Застрашувачка фотографија која на фотографот му донесе Пулицерова награда но и смрт! - Канал 5

Застрашувачка фотографија која на фотографот му донесе Пулицерова награда но и смрт!

Оваа фотографија на прегладнето дете кое со последните сили се обидува до стигне до местото каде што се дели храна во Судан, додека зад него мирно стои и чека мршојадец, на фотографот Кевин Картер му донесе Пулицерова награда а кусо потоа и смрт.

Застрашувачка фотографија која на фотографот му донесе Пулицерова награда но и смрт!
Неверојатно болна е приказната која стои зад фотографијата и која го следи човекот кој ја видел и фотографирал оваа мачна глетка . Фотографијата е направена во 1993 година во Судан. Објавена е во Њујорк тајмс во март истата година. Во април 1994 година јужноафриканскиот фотограф Картер за оваа фотографија ја доби Пулицеровата награда а три месеци подоцна се самоуби!



Кога ја направил потресната фотографија на која се гледа прегладнето девојче кое со последните сили се обидува да стигне до местото каде се дели храна, а кое било на оддалеченост од 5 минути одење, додека зад него мирно чека мршојадец, Кевин објаснил дека фотографирал и си заминал, бидејќи бил предупреден да не ги допира децата во Судан поради опасност од зарази.

Стотици луѓе по објавувањето на фотографијата во Њујорк тајмс се јавиле да прашаат за судбината на девојчето. Весникот објавил дека не се знае дали таа успеала да дојде до центарот за делење храна.

Жоао Силва, португалски фотограф кој бил со картер во Судан, во интервју за јапонскиот новинар Акио Фуџивара, подетално и малку поинаку ја објаснил ситуацијата. Тој изјавил дека во Судан виделе повеќе слични застрашувачки глетки од прегладнети деца кои кусо биле оставани од родителите во моментите кога се дели храна за да го земаат својот дел, а мршојадците се собирале поради остатоците од таа храна. Наводно Картер по фотографирањето ја избркал птицата. Но и Силва нема одговор за судбината на фотогрфаираното девојче.

Во јули 1994, само три месеци откако Картер ја добил Пулицеровата награда за фотографијата, се задушил во својот автомобил поврзувајќи црево со ауспухот на автомобилот кое потоа го провлекол над седиштето. Имал само 33 години. Оставил проштална порака со содржина:

„ Многу ми е жал. Болката на животот ја надминува среќата до точка во која таква среќа воопшто не постои. Во депресија сум, без телефон, без пари за кирија, за издршка на децата, за долгови, без пари. Ме прогонуваат јасните сеќавања на убиствата, мртвите тела, лутината, болката, прегладнетите или ранети деца, вооружените лудаци, полиција, убијци на убијците... Одам да му се придружам на Кен ако имам среќа“.

Кен Остербек бил негов колега.

Деведесеттите години од 20-от век се еден од најтешките периоди во историјата на Судан, кога над 70 000 луѓе умреа од глад.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рафаел Надал предлага револуционерни промени во тенисот

Рафаел Надал предлага револуционерни промени во тенисот, не можев да го кажам тоа кога играв, но сега можам. .

Рафаел Надал предлага револуционерни промени во тенисот

Легендарниот шпански тенисер Рафаел Надал смета дека е време за темелна реформа на системот на АТП-бодови – промена која би им овозможила на играчите повеќе време за одмор и за закрепнување од повреди.

Во интервју за „Асошиејтед прес“, освојувачот на 22 гренд слем титули зборуваше за сè понапорниот тениски календар, физичкиот товар врз играчите и проблемите што произлегуваат од сегашниот систем на рангирање.

Неговиот предлог е прилично радикален: наместо бодовите да се пресметуваат врз основа на резултатите постигнати во претходните 12 месеци – како што е случајот сега – АТП-рангирањето би требало да ги опфаќа резултатите од последните две години.

Според Надал, сегашниот систем создава дополнителен притисок врз тенисерите, бидејќи тие се обврзани да ги бранат поените освоени во текот на претходната сезона. Како резултат на тоа, играчите често се враќаат на теренот пред целосно да заздрават, плашејќи се од значителен пад на ранг-листата.

„Систем за рангирање заснован на резултатите од последните две години, наместо само од една, би им дал на играчите поголема слобода за носење подобри одлуки. Исто така, доколку дојде до повреда, би имале повеќе време за закрепнување, без притоа нивната позиција на ранг-листата толку нагло да опаѓа“, објасни Надал.

Шпанецот смета дека една таква промена би им помогнала на тенисерите подобро да ги планираат своите сезони и да избираат турнири, без постојано да чувствуваат обврска да настапуваат само за да ги заштитат своите поени.

Поранешниот светски број еден, исто така, ја критикуваше одлуката повеќето турнири од серијата „Мастерс 1000“ да се продолжат на речиси две недели. Седум од деветте турнири во оваа категорија сега траат 12 дена, додека Монте Карло и Париз го задржаа својот традиционален еднонеделен формат.

„Мислам дека продолжувањето на речиси сите турнири од серијата ’Мастерс 1000‘ на две недели беше грешка“, заклучи Надал.

Неговите предлози повторно ја разгореа дебатата за тоа како да се најде рамнотежа помеѓу комерцијалниот развој на тенисот, сè понапорниот календар и здравјето на тенисерите. Сепак, засега, ова остануваат само предлози на Надал, а не најавени промени во правилата на АТП.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Се размислува патарините да се отстранат, а плаќањето да се врши на современи технолошки начини

Се размислува патарините да се отстранат, а плаќањето да се врши со современи технолошки начини, ова утринава го соопшти министерот за транспорт Александар Николоски.

Николоски: Се размислува патарините да  се отстранат, а плаќањето да се врши на современи технолошки начини

Се размислува патарините да се отстранат, а плаќањето да се врши со современи технолошки начини, ова утринава го соопшти министерот за транспорт Александар Николоски кој рече дека вчера се сретнал со новиот претседател на европската транспортна заедница

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова: Уставот е закон над законите и најважниот општествен договор на граѓаните, за каков пишува Русо

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчера се обрати и учествуваше на панел-дискусијата на настанот по повод 35-годишнината од осамостојувањето и донесувањето на првиот Устав.

Сиљановска-Давкова: Уставот е закон над законите и најважниот општествен договор на граѓаните, за каков пишува Русо

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчера се обрати и учествуваше на панел-дискусијата на настанот по повод 35-годишнината од осамостојувањето и донесувањето на првиот Устав, во организација на Собранието, ЈНУ Институт за национална историја и Државен архив.

Навраќајќи се на креирањето на Уставот од 1991 година, во чие подготвување учествувала како надворешна членка на тогашната Комисија за уставни прашања, Сиљановска-Давкова ја нагласи огромната посветеност на членовите на Уставната комисија, но и на сиот прв пратенички состав, на најважната политичка задача пред нив, истакнувајќи ја толерантната дебата на неистомислениците, односно приврзаниците на националниот и граѓанскиот концепт.

И покрај тензичната предвоена атмосфера на југословенските простори, присуството на Југословенската народна армија на македонска почва и кусите рокови за донесување на Уставот, таа ја оцени постапката за донесување на уставот како демократска, инклузивна и транспарентна, а најголемиот дел од решенијата како стандардни. За особено важни ги смета темелните вредности на уставниот поредок и слободите и правата на човекот и граѓанинот, што беше потрдено и од Бадинтеровата комисија во 1992 година, а има забелешки на начинот на којшто е поставена поделбата на власта, на положбата и надлежноста на Уставниот суд, на решението за воена и вонредна состојба и на локалната самоуправа.

Што се однесува до уставноправниот развој, таа укажа дека дури 21 од 36 амандмани се иницирани однадвор, во духот на state building, а делот што му претходи на Уставот е менуван два пати, по што оперира со синтагмата „делови од народи“ што не соодветствува на категоријата заедници, воведена со амандманите од 2001 година во нормативниот текст.

За неа, амандманите се напишани со невоедначена и лоша уставнопрвна техника, што ги прави нејасни и тешко неразбирливи, а преамбулата – целосно нечитлива.

Честите промени, а особено октроираните, го проблематизираат уставот како највисок закон и како најширока и најважна општествена повелба на граѓаните во смисла на Русоовиот „Општествен договор“ и го релативизираат и маргинализираат уставниот патриотизам за којшто пишува Јирген Хабермас.

Претседателката му предложи на претседателот на собранието да се инспирира од успешното искуство на Првата уставна комисија и да ја прошири постојната со надворешни членови – експерти кои заедно со членовите од актуелниот пратенички состав континуирано ќе работат на анализа на спроведувањето на уставот, детектирање на проблемите во уставниот поредок и предлагање излезни решенија, вклучувајќи ја и подготовката на делот од уставот за односот меѓу националното и европското право.

На крајот, Гордна Сиљановска-Давкова укажа на уникатноста на европската идеја и на демократскиот европски политички систем, а особено на важноста на почитувањето на принципите и вредностите содржани во европските уставни документи, без коишто ЕУ не може да биде филозофија, туку само политичка и бирократска машинерија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер