Завршени истражувањата на северната тераса на локалитетот Татиќев Камен Кокино - Канал 5

Завршени истражувањата на северната тераса на локалитетот Татиќев Камен Кокино

Археолозите од Куманово го завршија истражувањето на северната тераса на локалитетот Татиќев Камен Кокино, информираа денеска надлежните од Кумановскиот музеј.

Завршени истражувањата на северната тераса на локалитетот Татиќев Камен Кокино
Од установата соопштија дека тимот археолози предводен од Јовица Станковски пронашле фрагменти, но и цели керамички садови од кои дел веќе се однесени во конзерваторското одделение на обработка.

- Се работеше на северната тераса, со цел целосно да се доистражи. Пронајдените фрагменти и садови ја потврдуваат приказната дека станува збор за светилиште. Следува период на конзервација на пронајдените откритија. Од септември ќе почне да се работи на конзервација на ѕидот на северната тераса, бидејќи тој половина веќе е завршен, а половина се чекаше да се завршат систематските археолошки истражувања, па да се работи на конзервацијата, како што и течат работите. Се надеваме дека наредната година, сето ова ќе биде заокружено со изложба на која ќе бидат презентирани пронајдени материјали од Кокино, изјави директорката на НУ Музеј, Анита Цветановска.

Проектот е директно поддржан од Владата на РМ. Истражувањата почнаа на почетокот на јули, додаде Цветановска

Во тек е и истражување на локалитетот Градиште во Младо Нагоричане. И овој проект е капитален и поддржан од Владата, и се работи во координација со Управата за заштита на културното наследство, додаде Цветановска. Раководител на овој проект е проф.д-р Марјан Јованов од Скопје. На Градиште од 15 јули интензивно работи екипа од конзерватори од Скопје и археолози од Куманово.

- Се работи за античко-пајонски град, откриени се голем број остатоци од архитектура кои сведочат за високо културно ниво на живеење на овие простори во периодот од 4 и 3 век п.н.е. Откриени се остатоци од луксузна градба за која археолозите сметаат дека е палата која, веројатно, на почетокот на 3 век п.н.е. била уништена од воените дејствија на келтски племиња кои наидувале од западна Европа, изјави Цветановска.

Досега се откриени фрагменти од керамички садови, остатоци од обработена камена пластика. Од Музејот на Куманово се надеваат дека до крајот на истражувањето ќе има луксузни откритија, бидејќи минатата година на овој простор беа откриени два јонски капители, кои според својата изработка и изглед беа единстевни за овој дел од Македонија. Истражувањата на локалитетот Градиште ќе траат наредните дваесетина дена. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Разбојници упаднеле на имотот на Крис Хемсворт и му украле три автомобили (ФОТО)

Вооружени крадци провалиле во имотот на актерот Крис Хемсворт и неговата сопруга Елса Патаки во Австралија и украле три автомобили. 

Разбојници упаднеле на имотот на Крис Хемсворт и му украле три автомобили (ФОТО)

Провалувањето се случило во раните утрински часови во среда на имотот вреден 75 милиони долари во Брокен Хед, јужно од Бајрон Беј, каде што парот живее со своите три деца, објавува Дејли Меил.

Елса Патаки ја разбудило лаење на кучињата

Полицијата потврди дека добила пријава за провалата околу 7:30 часот во среда. Според извор близок до парот, Елса Патаки ја разбудило лаење на кучиња околу два часот наутро, но не се посомневала дека нешто се случува, па продолжила да спие. Дури подоцна тоа утро, откако ги прегледала снимките од надзорните камери, открила што се случило. Видеата прикажуваат четири мажи со фантоми на главите, од кои двајца се вооружени со ножеви.

Крадците скокнале преку оградата и влегле во гаражата, каде што имало автомобили каде што биле оставени клучевите. Тие украле три возила, едно BYD, едно Ram и едно Ford Raptor. Оттогаш се пронајдени две возила, едното во Кораки, на околу еден час возење од имотот, а другото во Табулам, на повеќе од два часа возење. Третото возило сè уште се бара.

Имотот познат како „Тврдина Хемсворт“

Хемсворт и Патаки го купиле земјиштето во 2014 година за седум милиони долари, а потоа на него изградиле луксузен комплекс, кој меѓу локалното население добил прекар „Тврдина Хемсворт“. Имотот се простира на 4,2 хектари покрај брегот, опкружен со шума и скриен од јавноста.

Главната куќа има шест спални соби, базен од 50 метри, спа центар, приватно кино, теретана и сала за боулинг со две ленти. Имотот има и стотици соларни панели и систем за видео надзор.

Двојката неодамна инвестираше речиси 150.000 долари во изградба на професионално тениско игралиште, а имотот вклучува и патека за мотокрос. Според експертите за недвижности, вредноста на имотот денес би можела значително да надмине 75 милиони долари.

Полицијата ја истражува кражбата

Полицијата на Нов Јужен Велс потврди дека истрагата е во тек. „Полицијата го обезбеди местото на настанот и започна истрага за околностите на инцидентот“, рече портпаролот. Досега никој не е обвинет за кражбата, а полицијата ги повика сите што имаат информации за случајот да контактираат со „Крајм Стоперс“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Уплашена власт – со ситни игранки не дозволи опозициски пратенички прашања во Собранието

Колку многу е уплашена власта на Мицкоски се виде денеска и во македонското Собрание.

СДСМ: Уплашена власт – со ситни игранки не дозволи опозициски пратенички прашања во Собранието

Со ситни игранки, барање пауза и од нивниот сателит ЗНАМ и со прекршување на деловникот не дозволија опозициски пратенички прашања.

Претседателот на Собранието Африм Гаши паузите ги пресмета во времето од два часа за седницата и со тоа пропаднаа пратеничките прашања.

Не беше поставено ниту едно прашање.

Мицкоски и неговата организирана криминална група се плашат од вистината.

Паниката е огромна.

Откако Мицкоски вчера беше фатен жив како лаже на надзорната расправа за Алта банка, откако на сите им е кристално јасно дека тој и Трајко Славески се главни виновници кои ја внесоа пералницата на пари на Вучиќ во Македонија.

Никако да им стане јасно дека бегање од вистината нема и таа ќе исплива на површна.

А потоа следува и одговорност, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најмалку осуммина загинати и 17 повредени во уривање на зграда во Њујорк (ВИДЕО)

Осум лица загинаа кога се урна трикатна зграда покрај градилиште во Бруклин, објави градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани. 

Најмалку осуммина загинати и 17 повредени во уривање на зграда во Њујорк (ВИДЕО)

Најмалку 17 лица се повредени, вклучувајќи тројца пожарникари, рече Мамдани, додавајќи дека спасувачките операции продолжуваат. Противпожарната служба на градот претходно изјави за Ројтерс дека четири лица се во критична состојба.

Несреќата се случила кога трикатна зграда во населбата Флатбуш во Бруклин се урнала во среда околу 16 часот по локално време и паднала врз соседното градилиште каде што се вршеле градежни ископувања. Телевизиската станица Њујорк WABC-TV објави дека најмалку четири преживеани, вклучувајќи една бремена жена, биле извлечени од урнатините околу два до два и пол часа по уривањето.

Службениците објавија дека во времето на уривањето на зградата, изградена во 1930-тите, не било веднаш познато колку луѓе биле во своите домови. Тие не открија колку работници биле на градилиштето во тоа време.

Градската противпожарна комисија, Лилијан Бонсињор, изјави дека меѓу погодените од уривањето има седум деца, но не прецизираше дали меѓу жртвите има деца или возрасни.

Непознат број на исчезнати

Мамдани рече дека градскиот Оддел за згради и полицијата ја истражуваат причината за уривањето. Пожарникарите, кои биле во близина, пристигнале на местото на настанот во рок од една минута по уривањето и помогнале да се извлечат првите жртви од урнатините, изјавија властите за новинарите на прес-конференција во среда вечерта.

Снимките од локалната телевизија покажаа спасувачи со кучиња трагачи како ги чешлаат урнатините и ги отстрануваат остатоците во кофи, барајќи знаци на живот за луѓето кои можеби биле заробени во шуплините под урнатините.

Џон Еспозито, шефот на градската противпожарна служба, рече дека ќе бидат потребни неколку дена за спасувачките екипи да ги „пребараат сите потенцијални жртви“ во областа. „Не знаеме колку луѓе се исчезнати вкупно“, рече Еспозито. Околу 250 членови на противпожарната и итна медицинска помош беа испратени на местото на настанот, објави противпожарната служба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер