Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“
1Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“
МакедонијаЗатворен за сообраќај експресниот пат Прилеп-ГрадскоЕкспресниот пат Прилеп-Градско е затворен за сообраќај, а возилата се пренасочуваат преку автопатот Велес-Градско, информира АМСМ.Патот е затворен од 15:30 часот.Тагови: сообраќај Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“Во Тиват денеска се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на Европската унија и Западен Балкан“, при што главен акцент ќе биде ставен на процесот на проширување на унијата.Инаку Германија и Франција испратија нон-пејпер во кој предлагаат постепена интеграција на земјите од Западен Балкан со самитот ќе претседава Антонио Кошта, кој во изминатиот период ги посети земјите од регионот. Домаќин на настанот е претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп за средба меѓу Путин и Зеленски?; „Не знам...“ Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, синоќа изјави дека би било „одлично“ претседателите на Русија и Украина да се сретнат и да постигнат договор за прекин на конфликтот.Коментирајќи го отвореното писмо на украинскиот претседател Володимир Зеленски за можна средба со рускиот претседател Владимир Путин, Трамп рече дека ја поддржува идејата за директен дијалог. „Не знам. Мило ми е што можеби ќе разговараат за средба. Мислам дека имаме многу врска со тоа. Мислам дека би било одлично ако се сретнат - треба да го сторат тоа“, им рече Трамп на новинарите во Белата куќа, според Скај њуз. Тој потсети дека претходно ја поддржувал идејата за трилатерален состанок, на кој би учествувале тој, Путин и Зеленски. Претседателот на Украина синоќа испрати отворено писмо до претседателот на Русија, Владимир Путин, во кое вели дека Украина е подготвена за прекин на војната и директни преговори на ниво на лидери, а кратко потоа Кремљ соопшти дека Путин ќе биде информиран за писмото и дека Путин рекол дека ако Зеленски сака да разговара, може да дојде во Москва во секое време.Тагови: Владимир Путин Володимир Зеленски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЕУ го одобри почетокот на преговорите со земјите од Западен Балкан за укинување на роаминготЕвропскиот совет соопшти дека го одобрил почетокот на преговорите со Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Косово и Црна Гора, и за вклучување во моделот „роаминг како дома“, односно укинување на роамингот со земјите од Западен Балкан.Моделот „Роаминг како дома“ ќе им овозможува на корисниците од шесте земји од Западен Балкан да остваруваат телефонски повици, да испраќаат пораки и да користат мобилен интернет додека патуваат во странство без да плаќаат дополнителни трошоци за роаминг, под истите услови како и дома.по денешната одлука, Европската комисија ќе започне преговори со секоја од шесте земји на Западен Балкан. Пред да се вклучат во зоната „роаминг како дома“ секоја од земјите треба да спроведе законски измени и целосно да се усогласи со европското законодавство во областа на телекомуникациите. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски неодамна изјави дека укинувањето на роамингот меѓу Европската унија и Западен Балкан зависи од динамиката на унијата, а според оптимистичко сценарио, тоа би можело да се случи на 1 јануари 2027 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter