Кузеска: Народна банка го крие решението за Алта – како Славески го проценил ризикот по консултацијата со Мицкоски?
2Кузеска: Народна банка го крие решението за Алта – како Славески го проценил ризикот по консултацијата со Мицкоски?
ЖивотЗависна од операции: Прв пат градите ги зголемила на 17 години, а потоа уште 2 пати!Сара Мари Самер има само 23 години, а до сега направила 3 операции за зголемување на градите. Таа ги игнорирала советите од лекарите да престане по втората операција. Третата ја поминала тешко, но не се кае!Австралијката Сара Мари е убедена дека големите гради ја направиле славна и успешна во работата како модел. Но не била задоволна од својот изглед по првиот зафат - биле потребни 3 операции да изгледа како што сака, што според многумина е едноставно - смешно! Првата операција ја направила во Нов Зеланд на 17 години. Ја чинело 13 000 долари. Но не била задоволна - сакала уште поголеми гради и веднаш почнала да штеди за нова операција. Се оперирала во јули минатата година. - Имав мешани чувства. Пак не беше тоа што го очекував. Сакав уште поголеми гради и решив да легнам под нож уште еднаш! - вели Сара. Имала сериозни проблеми да најде хирург кој ќе се согласи да ја оперира уште еднаш и по 3 пат да и ги зголеми градите. По неколку месеци успеала, и операцијата ја направила во јануари годинава. - Кожата ми беше толку затегната што ми се појавија рани. Ме ставија на антибиотици но се покажа дека сум алергична на нив. Навистина ми беше лошо. Сакаа да ми ги извадат имплантите, но за среќа, состојбата ми се подобри - вели Сара. Таа знае дека за многумина изгледа смешно, но уверува дека токму вака сака да изгледа. - Луѓето не веруваат дека токму вака сакам да изгледам - вели Сара за „Woman's Day“. - Сакам да изгледам глупаво и огромно во градите. Тоа предизвикува насмевка кај луѓето, а мене ме прави среќна, значи не може да биде толку лошо - вели младата девојка./ извор: Дејли меил Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КошаркаКФМ: Пуштени во продажба влезниците за натпреварот Македонија – КипарЦена на влезниците е 150 денари за сите блокови, односно трибини во комплетно реновираната спортска сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје.Кошаркарската федерација на Македонија како организатор на натпреварот Македонија - Кипар, кој е дел од втората рунда од претквалификациите за Евробаскетот во 2029 година, информира дека од денеска, сите заинтересирани љубители на кошарката можат да обезбедат влезни билети преку онлајн сервисот „МКТикетс“. Цена на влезниците е 150 денари за сите блокови, односно трибини во комплетно реновираната спортска сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје. Натпреварот Македонија – Кипар, ќе се игра на 26 ноември (четврток), со почеток од 18:00 часот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКлековски на средба со новиот директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторатМинистерот за здравство, Сашо Клековски денеска оствари средба со д-р Димитар Ангелески, кој е именуван за нов директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Д-р Ангелески е специјалист ортопед кој своите студии ги завршил на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, а потоа завршил и специјализација од областа на ортопедија. Во својата професионална кариера работел во Службата за итна медицинска помош при Здравствен дом Скопје, а ја извршувал и функцијата директор на Медицинскиот симулациски центар. Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, а со тоа и од новиот директор очекувам да ја зајакне улогата на инспекторатот во заштита на јавното здравје, што е можно побрза и повидлива инспекција на терен со доследна примена на прописите, како и континуирана отчетност и транспарентност во работата. Упатувам и благодарност на досегашниот директор д-р Кирил Лазов за работата и професионалниот ангажман, истакна министерот за здравство, Сашо Клековски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваГолем успех за Македонија на светскиот избор Miss & Mister Planet 2026 во ГрузијаМакедонските претставници Катарина Јовановска и Јасмин Мустафоски освоија вкупно три титули на престижниот меѓународен избор за убавина Miss & Mister Planet 2026, кој изминатиот викенд се одржа во Тбилиси, Грузија.Во женска конкуренција, Македонија ја претставуваше тетовчанката Катарина Јовановска, која со својот настап, харизма и елеганција оствари значаен успех, освојувајќи ја титулата трета придружничка. Одличен пласман забележа и македонскиот претставник во машка конкуренција, Јасмин Мустафоски од Охрид, кој се закити со две титули – четврти придружник и најдобар фотомодел (Best Photo Model). На годинешното издание на Miss & Mister Planet, титулата во женска конкуренција ја освои претставничката на Романија, додека во машка конкуренција победи претставникот на Индија. Катарина и Јасмин се членови на Модното студио „Црнокрак“, кое е официјален носител на лиценцата за Македонија за овој престижен светски избор за убавина. Со освоените три титули, македонските претставници уште еднаш го потврдија потенцијалот на домашната модна сцена, успешно претставувајќи ја Македонија на меѓународно ниво.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter