Затегнете ја кожата за неколку секунди - Канал 5

Затегнете ја кожата за неколку секунди

 – Помладо и поблескаво лице за момент, а нема да ве чини ништо! 

Затегнете ја кожата за неколку секунди

Многу дами се обидуваат да го пронајдат еликсирот на младоста во скапите третмани и креми за лице. Џенифер Анистон неодамна откри која нега на лицето ѝ помага за да изгледа помладо во шестата деценија од животот.

Негата на кожата е основен предуслов за младешки изглед. Постојат бројни начини за одржување на убава, сјајна и затегната кожа дури и во позрелите години, од естетски интервенции до прескапи креми и третмани. Сепак, постојат и неколку едноставни трикови кои нема да ве чинат апсолутно ништо.

Познатата холивудска актерка Џенифер Анистон, откри дека има многу едноставен трик за убавина и го користи со децении секое утро по станување. Инаку, таа изгледа двојно помладо иако има 55 г.

Џенифер повеќепати нагласи дека воглавно користи природни креми за лице и вазелин, но исто така користи и една утринска рутина, за која верува дека ѝ помага да остане младолика. Токму овој нејзин совет е испробан на социјалните мрежи.

На Инстаграм кружи видео со едноставен трик, за кој се верува дека за момент може да ја подмлади кожата на лицето за 10 години. Најдобро од сè е што нема да ви требаат пари бидејќи не чини апсолутно ништо. Како што можете да видите на видеото, сè што ви е потребно е длабок стаклен сад со ладна вода и коцки мраз. Потребно е во него да го потопите лицето и да го држите неколку секунди. Порите ќе се затворат, кожата ќе се хидрира и ќе стане сјајна, затегната и мазна. За постигнување на целосен ефект, користете го ова секое утро.

На овој начин веднаш ќе се ослободите од подуеноста на лицето по станување, ќе ги измазните брчките и ќе се разбудите.

Како што истакнала Џенифер во едно интервју, таа се мие со ладна вода. За оние кои миењето со толку ладна вода е неиздржливо, стручните лица за убавина и нега на кожата советуваат одлична замена. Може да завиткате коцка мраз во памучна крпа и полека со неа да поминете преку лицето. Исто така, оваа техника е одлична за ублажување на мозолчињата.

- Студот помага да се ослободите од вишокот вода во лицето преку лимфна дренажа, така се намалува отокот на лицето. Употребата на мраз под очите може да помогне во ослободување на акумулираната течност и дренирање на токсините, така ќе предизвикате ефект на затегнување, објаснува дерматологот Лори Скаро.

Исто така, таа советува да не се нанесува мраз директно на лицето, бидејќи студот може да ја иритира вашата кожа.

Извор: srecna.republika.rs

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уште еден успех на НУ Народен театар Битола, преполна сала за „Кориолан“ во Полска

Синоќа во преполната сала на театарот во Бјалисток, Полска, Народниот театар Битола ја изведе „Кориолан“ како дел од јубилејното 10. издание на меѓународниот театарски фестивал „Direction East“.

Уште еден успех на НУ Народен театар Битола, преполна сала за „Кориолан“ во Полска

Делото од Вилијам Шекспир, во режија и адаптација на Џон Блондел, и овојпат го привлече вниманието на публиката која ги награди актерите со долготрајни и стоечки аплаузи.

Секое гостување надвор од границите на нашата земја е повеќе од сценски настап – тоа е можност македонската култура да биде видена, слушната и препознаена. Секое учество на фестивал од меѓународен карактер отвора простор за размена на уметнички искуства, нови професионални контакти и идни соработки, а воедно го потврдува местото на Народниот театар Битола во современиот европски театарски простор.

„Токму преку ваквите гостувања, театарот станува културен амбасадор на својата земја – носејќи ги со себе јазикот на уметноста, креативноста на нашите уметници и приказните што ги поврзуваат различните култури“, истакнуваат од НТБ.

Оваа изведба во Полска, следуваше по гостувањата на „Охридско лето“, Shakespeare Fringe Festival во Верона и „Magical Nights in Butrint“ во Саранда.

Современата адаптација на безвременската трагедија на Вилијам Шекспир отвора актуелни прашања за власта, политичката одговорност и односот меѓу поединецот и општеството. Во претставата играат: Васко Мавровски, Петар Горко, Марјан Георгиевски, Борче Ѓаковски, Петар Спировски, Јулијана Мирчевска и Сандра Грибовска Илиевска. Асистент на режија е младиот уметник и режисер Дамјан Димовски, сценографијата и костимите се на Благој Мицевски, дизајн на светло: Џонатан Хикс, светло мајстор: Горан Петровски, музика: Александар Димовски, видео: Владимир Переловски, инспициент: Оливер Петровски. Суфлер: Мирјана Христовска.

Од Битола кон европските сцени – и овојпат со гордост НТБ го претстави македонскиот театар и понатаму продолжува да гради мостови преку уметноста.

Фото: Ивона Кочов

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода две лица при претрес во Прилеп, пронајдена дрога

На 16.10.2026 во 14:17 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишија од слобода И.П.(22) и С.Т.(19) двајцата од Прилеп. 

Лишени од слобода две лица при претрес во Прилеп, пронајдена дрога

Имено, врз основа на Наредба од Основен суд Прилеп, полициските службеници извршија претрес во домот на И.П., од Прилеп при што пронајдена и одземена е марихуана, а затекната била и С.Т., кај која при преглед била пронајдена прашкаста материја. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Акциска контрола за брзо возење – за шест часа констатиран 541 прекршок

За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.

Акциска контрола за брзо возење – за шест часа констатиран 541 прекршок

На 15.10.2026 година, во периодот од 14:00 до 20:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола насочена кон санкционирање на возачите кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната.

При спроведената контрола констатиран е вкупно 541 прекршок, од кои 250 се однесуваат на возачи кои ја пречекориле дозволената брзина надвор од населено место, додека 291 прекршок е констатиран во населено место.

Во текот на контролата констатирани се и 58 прекршоци од друг вид.

За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.

Министерството за внатрешни работи продолжува со зајакнатите сообраќајни контроли на целата територија на државата и апелира до возачите да ги почитуваат ограничувањата на брзината и да го приспособат управувањето со возилата на условите на патот, со цел поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер