Длабоко под швајцарските Алпи се градат луксузни бункери за елитата- таму ќе се скријат во случај на опасност (ВИДЕО)
2Длабоко под швајцарските Алпи се градат луксузни бункери за елитата- таму ќе се скријат во случај на опасност (ВИДЕО)
3Харвард ќе плати 53 милиони долари- директорот на капелата продавал делови на тела, донирани на факултетот (ВИДЕО)
МакедонијаЗасилени инспекциски контроли во угостителските објекти по трагедијата во КочаниНедоволен број на ПП апарати и нефункционална хидрантска мрежа се дел од пропустите кои ги утврдиле инспекциите на ДЗС кај угостителските објекти ширум земјава. По трагедијата со пожарот во кочанската дискотека Пулс се актуелизираше прашањето за безбедноста но и спремноста за интервенција во случај на пожар. Од ДЗС велат дека работат со ограничени ресурси а голем дел од територијата на земјава не е покриен со инспектори. Пожарот во Пулс зголемен е бројот на вонредни инспекциски контроли. Најчесто се гледа ако има сериозни прекршувања на Законот за заштита и спасувања и Законот за пожарникарство. -По трагичниот настан во Кочани, се зголеми бројот на извршени вонредни контроли особено во угостителски објекти, не само во дискотеки и кабареа туку сите видови угостителски објекти. Лани од март до крајот на декември извршени се околу 1300 инспекциски надзори од кои 800 се вонредни. При вршењето на тие инспекциски надзори изречени се повеќе од 80 глоби и издадени се повеќе од 35 решенија за забрана за работа,- изјави – Живко Саврески – Помошник на генерален инспектор. Без инспектор на ДЗС, Кочани е од 2012. Информацијата за ваквата состојба беше споделена на последните судски рочишта за пожарот. Вчера инспектор сведочеше дека во Пулс утврдиле дека запечатена врата без квака, празен хидрант без црево и недоволен број на ПП апарати. Од ДЗС велат дека работат со ограничени ресурси а голем дел од територијата на земјава не е покриен со инспектори. -Немаме доволен број на инспектори. Моментално има 13 инспектори во 14 од вкупно 35 подрачни одделенија на ДЗС. Голем дел од територијата останува непокриена со инспектори- изјави – Живко Саврески – Помошник на генерален инспектор. Судењето за пожарот во дискотеката Пулс продлжува на 17 март, во меѓувреме почна и судската постапка за тројца обвинети полициски службеници. А за следниот месец се закажани рочиштата и за двата предмети со кои се опфатени 22 полицски службеници и инспектори. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАктивни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и МогилаИзутринава во земјава има пет активни пожари во Мариово кај село Чаниште, крак кон Црна Река и крак кон село Орле, во општините Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила.Пожарот во депонијата во општина делчево е ставен под контрола. А изгаснати се 31 пожар. Центарот за управување со кризи информира дека регистрирани се вкупно 37 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, еден е под контрола, а 31 пожар се изгаснати. Од УХМР најауваат топло време и температури до 39 степени. Апел од дирекцијата за заштита и спасување граѓаните да се посебно внимателни со фрлање отпуошци од цигари и работа со апарти кои предизвикуваат пожар и строго забрана за горење на стрништа..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДенеска одлука за „училишна кошничка“ Пред стартот на учебната година, Владата денеска повторно ќе ја донесе т.н. училишна кошничка.Од МОН брифираат дека планиран е состанок со трговците на големо и мало за училишен прибор, со цел да ги координираат активностите и да разговараат за цените пред почетокот на учебната година. Лани, мерката за училишна кошничка наречена „Помалку трошоци, повеќе за вас“ важеше од 15 август до 15 септември и со неа беше договорено намалување на цените на основниот прибор и тетратките на учениците за 10-15 проценти, со што, според пресметките на владта, семејствата заштедија по околу 1.500 денари по ученик.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗголемни пријави на граѓани со лажни СМС пораки за сообраќајни казниТрендот на лажни СМС- пораки со известување за наводни сообраќајни прекршоци и казни поврзани со системот„Безбеден град“ продолжува.Од МВР предупредуваат граѓаните да бидат внимателни со пораките кои содржат линк каде се бара да се внесат лични или банкраски податоци и да извршат плаќања на наводна казна.. Станува збор за обид за измама и прибирање на лични податоци, објаснуваат од МВР.. Од министерството посочуваат дека официјалните смс-пораки за прекршок се испраќаат од испраќачот „MVR-SC“. Во пораката треба да биде наведена регистарската ознака на возилото, а официјалниот линк треба да води кон доменот safecountry.mvr.gov.mk... .. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook