ЗабаваЗаспал во метро, а потоа почувствувал како нешто го допира (видео)Еве ја реакцијата на мажот кога ќе сфати што се случува! На налогот „Subway Creatures“ на Тикток се објавуваат видеа од случки што настанале во метроата низ Америка. Така, неодамна, на овој налог е објавено видео од еден маж кој со метро се враќал од работа, па видно уморен заспал за време на возењето. Мажот спиел доволно длабоко и не немал поим што се случува околу него. Имено, во метрото влегол стаорец барајќи плен. На снимката се гледа како стаорецот почнува да се качува по ногата на мажот и се шета по неговото тело. Дури откако стаорецот почнува да се вовира под облеката на несреќниот маж, тој се буди. Мажот се стаписува од страв неколку секунди, а потоа сфаќа дека по него шета огромен стаорец. Човекот се обидува да се одбрани од големиот глодар. Снимката со оваа непријатна ситуација собрала преку 40.000 „лајкови“, а ова се дел од коментарите: - Мислам дека би умрел од страв доколку ми се случи ова - - Ужасна сцена, никому да не му посакаш - - Верувам дека во Њујорк се навикнати на вакви сцени, често се случуваат – - Мислам дека би летнал низ прозорецот кога би видел стаорец – гласат дел од многуте коментари под објавеното видео. Според она што може да се види на овој налог на Тикток, сцената со стаорецот можеби е една од побезопасните во споредба со оние од другите видеа. @subwaycreaturesofficial That reaction wasn’t urgent enough for me 😱😂 #subwaycreatures #fyp #foryoupage #iloveny #subway #nyc #rat #rats ♬ original sound - SubwayCreatures Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри18:18Убиство во Скопје: Син со нож го убил татко си кој претходно ја нападнал неговата мајка10:58
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Македонската дијаспора е жртва на блокадата на СДС, Левица и ДУИ Блокадите што СДС, Левица и ДУИ ги спроведуваат во Собранието се насочени директно против граѓаните.Најголема жртва на нивната неодговорна политика е македонската дијаспора, која повторно е ставена во втор план поради теснопартиски интереси на СДС Левица и ДУИ. СДС, Левица и ДУИ со нивните опструкции на законските решенија што треба да ги олеснат административните процедури и да ги подобрат услугите за нашите иселеници, јасно покажуваат дека политичките пресметки им се поважни од потребите на стотици илјади македонски граѓани кои живеат и работат надвор од државата. Македонската дијаспора со години дава огромен придонес за развојот на државата. Таа инвестира, помага на своите семејства, отвора можности за нови економски врски и ја промовира Македонија низ светот. Наместо да им се овозможат побрзи, поефикасни и подостапни услуги, СДС, Левица и ДУИ одлучија да ги блокираат процесите за олеснување на гласањето и носењето на новиот Изборен законик. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто определена да работи во интерес на сите македонски граѓани, без разлика дали живеат во татковината или надвор од неа. Нашата цел е модерна, ефикасна и достапна администрација која ќе биде вистински сервис за дијаспората. Ги повикуваме СДС, Левица и ДУИ да престанат со деструктивните блокади и конечно да покажат чувство на одговорност. Интересите на македонската дијаспора не смеат да бидат заложник на дневнополитички калкулации. Македонија има обврска да ги поврзува своите граѓани, а не да дозволи некој да ги оттурнува поради политички мотиви. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри18:18Убиство во Скопје: Син со нож го убил татко си кој претходно ја нападнал неговата мајка10:58
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
МакедонијаСДСМ: Мицкоски да им се извини на граѓаните на Македонија за своето однесување во СобраниетоХристијан Мицкоски смета дека едно срамно изговорено, изнудено „извинете“ во празна собраниска сала може да ги измие сите досегашни навреди кон граѓаните. Не може! Не може да ги нарекуваш граѓаните „талог на општеството“, „глодари“, „медиокритети“, „мекотели“ па потоа заедно со својот прв соработник Иван Стоилковиќ да пцуе пратеници во Собранието. Такво однесување не доликува на универзитетски професор. Тоа е срамота и за универзитетот и за собранието и за државата. Вакво однесување на еден премиер досега не е видено во ниту една нормална држава. Спуштањето на ова ниво не може да се оправда со ништо, а најмалку со губењето на поддршката од граѓаните и со падот на личниот рејтинг - кој пак самиот си го предизвика со своите секојдневни лаги. Мицкоски не им се извини на граѓаните. Тој се обиде да прикаже дека се извинува на пратениците, во момент кога салата беше празна, со цел да создаде привид на „исправка“. Но граѓаните не се наивни. Вистинското извинување значи признавање на грешката. Досега од Мицкоски видовме само театар. Граѓаните заслужуваат почит. А не навреди од премиерот на државата. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветДва силни земјотреси регистрирани во Мексико Два земјотреса, со јачина од 5,0 и 4,0 степени според Рихтеровата скала, денеска го погодија Мексико, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).Епицентарот на посилниот земјотрес бил на длабочина од 80 километри, на југот од земјата, недалеку од брегот на Пацификот. Досега нема извештаи за повредени или материјална штета. Според сведоштвата објавени на веб-страницата на EMSC, земјотресот се почувствувал силно, а во некои куќи се треселе масите.Тагови: земјотреси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter