Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
МакедонијаЗаврши Дигиталниот Самит на Западен Балкан 2025 во СкопјеЗаврши Дигиталниот Самит на Западен Балкан 2025 во Скопје, со силни регионални обврски за поврзаност и дигитален идентитет.Седмиот Дигитален Самит на Западен Балкан (WBDS), коорганизиран од Владата на Македонија и Регионалниот совет за соработка (СРС), заврши денес со усвојување на две значајни заеднички изјави и сет заклучоци кои ја поддржуваат дигиталната патека на Регионот за претстојниот период. Во Заедничката изјава за дигитално поврзан Западен Балкан шест, министрите и официјалните претставници од Западен Балкан ја потврдија својата заложба за зајакнување на дигиталната поврзаност во регионот и со ЕУ. Врз основа на успехот на режимот Roam Like at Home (RLAH) во Западен Балкан и Декларацијата за роаминг ЕУ-ЗБ од 2023 година, тие ја потврдија својата заложба за усогласување со acquis-то за роаминг на ЕУ и идно воведување на RLAH помеѓу ЗБ6 и ЕУ, притоа повикувајќи ги потписниците на Декларацијата да разгледаат можности за дополнително намалување на цените на роамингот меѓу ЗБ6 и ЕУ. Заедничката изјава за постигнување интероперабилни дигитални ID паричници и доверливи услуги за Западен Балкан шест претставува уште една пресвртница. Со согласност да се воведат регионално интероперабилни дигитални идентитетски паричници, да се хармонизираат доверливите услуги и да се зајакнат регулаторните и техничките капацитети, земјите од Западен Балкан шест се обврзаа да обезбедат сигурен и беспрекорен дигитален пристап за граѓаните и бизнисите, во согласност со стандардите на ЕУ eIDAS 2.0. Заклучоците од Самитот дополнително ја нагласија амбицијата на Регионот: да се усогласи со Актот за дигитални услуги на ЕУ, Актот за дигитални пазари и Актот за вештачка интелигенција; да ги намали регулаторните оптоварувања и да го забрза развојот на широкопојасна мрежа; да ја зајакне сајбер-безбедноста преку поблиска соработка со ENISA и развој на регионална база на податоци за потребите за сајбер-безбедност; да го искористи новиот DESI dashboard за Западен Балкан за следење на дигиталниот напредок на регионот; и да ја поддржи иновацијата и младинското ангажирање преку регионални иницијативи како Balkathon на РСС. Дигиталниот Самит на Западен Балкан 2025 ги обедини владините лидери, партнерите од ЕУ и меѓународната заедница, бизнисите, иноваторите и граѓанското општество од целиот регион и пошироко. Во текот на два дена, тие дискутираа за дигитални услуги, интероперабилност, сајбер-безбедност, вештачка интелигенција и вештини – сите клучни приоритети во рамките на Планот за акција за заеднички регионален пазар 2025-2028 и Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан.Тагови: дигитална Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаБитола денес беше град на трчањетоНад 1.500 тркачи од 18 земји денес беа дел од 8-мото издание на ТРЧАЈ БЕ 2026, спортска манифестација која од година во година расте и ја зацврстува позицијата на Битола како значајна дестинација за спортски туризам во регионот.Свежото утро создаде одлични услови за трчање, а годинешното издание донесе и исклучителни спортски резултати. На битолската патека беа постигнати најбрзите времиња досега и соборени рекордите на ТРЧАЈ БЕ. Низ улиците на Битола денес трчаа натпреварувачи од различни земји, бодрени од бројна публика, волонтери и сите оние кои беа дел од организацијата и реализацијата на трката. ТРЧАЈ БЕ е спортски настан, но и приказна за Битола како отворен и активен град кој преку спортот привлекува гости, создава дополнителна вредност за локалната економија и се промовира надвор од границите на државата. Општина Битола упатува честитки до организаторите на ТРЧАЈ БЕ, до сите институции, партнери, волонтери и служби вклучени во реализацијата, како и до граѓаните кои со својата поддршка придонесоа за атмосферата долж патеката. Посебни честитки до победниците и до сите над 1.500 учесници кои денес ја истрчаа Битола. Уште едно успешно издание на ТРЧАЈ БЕ, уште еден голем спортски ден за Битола. Општина БитолаТагови: битола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45
МетеоУтре сончево со мала до умерена облачностВремето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени. Во Скопје, претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 28 степени. До крајот на новата работна седмица ќе се задржи посвежо и претежно сончево време со мала до умерена облачност во текот на денот. Во вторник наместа во северните делови ќе има услови за повремен дожд. До среда ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а потоа ветерот ќе го смени правецот во југоисточен.Тагови: сончево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканПожарот на Брач сè уште активен: Евакуирани речиси 700 луѓеПожарот е сè уште активен на хрватскиот остров Брач, две лица се повредени, а речиси 700 луѓе се евакуирани, додека населбата Милна е спасена од пожарот, изјави денес началникот на противпожарната служба Славко Туцаковиќ.Тој рече дека постара жена, која паднала од чамец за време на евакуација и речиси се удавила, е во критична состојба, додека другото повредено лице е млад човек кој вдишал чад. Туцаковиќ истакна дека ситуацијата на местото на пожарот на Брач утрово била помирна, иако сè уште дува ветер, по тешката ноќ во која пожарникарите ги бранеле куќите од пожарот, и дека, и покрај нивните напори, неколку згради биле оштетени, објави Индекс. Milna. Bračani dragi, držite se! pic.twitter.com/UCbF18cH9f — JurMag (@jur_magud) September 12, 2026 Туцаковиќ рече дека четворица канадери учествуваат во гаснењето на пожарот од воздух. Хрватската противпожарна служба претходно објави дека пожарот се приближил до Милна поради ветер и дека сите расположиви противпожарни сили се ангажирани во гаснењето на пожарот и спречувањето на ширењето на пожарот кон самото населено место. Ветерот влијаел врз ширењето на пожарот кон јужната страна на Брач на тешко пристапен терен покриен со густа вегетација, се вели во соопштението.Тагови: пожар Брач Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45