ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
1ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
МакедонијаЗаврши 16. „Школа за млади лидери на претседателот Иванов“Со обраќањето на универзитетскиот професор и економист Џефри Сакс, заврши 16-тата Школа за млади лидери на претседателот Иванов. Во онлајн сесијата тој го истакна значењето на младинското лидерство, глобалната соработка и одржливиот развој како клучни насоки за идните генерации. Учесниците имаа можност директно да разменат мислења и да постават прашања, со што беше заокружен последниот ден од програмата, се наведува во соопштението од Кабинетот на поранешниот претседател на државата Ѓорге Иванов. 16-тата Школа за млади лидери на Претседателот Иванов посветена на темата „Младинска агенда за одржлив свет“, како дел од пошироките глобални напори за унапредување на Целите за одржлив развој на Обединетите нации, се одржа од 3-16 ноември 2025 година. На овогодинешната школа учествуваа млади лидери од Македонија, како и од Австрија, Азербејџан, Кина, Египет, Гана, Јордан, Кенија, Пакистан, Руанда, Турција и САД, со што уште еднаш се потврди меѓународниот карактер на програмата. Школата беше реализирана преку повеќедневни тематски блокови, предавања, работилници, интерактивни дискусии, менторски сесии и работа на проекти, во рамки на кои учесниците имаа можност да се следат предавања од повеќе од дваесетина предавачи и говорници од земјата и странство. На оваа школа учество како предавачи и говорници земаа истакнати професори, експерти и лидери, меѓу кои и поранешната претседателка на Унгарија Каталин Новак, универзитетскиот професор и економист Jeffrey Sachs, Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, Претседателот на Freedom House Герардо Бертин, Фелипе Паулиер помошник Генерален секретар на Обединетите нации за младински прашања, Рита Колумбија постојана координаторка на Обединетите нации, Митрополитот дебарско-кичевски Владиката г. Георгиј, Генерал потполковник (пен.) Мајкл Дуби, д-р Рашела Мизрахи, проф. д-р Ѓорѓија Петкоски, проф. д-р Роберт Стеркен, Филип Нелковски, Лазар Поп Иванов, Петар Ниновски, проф. д-р Разаман Акташ, Анастасија Илиевска, Зоран Костовски, Ранко Безар, Јакуб Популар, д-р Александар Митов, м-р Ивана Хаџиванова и членовите на Алумни асоцијацијата на школата, учесници во претходните програми – Ѓорге Божинов, Панче Коцев, Нина Ачераоу, Хепи Гилберт Манго, Илина Пејоска-Затуроски и Даниел Ѓоќески. Новитет во овогодинешната програма на школата беше менторската програма, иницирана и предводена од првиот Претседател на ИСЛАА, Даниел Ѓоќески, која беше подготвувана повеќе од шест месеци и беше реализирана во последните месец дена. Поврзувањето на првите генерации алумнисти на школата со новите учесници беше високо оценета од самите учесници, што претставува поттик за организација на овој сегмент во програмата и за следните изданија на школата. Оваа година во улога на ментори беа алумнистите и предавачи на школата Даниел Ѓоќески, Владимир Арсов, Весна Поповска, Јулија Витанова, Илија Вучков, Никола Николовски, Катерина Вељановска Блажевска, Вероника Томова, Весна Трајковска и Горан Шибаковски. Реализацијата на Школата е поддржана од бројни компании од земјата и од странство. Меѓу поддржувачите се ТИКА, Хотел „Инекс Олгица“ Охрид, Државната лотарија на Македонија, ТАВ Македонија, EVN, Микросам, АТО, Алкалоид АД Скопје, Витаминка АД Прилеп, Делфино (Sixt), Петрол Оил Компани, Туркиш Ерлајнс, А1 Македонија, Обединетата македонска дијаспора, HalkBank, Еко Флуид, Езимит, Скопска Пивара, Мотива и други компании кои континуирано ја поддржуваат оваа иницијатива. Организатори на програмата се Кабинетот на поранешниот претседател д-р Ѓорге Иванов, Меѓународниот центар „Алијанса на цивилизациите“ (ICAC) и Алумни асоцијацијата „Иванов школа за лидери“ (ISLAA). Школата за млади лидери е иницијатива започната во 2010 година и претставува една од најпрепознатливите платформи за развој на млади лидери во регионот, и која, во 2018 година, беше прогласена за најдобар социјално одговорен проект во Европа од Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели. Школата за млади лидери претставува уникатна платформа за талентирани и ангажирани млади луѓе од различни средини. Учесниците, внимателно селектирани според нивните академски достигнувања, лидерски потенцијал и општествен ангажман, се идентификувани како идни лидери кои ќе придонесат во изградбата на мирна, праведна и просперитетна иднина. Досега програмата на школата ја поминале 625 млади луѓе од земјата и странство, а над 420 реномирани предавачи и говорници од Македонија, Европа и светот го споделиле своето знаење со учесниците. Кабинетот на поранешниот Претседател на Република Македонија 2009-2019, д-р Ѓорге Иванов.Тагови: Ѓорге Иванов Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
Шоу бизФото: Цеца за фотките во бикиниБалканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело. Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците. Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца. Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати. Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија. Тагови: Цеца Ражнатовиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Сабаленка ужива во тангаСабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови. Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона. По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови. Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време. Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи. Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.Тагови: Арина Сабаленка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалСупер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на БаернФудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник 2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд. Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд. Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините. Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот. Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката. Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва. Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter