Ова значи дека сите шест реакторски единици сега се во состојба на ладно исклучување. Во текот на постапката не излезе радиоактивност, напиша раководството на институцијата на Телеграм.
„Работите се извршени строго во согласност со сите оперативни стандарди“, потенцира раководството што го постави Русија.
Најголемата нуклеарна централа во Европа, со капацитет од речиси шест гигавати, беше окупирана од руската армија набргу по инвазијата на Украина од страна на Кремљ во февруари 2022 година.
Беше интензивно минирана и неколку пати беше изложена на оган, предизвикувајќи меѓународна загриженост за можна нуклеарна несреќа. Двете завојувани страни постојано се обвинуваа меѓусебно дека се обидуваат да предизвикаат инцидент во електраната, која беше затворена во септември 2022 година поради опасноста.
Но, еден блок работел неколку пати во топла состојба, што значи дека реакторот не произведува струја, туку пареа која се користи за потребите на електраната. Ладната состојба се смета за најбезбедна бидејќи блоковите се спуштаат на низок притисок и се ладат со вода.