Велјановски: „Џаво Отомотив“ во Тетово, „Чагатај Кабло“ во Скопје, „Avesta Battery and Energy Engineering“ во Кичево нови инвестиции за посилна македонска економија
1Велјановски: „Џаво Отомотив“ во Тетово, „Чагатај Кабло“ во Скопје, „Avesta Battery and Energy Engineering“ во Кичево нови инвестиции за посилна македонска економија
РакометЗаврши Европското првенство за ракометарките на Словенија и Полска Селекциите на Словенија и Полска го завршија својот настап на Европско ракометно првенство што се одржува во Шведска. Со поразите од Шпанија и Германија, во натпреварите од третото последно коло од првата фаза на шампионатот, ракометарките на Словенија и Полска завршија како на последното четврто место во групите А и Б, со што за нив шампионатот заврши. На натпреварите од овие групи беа постигнати следниве резултати: А група: Германија – Полска 23-22 и Шведска – Србија 30-30. Табела: Србија 5 бодови, Шведска 3, Шпанија 2 и Словенија 2. Б група: Шпанија – Словенија 30-18 и Холандија – Франција 18-17. Табела: Германија 4, Франција 4, Холандија 4 и Полска 0. Со тоа формирана е и првата осминафинална група од главната фаза, во која селекциите на Шведска и Србија ќе стартуваат со по 3 бода, Германија, Франција и Холандија со по 2, додека Шпанија ќе започне без бодови. Денеска ќе се играат натпреварите од 3.коло во Ц и Д групите, а двојките се: Црна Гора – Унгарија, Норвешка – Русија, Романија – Хрватска и Данска – Чешка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВелјановски: „Џаво Отомотив“ во Тетово, „Чагатај Кабло“ во Скопје, „Avesta Battery and Energy Engineering“ во Кичево нови инвестиции за посилна македонска економијаИнвестициониот циклус во Македонија продолжува. Покрај компаниите кои веќе работат и создаваат нова вредност, во периодот што следи ќе се реализираат нови значајни инвестиции, а паралелно Владата води преговори со нови компании кои имаат интерес да инвестираат во нашата земја. Целта е да привлечеме инвестиции кои носат ново производство, современи технологии, добро платени работни места и поголем извоз, а истовремено да ја диверзифицираме економијата и да не зависиме само од една индустрија. Една од значајните нови инвестиции е инвестицијата на „Џаво Отомотив“ во ТИРЗ Тетово. Станува збор за мултинационална компанија, со повеќе од четири децении искуство во автомобилската индустрија, производител на безбедносни системи, контролни кабли и механизми за водечките светски производители. Во периодот од 2026 до 2030 година, компанијата планира да инвестира околу 20 до 21 милион евра, а според бизнис-планот се очекува отворање на 400 до 500 нови работни места. Планот предвидува и извоз кој би достигнал околу 45 милиони евра годишно. Во ТИРЗ Скопје 1, започна изградбата на новата фабрика на „Чагатај Кабло“. Инвестицијата е вредна околу 6 милиони евра, ќе опфати производствен објект од 10.000 квадратни метри и ќе овозможи до 200 нови работни места. Особено значајни се и инвестициите во современи и високотехнолошки индустрии. Во ТИРЗ Кичево започна изградбата на фабриката за електронски батерии за автомобили на белгиската компанија „Avesta Battery and Energy Engineering“, додека германската „BMZ Group“ реализира инвестиција од 65 милиони евра во производство на литиум јонски батерии, со планирани 700 нови работни места. Во оваа група се и инвестицијата на „Епсотех“ за развојно истражувачки центар и инвестицијата на американскиот „Вебтек“ за производство на сопирачки за шински возила. Она што особено радува е што инвестицискиот интерес се шири надвор од автомобилската индустрија. Една турска и една германска компанија од областа на високите технологии потврдија дека ќе инвестираат во Македонија. Нивните вкупни инвестиции се очекува да достигнат околу 80 милиони евра, со околу 1.000 нови работни места и заеднички извоз од над 200 милиони евра. Со три странски компании се завршени преговорите за инвестиции и отворање фабрики во Македонија. Станува збор за компании од автомобилската индустрија, високите технологии и фармацевтската индустрија. Паралелно, Владата преговара со уште околу десет компании од различни сектори, меѓу кои високите технологии, автомобилската индустрија, енергетиката и други индустрии со висока додадена вредност. Целта е овие разговори да ги претвориме во конкретни инвестиции, нови производствени капацитети и нови работни места. Во телекомуникацискиот сектор, компанијата „4iG“, која ја доби дозволата за трет мобилен оператор во Македонија, планира да инвестира повеќе од 100 милиони евра во развојот на новиот оператор, што ќе значи поголема конкуренција, нови услуги и дополнителни можности за граѓаните. Овие инвестиции се потврда дека Македонија станува поатрактивна дестинација за долгорочни, стратешки и технолошки напредни инвестиции. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ги поддржува домашните компании, но и да ги отвораме вратите за странските инвеститори кои сакаат да произведуваат и да создаваат во Македонија. Александар Велјановски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: Велјановски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29За излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минути09:05Гостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00
Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07
Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
МакедонијаМисајловски на Свечениот собир со припадниците на Армијата и вработените во одбранатаВо пресрет на роденденот на македонската Армија, министерот Мисајловски упати благодарност до сите вработени.Денеска пред платото на Министерството за одбрана и Генералштабот, по повод 18. Август - Денот на Армијата, се одржа свечен собир на припадниците на Армијата и вработените во одбраната, на кој се обратија министерот за одбрана, Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски. Во пресрет на роденденот на македонската Армија, министерот Мисајловски упати благодарност до сите вработени и нагласи: „Вашиот труд, вашата посветеност и професионалност која ја покажувате секојдневно ни овозможува да бидеме една од најорганизираните институции во државата. За сите нас, за Македонија, успехот ќе ни биде загарантиран само ако продолжиме посветено да работиме, да продолжиме да функционираме како едно големо семејство кое го обединува заедничка цел: Македонија да продолжи да се развива и да изградиме подобра држава за следните поколенија“. Мисајловски на вработените им порача дека ќе продолжат да бидат вреднувани затоа што тие се столбот на одбраната. „Кон секој предизвик пристапувавме од исто стојалиште и иста перспектива – се поддржувавме во секој момент и за доброто на секој војник, подофицер, офицер и вработен во одбраната. Носиме одлуки кои ќе нè направат посилни и токму затоа сакам да нагласам дека работиме и на повисоки плати и подобри услови за работа“, рече Мисајловски. Началникот на Генералштабот, Генералот Лафчиски во своето обраќање пред присутните, истакна дека 18 Август е „денот кога ја славиме Воената професија, професија која се темели на чест, дисциплина, одговорност, лојалност, професионализам и патриотизам. Тоа се вредностите по кои секојдневно се препознаваме – вредности кои се во кодот на секој Армиски припадник. Генералот Лафчиски наведе дека изминатата година беше година на значајни резултати и потврда дека Армијата продолжува да ги развива своите способности и да ги исполнува највисоките национални и НАТО стандарди, истакнувајќи „Зад секој од овие резултати стои многу работа, соработка, координација, планирање, реализација и извршување“. Во рамки на свеченоста, делегација од Министерството за одбрана и Генералштабот, предводена од министерот Мисајловски, заедно со семејствата на загинатите бранители, положија свежо цвеќе пред спомен-обележјето на загинатите бранители пред зградата на Министерството, оддавајќи им почит за нивната храброст и пожртвуваност. Претходно, на градските гробишта во Бутел, владина делегација предводена од министерот положи венци со свежо цвеќе на партизанските гробишта и на вечните почивалишта на загинатиот претседател Борис Трајковски, поранешниот претседател Киро Глигоров и на генералот Михаило Апостолски. На свечениот собир на вработените Министерството за одбрана и Генералштабот присуствуваа и заменикот министер, Адмир Шабани, заменикот на началникот на Генералштабот, генерал-мајор Азим Нуредин, државниот секретар Елизабета Чуповска Ристова, директорот на Генералштабот, бригаден генерал Орце Јордев, вработени во Министерството и Генералштабот и останати гости. Централната свеченост по повод Денот на Армијата ќе се реализира утре 18. Август во Центарот за обука на вода - Биљанини извори во Охрид.Тагови: Владо Мисајловски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29За излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минути09:05Гостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00
Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07
Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
МакедонијаБорозан: Зошто се крие документ за водата во Гостивар и кој гарантира дека е безбедна?СДСМ со денови јавно бара владата на Мицкоски да објави официјален документ, анализа, резултат кој потврдува дека водата во Гостивар е безбедна за пиење.Прашањето е зошто се крие официјален документ за водата во Гостивар? Зошто не се објавува? Бадијала се повиците на Мицкоски кога не се објавува и се крие од луѓето. А знаеме криењето на резултати до каква катастрофа доведе. Од почетокот на кризата со труењето во Гостивар - нема ниту едно стручно лице да излезе и да ги соопшти резултатите за водата. Власта нема објавено ниту еден официјален документ за водата. Граѓаните не видоа ниту една институција ниту одговорно лице што стои зад исправноста. Мицкоски од екскурзија ја „пушти“ водата за пиење во Гостивар ама документ за исправност на водата сè уште нема. Клековски, кој исто така беше на екскурзија, сè уште не се огласил, иако самиот најави дека првите резултати ќе ги има дури околу 20 август. Наместо премиерот и министерот за здравство - полицаец држеше здравица и објаснувше колку е „вкусна“ водата во Гостивар. Прво еден „полицаец“ Тошковски ја хиперхлорираше, потоа друг, Ангелов, ја пушти во употреба со здравица. Тотална негрижа, срам, брука и неодговорност. Кој тогаш шири паника? Оној што не сака или не може да покаже официјален документ. Да работеа институциите како што треба и на јавноста да ѝ беа достапни документите, како и стручните и овластени лица, немаше да има нервоза ниту паника. Така што, единствено паника создава Мицкоски и неговата криминална екипа, нестручна и неспособна. Граѓаните на Гостивар кои 5 недели пиеја загадена вода, каде има над 5.000 заболени, не заслужуваат ваков однос. Бидете барем еднаш одговорни и сериозни објавете документ: Која институција направила анализа на водата и какви се резултатите? Кој го потпишал извештајот и кој со својот потпис гарантира дека водата е безбедна? За здравјето и животите на луѓето се работи. Прес конференција на СДСМ, Маја БорозанТагови: Борозан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29За излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минути09:05Гостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00
Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07
Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29