Завршена едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“ - објавени сите планирани 560 наслови - Канал 5

Завршена едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“ - објавени сите планирани 560 наслови

Со промоција на последните 38 наслови, попладнево беше заокружена капиталната книжевна едиција на Владата и Министерството за култура „Ѕвезди на светската книжевност“ во која во изминатите четири години беа преведени и отпечатени вкупно 560 најзначајни дела во историјата на човештвото. Голем дел од книгите првпат добија превод на македонски јазик.

Завршена едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“ - објавени сите планирани 560 наслови
Во реализацијата на овој обемен проект беа вклучени Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, неколку издавачки куќи и околу 500 стручни лица - преведувачи, лектори, автори на поговори на книгите, предводени од претседателот на редакцијата, академик Митко Маџунков.

За нивниот придонес денеска на последната, 13-та промоција, им се заблагодари министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска која истакна дека проектот „Ѕвезди на светската книжевност“ воведе поинаков пристап кон јазичната, книжевната и издавачката материја во Македонија и е уверена, како што рече, дека неговите придобивки ќе бидат далекусежни и дека проектот ќе биде фундамент за развојните процеси во литературата, но и во културата воопшто.

- Ќе посакам погледот кон овие 560 дела кои од денеска се неизоставен дел од нашата книжевна ризница да овозможи македонскиот читател да ги допре ѕвездите, да открие нови светови, нови хоризонти, да се осознае себеси, да ги осознае другите, истакна Канческа-Милевска.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во изјава за медиумите искажа задоволство што проектот почнат пред четири години успешно е доведен до планираниот крај. Се осврна на подготовките пред почетокот на проектот кога биле консултирани библиотеки од земји кои дале значајни дела во светската книжевност.


- Реализацијата се одвиваше чекор по чекор, се вклучија огромен број луѓе. Проценката е дека околу 500 луѓе учествуваа во изработката, подготовката и реализацијата на овој, веројатно најкапитален книжевен проект во историјата на независна Република Македонија, во овие 25 години. Голем потфат за издаваштвото, голем поттик и поддршка за преведувањето, кое како дејност отиде понапред и се поставија нови стандарди. Среќен сум што бев дел од Влада која даде многу голема поддршка на културата, на издаваштвото, на издавање дела и книги кои никогаш претходно не се објавени, а важат за едни од највредните во светската книжевност, изјави Груевски.

Делата од оваа едиција може и да се купат во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје и во националните библиотеки во Битола, Штип, Охрид и Тетово, а на издавачите им е дозволено допечатување примероци и слободна продажба на пазарот. - Цената на книгите е прилагодена и, практично, идентична на производната цена. Не е намерата да се направи некоја заработка, туку да им се овозможи на читателите по најпристапна цена да дојдат до овие дела, додаде Груевски.

Претседателот на стручната редакција, академик Митко Маџунков, истакна дека се работи за пионерски потфат од големо значаење за нашата култура, голем издавачки потфат кој, како што рече, покажал и какви се можностите на нашиот книжевен јазик.

- Јазикот е можеби најважниот атрибут на еден народ, а неговата книжевна артикулација е најочигледниот доказ за неговата зрелост. Книжевните јазици освен со оригиналните дела, се потврдуваат со способноста на нив да се преведат најголемите и јазично најсложените дела. Таа задача е сега извршена до крајот и никој повеќе не би можел ниту да помисли да го оспорува македонскиот јазик, а со тоа и народот што зборува на тој јазик, истакна Маџунков на последната промоција на наслови од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен поранешен министер на Србија

Раде Баста, поранешен министер во Владата на Србија во периодот од октомври 2022 до мај 2023 година, е уапсен во Белград.

Уапсен поранешен министер на Србија

Според неофицијални информации, Раде Баста е уапсен по налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, бидејќи додека бил директор на „Белградски електрани“ (Beogradske elektrane), го оштетил претпријатието за десетици милиони динари преку одобрување неосновани донации за разни спортски клубови!

Меѓу овие спортски клубови, како што пренесуваат дел од српските медиуми, нема звучни имиња, туку станува збор за помали фудбалски и кошаркарски клубови, па дури и еден коњички клуб.

Во тек е акција за апсења и претреси на простории, спроведена од припадници на Службата за борба против корупцијата, а се апсат и уште неколку лица поврзани со проневерите на Баста. Да потсетиме, Баста беше министер за економија само 8 месеци, од октомври 2022 до 2023 година, кога беше разрешен од таа функција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пилешко во кремаст сос од вргањ

Во среда (04.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Емилија Мицевска.

„Гответе со Дракче“ - Пилешко во кремаст сос од вргањ

Состојки за денешниот рецепт:

500 гр. пилешко филе

20 гр. сув вргањ

150 - 200 мл. топла вода

500 мл. павлака за готвење

1 мало шише бело суво вино

40 - 50 гр. пармезан

1 коцка говедска супа

1 лажица путер

1 лажица маслиново масло

1 чешне лук

сол, бибер, свеж магдонос

мајчина душица

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уставниот суд домаќин на 4. Годишен состанок на Форумот на балканските уставни судови

Уставниот суд на Република Македонија, од 12 до 14 ноември 2026 година, во Охрид ќе биде домаќин на 4. Годишен состанок на Форумот на балканските уставни судови (BCCF).

Уставниот суд домаќин на 4. Годишен состанок на Форумот на балканските уставни судови

Претседатели и судии на уставни судови, претставници на меѓународни организации и истакнати правни експерти ќе учествуваат на меѓународната конференција посветена на довербата во уставното судство, современите предизвици и владеењето на правото.

Покрај годишниот состанок на претседателите на уставните судови - членки на Форумот, во фокусот ќе биде ставена и меѓународна конференција со тема „Современи предизвици за владеењето на правото: улогата на уставните судови“, која ќе се одржи на 13 ноември 2026 година.

Конференцијата ќе отвори прашања од суштинско значење за современото уставно судство, со посебен акцент на јакнењето на довербата на граѓаните во уставните судови, предизвиците што ги носи дигиталната ера и обезбедувањето ефективна уставна заштита.

Свеченото отворање ќе започне со интонирање на државната химна и прикажување документарен филм посветен на 62-годишното постоење на Уставниот суд на Република Македонија.

Во рамките на поздравниот дел од програмата, предвидени се обраќања на претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, министерот за правда, проф. д-р Јетон Шасивари, како и на Кристиан Делиорга, судија на Уставниот суд на Романија и претставник на Асоцијацијата на уставни судови што користат француски јазик (ACCF).

Во програмата е предвидено и видеообраќање на амбасадорот Килијан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Воведното стручно обраќање ќе го одржи проф. д-р Кристоф Грабенвартер, претседател на Уставниот суд на Република Австрија, на темата „Значењето на регионалната соработка меѓу уставните судови“.

Неговото излагање ќе биде посветено на улогата на соработката, размената на искуства и уставносудската практика во справувањето со заедничките предизвици и во зајакнувањето на уставната правда.

Работниот дел од конференцијата ќе се одвива низ три тематски сесии, во кои ќе учествуваат претседатели и судии на уставни судови, претставници на европски и меѓународни институции и универзитетски професори.

Првата сесија, со наслов „Како да се зголеми довербата во уставните судови?“, ќе ја модерира д-р Садет Јуксел, судијкаа на Европскиот суд за човекови права. Предвидени се излагања на Мерсида Џаферлари, уставна судијка од Албанија, Павлина Панова - претседателка на Уставниот суд на Бугарија, Неџми Реџепи - претседател на Уставниот суд на Косово и Булос Фахми Искандар претседател на Врховен уставен суд на Египет

Втората сесија, која ќе продолжи со разгледување на прашањата за довербата во уставното судство, ќе ја модерира Мартин Кујер, судија Врховен суд на Холандија и член на Венецијанската комисија.

Во дискусијата со свои обраќања ќе учествуваат Снежана Арменко претседателка на Уставниот суд на Црна Гора, Кадир Озкаја Претседател на Уставен суд на Турција, судијката на Уставниот суд на Република Македонија, проф. д-р Ана Павловска-Данева, и проф. д-р Рената Дескоска, потпретседателка на Венецијанската комисија.

Третата сесија ќе биде посветена на довербата во уставните судови во дигиталната ера, со посебен осврт на новите технологии, нивното влијание врз правосудството и предизвиците за заштитата на уставните права. Модератор ќе биде Рената Дескоска, а во сесијата се предвидени излагања на Лариса Велиќ, судија на Уставен суд на Босна и Херцеговина, Муса Лараба, генерален секретар на Конференцијата на Африканска уставна јурисдикција (CJCA), Татјана Васиќ-Бозаџиева, судија на Уставен суд на Република Северна Македонија и Мартин Куијер.

Конференцијата ќе заврши со обраќање на претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски.

Билатерална средба со делегација на Врховниот уставен суд на Египет

Денеска, 11 ноември 2026 година, во Уставниот суд ќе се одржи билатерална средба со висока делегација на Врховниот уставен суд на Арапската Република Египет.

Египетската делегација ќе ја предводи Н.Е. Булос Фахми Искандар, претседател на Врховниот уставен суд на Египет, а во нејзиниот состав ќе биде и Махмуд Мохамед Али Гонеим, потпретседател на Судот.

Од страна на Уставниот суд на Република Северна Македонија, на билатералната средба ќе учествуваат претседателот д-р Дарко Костадиновски и судиите д-р Осман Кадриу, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, м-р Фатмир Скендер, проф. д-р Ана Павловска-Данева и м-р Мери Дика-Георгиевска.

Средбата ќе биде посветена на унапредувањето на билатералната соработка, размената на искуства и уставносудски практики, како и на предизвиците со кои се соочуваат уставните судови во заштитата на уставноста, човековите права и владеењето на правото.

Усвојување на Охридска декларација

Еден од значајните аспекти на годишниот состанок е иницијативата за усвојување на Охридска декларација како основа за понатамошно унапредување на регионалната соработка.

Во рамките на годишниот состанок ќе се одржи и состанок на Одборот на членови на Форумот на балканските уставни судови, на кој ќе се разгледуваат прашања поврзани со понатамошното функционирање на Форумот и претседавањето со него.

За Форумот и надлежностите

Форумот на балканските уставни судови претставува платформа за соработка, професионален дијалог и размена на искуства меѓу уставните судови во регионот.

Негови членки се уставните судови на Албанија, Бугарија, Република Северна Македонија, Црна Гора, Косово и Турција, а во работата на Форумот како набљудувачи учествуваат и институции од Босна и Херцеговина, Хрватска, Романија и Грција.

По претходните годишни состаноци одржани во Софија во 2023 година, Приштина во 2024 година и Анталија во 2025 година, Охрид е четвртиот домаќин на Форумот.

Со организирањето на овој меѓународен настан, Уставниот суд на Република Северна Македонија ја продолжува својата заложба за унапредување на регионалната и меѓународната соработка, размената на добри практики и зајакнувањето на улогата на уставните судови во заштитата на уставноста, законитоста и основните слободи и права на граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер