Завршен настан од двегодишниот проект за интегрирано образование и меѓукултурна соработка „Градиме нови мостови“ - Канал 5

Завршен настан од двегодишниот проект за интегрирано образование и меѓукултурна соработка „Градиме нови мостови“

Завршен настан од двегодишниот проект „Градиме нови мостови“ чија цел е интегрирано образование и меѓукултурна соработка меѓу младите од основни и средни училишта.

Завршен настан од двегодишниот проект за интегрирано образование и меѓукултурна соработка „Градиме нови мостови“

Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Министерството за образование и наука денеска во ОУ „Живко Брајковски“ во општина Бутел организираа завршен настан од двегодишниот проект „Градиме нови мостови“ чија цел е интегрирано образование и меѓукултурна соработка меѓу младите од основни и средни училишта.

Проектот е продолжение на претходните активности на Мисијата, насочени кон меѓуетничка интеграција во образованието, унапредување на демократијата и на социјалната кохезија во државата. Биле вклучени околу 30 училишта и 2600 ученици кои имале заеднички активности - часови, спортски настани и дружење.

Со пораки за толеранција, заедништво и соработка меѓу учениците од различни етникуми, се обратија министерката Весна Јаневска и амбасадорките на Соединетите Американски Држави и Норвешка, Анџела Агелер и Кристин Мелсом, кои им врачија плакети на претставници на училиштата кои учествувале во проектот.

Јаневска потенцираше дека е вредност разноликоста што ја има државава во која, рече, живеат граѓани кои говорат различни јазици, со различна верска и национална припадност. Порача дека за да се зачува таа разноликост, „треба да ги јакнеме мостовите меѓу нив и постојано да градиме нови“ и оти тие мостови се зацврстуваат токму преку образованието.

- Преку интегрирано образование и меѓукултурна соработка меѓу младите од основни и средни училишта чиј мајчин јазик е македонскиот, албанскиот, босанскиот и турскиот јазик, преку заедничките наставни и воннаставни активности, заедно градевме меѓусебно разбирање и трајни врски. Овие активности уште еднаш ја потврдија вистината дека децата и младите многу лесно меѓу себе комуницираат, без оглед колку се различни, доколку возрасните тоа им го дозволат, рече министерката Јаневска.

За успешно спроведување на проектот, покрај поддршката од ОБСЕ и САД, Норвешка, Полска, Холандија и Луксембург, значајни биле, рече, и партнерствата изградени меѓу училиштата, општините и граѓанските организации.

- Сите заедно, со многу добра волја, умеење, но и со средствата на донаторите, успеавме неколку илјади млади да ги изведеме на патот на соработката, разбирањето и пријателството, да им подариме вештини кои понатаму во животот многу ќе им значат лично, но ќе оставаат и позитивен отпечаток во средините каде ќе живеат и работат, додаде Јаневска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најголем број на странски туристи во земјава се турски државјани, по нив се граѓани на Србија

Најголем број на странски туристи во земјава се турски државјани, по нив се граѓани на Србија

Најголем број странски туристи во септември во земјава дошле од Турција - вкупно 27.933. По нив во бројност се туристите од Србија со 8.358, потоа од Германија со над 6.000 и Полска со над 4.600 туристи.

Вкупно 136.305 туристи се евидентирани во земјава во септември годинава, а од вкупниот број туристи, скоро 25 проценти биле домашни, додека 75 проценти биле странски туристи.

Споредбено со периодот јануари – септември 2025 година, вкупниот број туристи е зголемен за 3 проценти притоа, бројот на домашните туристи бележи раст од 2,8 проценти, а на странските за 3 проценти, покажуваат податоците на државниот завод за статистика.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пилешка салата

Во четврток (05.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Иван Милевски.

„Гответе со Дракче“ - Пилешка салата

Состојки за денешниот рецепт:

250 гр. пилешки стек

5 - 6 кисели краставички

100 гр. сусам

150 гр. мајонез

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Прилог

потпечени лепчиња и шери домати

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лашкоска во Радовиш: Со инвестиции во водната инфраструктура до побезбедна животна средина и подобри услови за граѓаните

Заменик-министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, денеска престојуваше во работна посета на Општина Радовиш, каде што оствари средба со градоначалникот Љупче Почивалец

Лашкоска во Радовиш: Со инвестиции во водната инфраструктура до побезбедна животна средина и подобри услови за граѓаните

Заменик-министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, денеска престојуваше во работна посета на Општина Радовиш, каде што оствари средба со градоначалникот Љупче Почивалец, на која се разговараше за реализацијата на тековните и планираните инфраструктурни проекти, како и за натамошното унапредување на соработката меѓу Министерството за животна средина и просторно планирање и локалната самоуправа во општина Радовиш.

Во рамките на посетата, заменик-министерката Лашкоска и градоначалникот Почивалец извршија увид во реализацијата на проектот за уредување на речното корито на Ораовичка Река, за кој Министерството за животна средина и просторно планирање, преку Програмите за води за 2025 и 2026 година, има обезбедено 12 милиони денари. Реализацијата на овој проект има особено значење за подобрување на заштитата од поплави, намалување на ризиците од излевање на реката и унапредување на безбедноста на населението и околните имоти.

Посебно внимание на работната средба беше посветено и на планираниот проект за изградба на водоводна, фекална и атмосферска канализациска мрежа во Урбан блок 15 во Радовиш, чија реализација е предвидена со финансиска поддршка од Министерството за животна средина и просторно планирање. Овој инфраструктурен зафат претставува важен чекор кон подобрување на комуналните услуги, обезбедување посигурно водоснабдување и поефикасно управување со отпадните и атмосферските води.

На средбата беше нагласено дека успешното спроведување на инфраструктурните проекти бара континуирана координација и партнерство меѓу централната и локалната власт, со јасно утврдени приоритети кои произлегуваат од реалните потреби на населението.

„Граѓаните не ја мерат успешноста на институциите само според вложените средства, туку според подобрувањата што ги чувствуваат во своето секојдневие. Токму затоа, секој реализиран проект, секој метар изградена водоводна или канализациска мрежа и секое уредено речно корито за нас претставуваат вложување во нивната сигурност, здравје и поквалитетен живот. Нашата цел е инвестициите во животната средина да бидат видливи преку конкретни придобивки за граѓаните и да создаваат трајни вредности за идните генерации“, истакна заменик-министерката Лашкоска.

Во таа насока, Министерството за животна средина и просторно планирање и во 2027 година ќе продолжи да ја развива соработката со Општина Радовиш, со фокус на реализацијата на приоритетните инфраструктурни проекти, одговорното управување со водните ресурси и натамошното подобрување на условите за живот на локалното население.

МЖСПП посветено работи преку континуираните инвестиции, одговорното управување со природните ресурси и партнерството со локалните самоуправи, создава долгорочни решенија за еколошките и инфраструктурните предизвици, со јасна цел – побезбедни населени места, почиста животна средина и подобар квалитет на живот за сегашните и идните генерации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер