениците“, рече Кнап.

Тој, исто така, смета дека е неприфатливо родителите да не се информирани за „ваквите методи на учење“, кои тој ги нарекува „трансродова пропаганда“.

Алкалоид со победа го заврши регуларниот дел на Суперлигата

Ракометниот клуб Алкалоид со победа од 29:26 над ГРК Охрид го заврши регуларниот дел на Суперлигата и во плејофот пренесува два бода!

Алкалоид со победа го заврши регуларниот дел на Суперлигата

Најдобар стрелец во екипата беше Мартин Серафимов со осум гола, пред Мартин Ивановски со шест гола.

Следен натпревар за тимот е во Европскиот Куп на ЕХФ на 30 март, каде игра дуел за место во полуфиналето против романска РК Баја Маре.

Натпреварот почнува од 19:00 часот.

Двајца иселеници од дебарско загинаа во сообраќајка во Италија

Во тешка сообраќајна несреќа што синоќа се случила во Италија, животот го загубиле  двајца иселеници од дебарско.

Двајца иселеници од дебарско загинаа во сообраќајка во Италија

Станува збор за Бајрам Бајрамоски (53) од село Жировница, општина Маврово и Ростуше, кој според неговите соселани од Жировница, во Италија бил над две децении. Оженет и татко на две деца.

Втората жртва е Фуат Етемовски (65) од дебарското село Џепиште, кои исто така со семејството долги години живеел во Италија.

Според полицијата несреќата се случила во близина на Боскалто ди Лореџија кога од работа се враќале во нивниот дом во областа Тревизо, јавуваат италијанските медиуми.

Возилото, камионче во кое се наоѓале директно се судрило со тешко товарно возило, камион. Двајцата починале на самото место а третото лице кое било со нив, босански државјанин бил тешко повреден./МИА

притисни ентер