Средба Николоски - Акташ: Македонија и Турција имаат одлична соработка, економијата, туризмот и поврзувањето се областите од интерес на двете земји
1Средба Николоски - Акташ: Македонија и Турција имаат одлична соработка, економијата, туризмот и поврзувањето се областите од интерес на двете земји
ЗдравјеЗависност од капки за нос, како да ја излечите оваа лоша навика?Нервоза, главоболка и чувство дека не можете да дишете без капки за нос се само некои од симптомите дека сте претерале со користењето на овој препарат.Капките за нос што се користат за настинки содржат вазоконстрикторна супстанца која го намалува протокот на крв во носната слузница и на тој начин го намалува отокот и секрецијата. Но, прекумерната употреба на капки за нос може да доведе до зависност и промени во носната слузница, кои се нарекуваат медикаментозен ринитис. Симптоми на зависност Медикаментозниот ринитис е хронична промена во носната слузница што се јавува кај околу 9 проценти од пациентите кои одат на лекар или алерголог. Подеднакво ги погодува и мажите и жените на која било возраст. Освен од капките за нос, медикаментозниот ринитис може да биде предизвикан и од лекови за намалување на притисокот, од примањето хормонска терапија или нестероидни антиревматски лекови. Зависноста од капките за нос настанува како резултат на нарушување на функцијата на автономниот нервен систем, кој делува несвесно. Најчести симптоми се: често користење на капки за нос, проблеми со дишењето доколку не се користат истите, крварење од носот, главоболки, нервоза ако случајно немаме капки за нос, капките за нос не делуваат, но и понатаму се користат, непрекината употреба на капките шест месеци и подолго. Како што нагласуваат лекарите, капките за нос не се толку безопасни како што се верува, поради што е неопходно строго да се придржувате до пропишаната терапија за да избегнете зависност. Лекарите предупредуваат дека оштетувањето на слузницата на носот може да доведе и до оштетување на срцето. Бројните компликации од капките за нос некогаш се решаваат исклучиво хируршки. Колку капките за нос предизвикуваат зависност зависи од нивниот состав. 1. Солени спрејови Солените спрејови и капките за нос без додатни лекови се безбедни за сите луѓе без разлика на возраста. Најчесто се прават на база на физиолошки раствор и содржат стерилизирана вода и мала количина сол. Тие не создаваат зависност и немаат несакани ефекти. 2. Стероидни капки Овие капки и спрејови содржат кортикостероиди и често се користат за алергии. Дејствуваат по неколку дена, а доколку се користат подолго од пропишаното од лекар, може да предизвикаат крварење од носот, катаракта на очите и главоболки. Тие се безбедни за употреба, но не подолго од седум дена. 3. Антихистамински спрејови Тие содржат антихистамини кои го намалуваат зачепувањето на носот предизвикано од алергиски реакции. Сепак, долготрајната употреба на овие спрејови може да има бројни несакани ефекти како што се: горчлив вкус, замор, зголемување на телесната тежина, болки во мускулите, печење во носот... Нема докази дека предизвикуваат зависност. 4. Назални деконгестиви Повеќето назални деконгестиви во форма на капки или спрејови содржат оксиметазолин, кој обезбедува итно ослободување од назалната конгестија предизвикана од настинка или грип. Го намалува воспалението и му помага на пациентот полесно да дише. Не треба да се користат повеќе од три дена бидејќи можат да предизвикаат одреден тип на зависност. Третманот на зависност од капки за нос се врши под надзор на лекар. Наместо капки и спрејови, за вдишување се користат билни чаеви за отворање на дишните патишта.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
МакедонијаСредба Николоски - Акташ: Македонија и Турција имаат одлична соработка, економијата, туризмот и поврзувањето се областите од интерес на двете земјиЗаменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Турција, Алпер Акташ.Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Турција, Алпер Акташ, на која беа разгледани билатералните односи меѓу двете земји, како и можностите за унапредување на меѓусебната соработка. Посебен акцент беше ставен на трговската размена и економската соработка, особено во областа на транспортната политика и инфраструктурното поврзување. На средбата, министерот ги претстави развојните политики на Владата и плановите за подобрување на инфраструктурната поврзаност во регионот. Николоски нагласи дека Македонија претставува поволна дестинација за инвестиции и претставува порта за поврзувањето со Централна Европа. Во таа насока, беше истакнато дека присуството на голем број турски компании кои инвестираат во земјава претставува потврда за развиените пријателски односи меѓу двете држави, како и за потенцијалот за натамошно унапредување на економското партнерство. Соговорниците ја потврдија важноста на продолжувањето на соработката меѓу Македонија и Турција во повеќе области, со посебен акцент на економијата, поврзувањето на граѓаните и развојот на туризмот. Во делот на туризмот, беше нагласено дека постојат огромни потенцијали за поврзување меѓу двете земји, со цел поттикнување на туристичките посети и продлабочување на меѓусебните врски. Средбата претставува можност за зајакнување на партнерството меѓу Македонија и Турција, во интерес на економскиот развој, новите инвестиции и унапредувањето на севкупните билатерални односи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
КултураЗлатна лира 2026-Сабота, 24 октомври, 20 часот, Музеј на македонската борбаВечер на виолина и пијано со Момчило Куфојанакис и Весна Ангелова Христов, долгогодишни камерни партнери со бројни заеднички настапи во Македонија и на меѓународната концертна сцена. Концерт на Момчило Куфојанакис - виолина, Весна Ангелова Христов - пијано. Сабота, 24 октомври, 20 часот, Музеј на македонската борба. Вечер на виолина и пијано со Момчило Куфојанакис и Весна Ангелова Христов, долгогодишни камерни партнери со бројни заеднички настапи во Македонија и на меѓународната концертна сцена. На програмата се деца од Моцарт, Витали, Тартини, Стојков и Шуберт. Момчило Куфојанакис основното и средното музичко образование ги завршува во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во класата на проф. м-р Ерхан Шукри. Дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. м-р Михаило Куфојанакис, со највисока оцена cum laude. Двегодишните магистерски студии ги завршува во 2015 година на Државниот конзерваториум „А. К. Глазунов“ во Петрозаводск, Русија, во класата на заслужниот артист на Русија и народен артист на Република Карелија проф. Климентиј Јосифович Векслер, повторно со највисока оцена. Во текот на образованието се усовршува кај Ирина Головина, Ара Богданјан, Благородна Танева и Евгенија Чугаева. Учествува на 14. Интернационален мастер-клас „Аркутино“ во Приморско во 2005 година под раководство на Минчо Минчев, на интензивни мастер-класови кај проф. д-р Ино Мирковиќ во Меѓународниот центар „Е-Вивалди“ во Венеција во 2009 и 2010 година, на European Summer Music Academy во Приштина во 2012 година, а во 2014 година и на мастер-класови кај Александар Зиновјевич Бондурјански, Дора Шварцберг и Игор Малиновски во рамките на Dresden Meisterkurse Musik. Од 2004/2005 година развива континуирана рецитална дејност во Скопје и во повеќе градови низ Македонија, често во соработка со пијанистката Весна Ангелова-Христов. Настапува како солист со Македонската филхармонија во 2005 и 2008 година, со гудачкиот оркестар „Арко“ во 2007, Мандолинскиот камерен оркестар – Скопје во 2008, Симфонискиот оркестар при ФМУ во 2008 и 2011 и со „Скопски солисти“ во 2012 година. Во Русија се претставува со рецитал во 2013 година, со изведба на Концертот за виолина од А. К. Глазунов, камерни концерти во 2014 и со целовечерен магистерски концерт во јуни 2015 година. Настапува и на „Скопско лето“, ДАМ во Приштина, „Есенски музички свечености“, „Новаљско глазбено лето“, „Опатијско културно лето“ и во Омишаљ на островот Крк, каде во 2010 година соработува со руската пијанистка Наталија Маричева. Посебно место во неговата меѓународна биографија имаат настапите во Софија: во 2008 година во КИЦ на Република Македонија изведува Бахови двојни концерти со виолинистот Михаило Куфојанакис и пијанистот Тодор Светиев, настап кој бугарската критика го карактеризира како вечер на великани на баховата интерпретација; следната година се враќа со рецитал во камерната сала „Бугарија“. Во 2016 година гостува во Кина со три концерти со хармоникашот Александар Коловски и е член на меѓународно жири на фестивалот во Харбин, а истата година настапува на Франкофонскиот фестивал „Soleil“ во Созопол. Во 2017 година со Весна Ангелова-Христов реализира целовечерен рецитал во Македонскиот културен центар во Њујорк; во 2018 година заедно го основаат Трио „Aperto“ и настапуваат на „Скопско лето“. Следуваат концерти во Скопје, Велес, Куманово, Истанбул, Тирана и Струмица, како и настапи на „Златна лира“ во 2020 и 2023 и на „Есенски музички свечености“ во 2021 година. Критиката посебно го препознава неговиот афинитет кон лирскиот репертоар. Во осврт на концертот „Encores“ на „Златна лира“ 2020, Викица Костоска Пенева го издвојува неговото изразено вибрато, течните трилери, чувството за динамичка градација и сериозноста во делата на Изаи и Блох, а неговиот израз го опишува како „вокална“ интерпретација на виолинската линија. Во репертоарот на Куфојанакис се застапени Бах, Бетовен, Брамс, Вјењавски, Сарасате, Моцарт, Хендл, Паганини, Прокофјев, Дебиси, Сук и Барток, како и македонските автори С. Стојков, А. Џамбазов и М. Трендафиловски; има освоено и повеќе награди на државни и меѓународни натпревари. Фото: Приватна архива Весна Ангелова Христов основното и средното музичко образование ги завршува во Скопје во класата на проф. Павлина Среброва. На седумнаесетгодишна возраст е примена на Факултетот за музичка уметност, каде дипломира пијано со највисока оцена во класата на проф. Борис Романов. Магистрира пијано-интерпретација на ФМУ под менторство на реномираната пијанистка и педагог Рита Кинка од Академијата на уметности во Нови Сад. Во текот на школувањето е добитничка на многубројни државни и меѓународни награди и признанија: специјална награда на меѓународен натпревар во Нови Сад, диплома од натпреварот во Етлинген, Германија, како и специјални и први награди на државните натпревари по пијано и камерна музика. Во 2008 година добива стипендија за културен престој во Cité internationale des arts во Париз. Се усовршува на меѓународни мастер-класови кај Борис Романов, Рита Кинка, Антон Диков, Јокут Михајловиќ и Јаромир Клепач, а како стипендист на Музичка младина на Македонија учествува и на мастер-клас во Вајкерсхајм, Германија. Како солистка и камерен музичар настапува во Македонија, Косово, Србија, Бугарија, Хрватска, Франција, Германија, Турција, Чешка и САД. Нејзината концертна биографија ги вклучува „Денови на македонска музика“, „Златна лира“, „Охридско лето“, „Скопско лето“, ДАМ и Chopin Fest во Приштина, Франкофонскиот фестивал „Soleil“ во Созопол и Fête de la musique во Париз. Повеќепати настапува како солистка со Македонската филхармонија, а изразениот афинитет кон камерната музика ја води кон формирање пијано-дуо и, во 2018 година, кон основање на Трио „Aperto“ со виолинистот Момчило Куфојанакис. Како пијано соработник особено често работи со виолинисти, поддржувајќи млади музичари на натпревари, семинари и концертни подиуми. Во рецензијата за концертот „Encores“ на Куфојанакис и Ангелова Христов на „Златна лира“ 2020, критиката ја опишува пијанистката како „уверлива и сигурна“ и како достоен партнер во обликувањето на заедничкиот настап, а кај лирските пиеси го издвојува усогласениот интензитет меѓу виолината и пијаното и внимателното градење на динамичките нијанси (Викица Костоска Пенева, СМУМ). Ангелова Христов работи како професор по пијано и камерна музика во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, членува во комисии на државни натпревари и е надворешен соработник на Македонската филхармонија и Факултетот за музичка уметност во Скопје. Влезот е слободен. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Други спортовиМакедонската репрезентација во традиционално карате на Светското првенство во Копер, СловенијаМакедонската репрезентација во традиционално карате ќе учествува на Светското првенство, кое ќе се одржи од 22 до 25 октомври во Копер, Република Словенија.Македонија ќе ја претставуваат 14 натпреварувачи во различни возрасни категории: Сениори: Матеј Јарчевски Кадети: Камелија Недев Софија Јарчевска Деца од 11 до 13 години: Филип Недев Георги Кокорманов Драган Стојановски Миле Спанџев Деца од 8 до 10 години: Тадеј Недев Максим Поп Трпев Коста Стојановски Михаил Стојановски Лина Ранова Предраг Брезовски На ова големо меѓународно спортско натпреварување се очекува да учествуваат околу 1.500 натпреварувачи од 58 земји од светот. Настапот на македонските каратисти претставува можност за афирмација на традиционалното карате и на македонскиот спорт на меѓународната сцена. На последното светско првенство кое се одржа во 2024 во Буенос Аирес, Аргентина Дејан Недев го освои бронзениот медал во кати за сениори.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook