Јаневска во Брисел: Ја стимулиравме националната научно – истражувачка дејност, сега работиме на регионално и глобално поврзување
Герасимовски: 24 лични асистенти во училиштата во Центар, платата покачена од 15.000 на 18.000 денари
1Јаневска во Брисел: Ја стимулиравме националната научно – истражувачка дејност, сега работиме на регионално и глобално поврзување
2Герасимовски: 24 лични асистенти во училиштата во Центар, платата покачена од 15.000 на 18.000 денари
МакедонијаЗасилени сообраќајни контроли за лесни електрични возила и мотоцикли - констатирани 185 прекршоциВо текот на контролата констатирани се и 443 прекршоци од друг вид.Вчера (10.09.2026), Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи, во периодот од 17:00 до 21:00 часот, спроведе засилени акциски контроли на целата територија на државата за санкционирање на прекршоците што ги чинат возачите на лесни електрични возила, велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли. Во рамки на засилените контроли, констатирани се 152 прекршоци кај возачите на велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли, при што најголем дел, односно 120 прекршоци, се однесуваат на некористење заштитен шлем. При контролата на лесните електрични возила констатирани се 33 прекршоци најголем број поради некористење велосипедска патека, велосипедска лента или патека наменета за велосипедисти. Од вкупниот број прекршоци, најголем дел се констатирани на подрачјето на СВР Битола – 45, потоа СВР Тетово – 26, СВР Велес и СВР Струмица по 25, СВР Охрид – 20, СВР Штип – 13, СВР Скопје – 12, СВР Куманово – 10 и девет од Мобилната единица за безбедност во сообраќајот. Во текот на контролата констатирани се и 443 прекршоци од друг вид. Поднесени се и пет кривични пријави по член 297-а од Кривичниот законик. За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки и изречени се санкции согласно законските прописи. Министерството за внатрешни работи продолжува со засилени сообраќајни контроли со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот и доследно почитување на сообраќајните правила и прописи.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈаневска во Брисел: Ја стимулиравме националната научно – истражувачка дејност, сега работиме на регионално и глобално поврзување Направивме многу за да ја раздвижиме научно – истражувачката дејност на национално ниво. Главно постигнување е тоа што од индивидуални иновациски иницијативи, направивме добро организиран национален иновациски екосистем. За краток период двојно го зголемивме буџетот за наука, воспоставивме нова стратешка рамка и подготвивме нови законски решенија, а ја модернизиравме и националната истражувачка инфраструктура. Сега сме ориентирани кон поврзување со регионалните и глобалните истражувачки мрежи. Ова го нагласи министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на денешниот министерски состанок на Управувачката платформа за истражување и иновации за Западен Балкан што се одржува во Брисел, во организација на Европската комисија. „Формиравме Национален совет за иновации, претприемништво и технолошки развој, кој е одговорен за координација на националните активности и иницијативи, а основавме и посебна Агенција за иновации, научно - технолошки развој и претприемништво, која ќе го олесни пристапот до средства и услуги за компаниите, истражувачите и иноваторите“, рече Јаневска. Информираше дека Македонија има 7 центри за трансфер на технологии, 5 технолошки инкубатори и еден приватен научно-технолошки парк, а во процес на основање се виртуелен научно – технолошки парк и првиот технолошки парк под целосна надлежност на државата. Јаневска додаде и дека проектот ВЕЗИЛКА пак е првата национална контактна точка во европската мрежа на фабрики за вештачка интелигенција. „Тековен главен фокус е намалување на одливот на мозоци и создавање услови за задржување на младите истражувачи во земјата каде се очекува да го реализираат својот личен потенцијал“, рече министерката, потенцирајќи дека земјите од Западен Балкан се соочуваат со слични предизвици во областа на науката и истражувањето и идентични можности за подеднакво да придонесат кон регионално справување со истите. „Имаме национални стратегии за паметна специјализација и заедно со Планот за раст и реформска агенда сметам дека се најважните документи чие исполнување дополнително во голема мера ќе ја стимулира науката и истражувачката дејност на регионот, но и ќе ја зголеми продуктивноста и економскиот раст на сите земји од Западен Балкан“, додаде Јаневска. Заедно со повеќе министри за образование и наука од регионот, Јаневска учествуваше во дебата за креирање политики насочени кон поддршка на иновации и дебата за добри практики во истражувањето, а подоцна во текот на денот ќе оствари и билатерална средба со европската комесарка за стартапи, истражување и иновации, Екатерина Захариева.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски: 24 лични асистенти во училиштата во Центар, платата покачена од 15.000 на 18.000 денариОпштина Центар ангажира 24 лични асистенти за ученици со посебни образовни потреби во рамки на проектот „Образование за сите“. Од оваа година, месечниот надоместок за нивниот ангажман се зголемува од 15.000 на 18.000 денари.Личните асистенти работат 20 часа неделно и им помагаат на учениците полесно да се приспособат на училишната средина и да учествуваат во образовниот процес. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, посочи дека инклузивното образование не смее да остане само на декларативни заложби, туку мора да се поткрепи со конкретна поддршка за децата на кои им е потребна. Тој нагласи дека, додека Министерството за образование се соочува со проблемот со недостигот од образовни асистенти, Центар продолжува самостојно, од сопствен буџет да вложува средства и обезбедува поддршка за учениците. „Не е доволно власта да зборува за инклузивно образование ако на терен сè уште има недостиг од стручни лица во оваа област Поддршката мора да биде реална, достапна и континуирана. Ние сме единствена општина што самостојно, од сопствениот буџет, го спроведува проектот „Образование за сите“. Не чекаме проблемите да се решат сами, туку преземаме конкретни чекори за учениците да ја добијат потребната поддршка. Годинава го зголемуваме и надоместокот за личните асистенти затоа што го цениме нивниот ангажман и значењето што го имаат за децата, родителите и наставниците“, порача Герасимовски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаРуските бродови пристигнаа: Велика Британија во шок Руски рибарски бродови поминале повеќе од 500 пати преку или долж трасите на подводните комуникациски кабли што ја поврзуваат Велика Британија со Европа и САД, што би можело да укажува на обиди за мапирање на нивната точна локација, пишува „Телеграф.Британскиот весник наведе дека, врз основа на анализа на податоци собрани во текот на четири и пол години, биле идентификувани 17 бродови кои подолго време пловеле со мала брзина во близина на планираните траси за поставување кабли. Според весникот, некои од бродовите повторувале маневри над важни телекомуникациски врски во Северниот Атлантик. Извор од НАТО за „Телеграф“ потврди дека Алијансата е свесна за движењата на руските цивилни рибарски бродови, додека поморски експерти истакнаа дека пловилата што се движат со мала брзина можат да користат сонар за мапирање на морското дно, како и подводни возила за испитување на инфраструктурата. Британските власти предупредуваат на ризикот од напади врз подводните кабли, од кои зависат комуникациите и значителен дел од економската активност на земјата. Командантот на Кралската морнарица, Гвин Џенкинс, предупреди дека Русија би можела да ги нападне британските подводни комуникациски кабли уште првиот ден од евентуален судир со НАТО. Британската влада најави предлози за заострување на законот што се однесува на намерно оштетување на подводната инфраструктура, вклучително и зголемување на максималната затворска казна од пет на 14 години, при што се разгледува и можноста за воведување доживотен затвор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook