3ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции
БалканЗатворени училиштата во Атина поради невремето „Бајрон“ - предизвика сериозни проблеми и поплавиОсновните и средните училишта во областа Атика, поширокиот регион на Атина, со одлука на префектот, денеска се затворени, поради невремето „Бајрон“ што ја зафати цела Грција.Основните и средните училишта во областа Атика, поширокиот регион на Атина, со одлука на префектот, денеска се затворени, поради невремето „Бајрон“ што ја зафати цела Грција, додека во грчката метропола создаде сериозни проблеми со обилен дожд, поплавени улици и штети. Невремето со обилен дожд и грмотевици започна вчера во попладневните часови, траеше во текот на ноќта и продолжува и денеска, а противпожарната служба на Грција до 6 часот утрово во областа Атика примила 290 повици за помош, при што интервенирала во 90 испумпувања на вода, 27 сечења на дрвја и 12 пренесувања на лица на безбедни локации. Според мрежата на автоматски метеоролошки станици на Националната опсерваторија во Атина и порталот Метео, заклучно со 7 часот утрово, најголемите количества дожд се забележани во западна и северна Атика, Поконкретно, најголемото количество дожд е регистрирано во Влихада во западна Атика – 131 милиметри дожд, односно 131 литар вода на квадратен метар и во Авлона во источна Атика со 108 милиметри, односни 108 литри на квадратен метар. Во другите делови на Атина, според истите податоци, количината дожд е меѓу 15 и 35 литри на квадратен метар, во зависност од населбата. Вчера попладне од периферијата Атика соопштија дека сите училишта ќе останат затворени, додека пак префектот Никос Хардаљас истакна дека за одлуката ги зеле предвид научните податоци во соработка со цивилната заштита, а „безбедноста на децата е приоритет за кој не се преговара“, додека од Министерството за образование на Грција објаснија дека учениците ќе следат онлајн настава. Дополнително, од Министерството за внатрешни работи, надлежно за јавниот сектор информираа дека доколку поради времето државните службеници не се во можност да дојдат на работа, можат да останат дома. Во повеќе делови на Атина, вчера имаше поплавени улици, на неколку булевари утрово во прекин е сообраќајот, проблеми има и на автопатот кон Коринт, додека пак најсериозна е ситуацијата во западните предградија на Атика, Неа Перамо, Мегара и Мандра област во која големи поплави имаше и во 2017 година. Рано утрово, жителите на конкретните предградија добија порака од бројот 112 за итни случаи да се оддалечат од подрумски и приземни простории на зградите и да се префрлат на повисоки катови. Пораки од 112 со предупредување за невремето и апел да избегнуваат непотребни движења добија и сите оние кои се во делови на Пелопонез, во северна и централна Грција, во областа Атија, на островите Евија, Хиос, Самос, Икарија, Крит, како и на Додеканез и Кикладските острови. Екстремните временски појави, предизвикани од невремето „Бајрон“ се очекува во Грција да траат до утре наутро.Тагови: грција невреме Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
БалканСудир меѓу цистерна и комбе кај аеродромот Никола Тесла во БелградВо тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 5:30 часот, на два километри од аеродромот „Никола Тесла“ во правец кон Белград, има повредени.Според првичните неофицијални информации, во несреќата учествувале цистерна и комбе. Возачот на цистерната останал заглавен во кабината. Набргу, со помош на пожарникари и спасувачи, тој бил извлечен од кабината и пренесен во Ургентниот центар. Повреден е и 40-годишен маж, кој со тешки повреди е пренесен во болницата во Земун, како и 36-годишен маж, кој управувал цистерна. Сообраќајот на овој дел од патот се одвива отежнато. Според првичните информации, цистерната превезувала цемент и нема опасност по здравјето на луѓето или по животната средина.Тагови: сообраќајна несреќа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветАјзенкот доби мандат за формирање нова влада во ИзраелПоранешниот шеф на израелската војска Гади Ајзенкот доби мандат за формирање нова влада.Мандатот му го додели претседателот Исак Херцог, по изборите на 27 октомври. Изборните резултати не обезбедија мнозинство ниту за Ајзенкот ниту за премиерот Бенјамин Нетанјаху. Ајзенкот најави дека ќе се обиде да формира широка национална влада што е можно побрзо.меѓу опциите се коалиција со арапските и ултраортодоксните партии или влада на единство со Нетанјаху. Тој оцени дека на Израел му е потребно ново политичко лидерство.Како главни предизвици ги посочи заканите од Иран, состојбата во Газа и односите со Либан. Ајзенкот најави дека ќе ги повика сите партии кои ги прифаќаат неговите политички принципи.Сепак, формирањето парламентарно мнозинство се соочува со сериозни Пречки.преговорите за формирање нова влада може да траат до шест недели.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкцииСДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции, а сега со Алта банка нема да се дозволи граѓаните да бидат оштетени.СДС и Венко Филипче продолжуваат со ширење манипулации во врска со случајот за Алта банка. Дека немаат познавања од банкарскиот сектор, се гледа по тоа што не прават разлика меѓу Еуростандард и Алта банка, затоа што се два случаи во кои правната основа не е иста. Во 2019 година дозволиле од Венецуела, која тогаш беше под меѓународни санцкии да се слеат 110 милиони евра во фирми блиски до Заеви. Парите биле префрлани преку нерезидентни сметки на фиктивно отворени фирми во Скопје, а сопствениците биле латиноамерикански државјани, а дел од тие пари оделе и преку руски банки. Фирмите блиски до Заеви оствариле добивка од скоро 13 милиони евра оти не плаќале кредити, на штета на сите други штедачи во банката. Една од тие фирми била фирмата Сара инженеринг ДОО Струмица, тогаш на Вице Заев, а на која сега директор е Стојан Коциров. Коциров е член на ЦО на СДС, директно назначен од Филипче. Фирмата е должник на УЈП за нецелосно исплатени даноци. За Алта банка надлежните беа транспарентни во врска со целиот случај и кажаа дека работат на решавање на проблемот. Но се чини дека на СДС не им е јасно. Гувернерот јасно посочи дека банката е ликвидна, па оттука, согласно Законот за банки, Народна банка има законска можност да назначи привремени управители кои ќе вршат контрола врз работењето на банката, вклучително и врз продажбата на акции и имотот, како и врз одливите на средства во странство. Целта на овие мерки е да се заштити имотот на банката додека не се најдат купувачи за акциите, а со тоа и да се заштитат интересите на граѓаните. Филипче и талогот од СДС со своите постапки во врска со Алта банка треба да одговараат согласно член 315 од Казнениот законик. Ама очигледно не им е познат членот, затоа ќе им го објасниме. Член 315 од Кривичниот законик предвидува затворска казна за лица кои со намера ја загрозуваат безбедноста или уставниот поредок и предизвикуваат значителна штета. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter